Галиште: село во Општина Кавадарци

Галиште — село во Општина Кавадарци.

Денес нема жители.

Галиште
Галиште во рамките на Македонија
Галиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Галиште
Местоположба на Галиште во Македонија
Галиште на карта
Координати 41°19′16″N 21°51′50″E / 41.32111° СГШ; 21.86389° ИГД / 41.32111; 21.86389
Регион Галиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Галиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кавадарци
Област Мариово
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1423
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11008
Надм. вис. 740 м
Галиште на општинската карта
Галиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Галиште во рамките на општината
Галиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Галиште на Ризницата

Географија и местоположба

Селото е сместено во источниот дел на областа Тиквешко Мариово, на надморска височина од 740 м. Има многу голем атар кој зафаќа површина од 52,1 км2. Се претпоставува дека во постаро време Галиште се наоѓало на друго место поради положбата на црквата „Св. Атанасиј“.

Околу возвишението на селото течат потоци кои подолу ја образуваат Галишка Река, која пак тече во јужен правец и завршува како притока на Црна на јужната атарска граница.

Историја

Подрачјето на Галиште е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во околината.

Меѓу околното население постои легенда за основањето и настанокот на името на селото, која вели дека во некое многу дамнешно минато во овој крај живееле тројца браќа: Гале кој заминал преку Трибор и го основал Галиште, Вито кој се населил и го основал Витолиште и Раде кој заминал преку Дрен Планина и го основал Радобил.

Следат османлиски пописни податоци за Галиште од XV и XVI век кои го покажуваат растот на селото според бројот на неговите домаќинства:

Статистички документ Домаќинства Неженети Вдовици Годишен приход
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. 4 152
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. 5 187
Дефтер бр. 73 од 1519 г. 26 4 1 1363
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. 37 1 1425
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. 30 5 1015

Во XIX век Галиште било чисто македонско село во Рожденската нахија (Мариово) на Тиквешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Галиште (Galischté) било село со 49 домаќинства, сочинети од 232 жители Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Галишта имало 700 жители, сите Македонци христијани.

За народните носии во селото мариовскиот војвода Васил Балевски напишал:

Носијата на мажите и жените е сосема поинаква од онаа во Река и Тиквешко. Таа е бела кај мажите со малку вез, а кај жените со многу вез, која достигнува до 5-6 оки волнена преѓа. Појасите на жените се волнени плетени остри како женска коса и долги. Опашувањето претставува еден многу дебел прстен околу половината, направен од многу плетеници. Над челото потстрижени (цулувци), а од кај ушите се долги потстрижени и се нарекуваат кркма. Вода носат на глава. Мажите си ги носат ризите над гаќите и се опашуваат со разнобојни појаси (кемери).


Стопанство

Галиште има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 4.011,7 ха шуми, 155,3 ха обработливо земјиште и само 16,7 ха пасишта.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948420—    
1953399−5.0%
1961418+4.8%
1971292−30.1%
198115−94.9%
ГодинаНас.±%
19912−86.7%
19942+0.0%
20020−100.0%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Иако порано било релативно големо село, Галиште почнало да се раселува во XX век, така што веќе по Втората светска војна имало значително помалку жители. Намалувањето на населението продолжило и понатаму, при што најдраматичниот пад се случил во 1970-тите, сведувајќи се од 292 жители во 1971 на само 15 жители во 1981 г. Во следните периоди имало по двајца жители, а според пописот од 2002 година, Галиште веќе немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 420 399 418 292 15 2 2 0 0


Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Археолошки наоѓалишта

Личности

  • Геле Галишки - Коџабашијата (? - 1904) — револуционер, тиквешки војвода на МРО

Иселеништво

Според истражувањата направени во 1920-тите, родови со потекло од Галиште има во следниве населени места во тиквешкиот и мариовскиот крај:

  • Бегниште: Кулевци (1 куќи)
  • Беловодица: Баба-Брезкинци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Царевиќ во 1910 г., а таму неговиот род е доселен од Галиште
  • Бојанчиште: Лазовци (1 куќа) доселени најпрвин во Полошко
  • Драдња: Дипиновци (6 куќи)
  • Праведник: Марчевци (4 куќи; наречени и Мијаилевци и Јуруковци), доселени во XIX век

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Галиште Географија и местоположбаГалиште ИсторијаГалиште СтопанствоГалиште НаселениеГалиште Културни и природни знаменитостиГалиште ЛичностиГалиште ИселеништвоГалиште НаводиГалиште Надворешни врскиГалиштеОпштина Кавадарци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Северна АмерикаАстероидна месечинаСтрофаМакедонскиМакедонски хумористични народни приказни (книга)МалтаСписок на македонски филмовиЗанаетПовикот на дивинатаМузикаПневмонијаКипарСолунМакедонциКоле ЧашулеОбединети нацииНадреден знакСоединети Американски ДржавиКлеткаРимска кујнаБогородицаПериоден систем на елементитеЦветнициКилаСрцева слабостПолитички системКалеш АнѓаПаризЛидија ДимковскаБрзина на светлинатаОпштина ЛипковоМухамедКочо РацинГеографска картаЧернобилска несреќаНедоразбирање (драма)Инфективна мононуклеозаПрисовјаниЃорѓи КолозовКлеопатраЕгејска МакедонијаЈосиф СталинСписок на културно наследство на МакедонијаАјкулаНиколај ГогољРоманијаТоше ПроескиМакедонски јазикОрхан (книга)Григор ПрличевРак на грлоМакедонци-муслиманиТромбоцитопенијаАлгиОпштина СтуденичаниБраќа МиладиновциПреспански договорДајреНАТОФилип II МакедонскиЦрно семе (роман)Ернест ХемингвејВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоАнгкор ВатИзет МеџитиДесница (политика)Отоманска МакедонијаЃорѓи СугаревОбединето КралствоМакедонска радио-телевизијаОпштина Чучер-СандевоОпштина ВрапчиштеПолицијаНационален парк МавровоУставен суд на МакедонијаРак на панкреасотНезависна Држава Македонија🡆 More