Бојанчиште: село во Општина Кавадарци

Бојанчиште — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Бојанчиште
Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото

Бојанчиште во рамките на Македонија
Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Бојанчиште
Местоположба на Бојанчиште во Македонија
Бојанчиште на карта
Координати 41°15′45″N 22°01′45″E / 41.26250° СГШ; 22.02917° ИГД / 41.26250; 22.02917
Регион Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кавадарци
Население 15 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11003
Надм. вис. 900 м
Слава Свети Врачи (во минатото)
Свети Архангел Михаил (денес)
Бојанчиште на општинската карта
Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Бојанчиште во рамките на општината
Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Бојанчиште на Ризницата

Географија и местоположба

Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото во Бојанчиште

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, чиј атар лежи на водоразделот помеѓу Црна Река и Бошавица. Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 25 километри.

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 31,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.292,6 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 429,1 хектар, а на обработливото земјиште отпаѓаат 418,3 хектари.

Селото е од збиен карактер со разредени краеви. Било поделено на Горно Маало (или Старо Село) и Долно Маало (или Зборштани).

Историја

Селото било христијанско од чифлички тип. Само мал дел од родовите се староседелци.

Во XIX век, Бојанчиште било село во нахијата Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Куќи во селото

Селото има мешовита земјоделска функција, но таа денес не е толку искористена.

Селаните повеќе живееле од сточарство, отколку од земјоделство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948545—    
1953508−6.8%
1961448−11.8%
1971282−37.1%
198193−67.0%
ГодинаНас.±%
199159−36.6%
199460+1.7%
200245−25.0%
202115−66.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бојанчиште имало 390 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бојанчиште имало 400 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Од селото се иселил значителен дел од населението и тоа преминало од средно во мало село. Во 1961 година броело 448 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 60 жители македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Бојанчиште имало 45 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 13 Македонци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 390 400 545 508 448 282 93 59 60 45 15

Родови

Како родови во Бојанчиште се споменуваат:

  • Старинци: Ризовци (3 к.), Каракашовци (4 к.), Лајчаровци (3 к.), Марковци (1 к.) и Богевци (4 к.)
  • Доселеници: Парапанци (3 к.) потекнуваат од дедо-Коле кој се доселил кон крајот на XVIII век од селото Полчиште во Мариово; Стојановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Витолиште во Мариово; Тодоровци (2 к.) доселени се од селото Клиново во Мариово; Пејовци (6 к.) доселени се од селото Долна Бошава; Атанасовци-Ѓошовци (3 к.) доселени се од селото Витолиште во Мариово; Аралинци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од околината на Лерин; Гацовци (1 к.) доселени се околу 1850 година од селото Конопиште; Оцковци (1 к.) доселени се околу 1860 година од селото Клиново во Мариово; Бошковци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Градиште; Лазовци (1 к.) доселени се од селото Полошко, а таму од селото Галиште; Видевци-Колевци (2 к.) доселени се од селото Конопиште; Ацовци (3 к.) доселени се од селото Градиште, а таму од селото Куманичево; Богевци (1 к.) доселени се од селото Клиново; Пројчевци (1 к.) доселени се од селото Клиново; Угриновци (1 к.) доселени се од селото Куманичево; Бошковци (1 к.) доселени се од селото Конопиште, а таму од селото Мрежичко; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Куманичево во 1920 година, уште подалечно потекло од селото Полчиште во Мариово; Кајчевци (1 к.), Џамбазовци (4 к.), Чипковци (3 к.), Гицаловци (1 к.), Шикуревци (1 к.), Кабрановци (2 к.), Палиќовци (1 к.), Чакревци-Дарамановци (6 к.), Чоклевци (1 к.), Гоџомановци (1 к.), Ѓорѓевци (1 к.), Димковци (1 к.), Рашевци (1 к.), Лапчевци (1 к.), Ѓуновци (1 к.), Афковци (1 к.), Самарџијовци (2 к.). и Рускуфци (4 к.) сите се доселени во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Мечовци (1 к.), Чечковци-Волчевци (2 к.) и Црпковци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Тушин во Меглен.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бојанчиште, во која се наоѓале селата Бојанчиште, Конопиште и Куманичево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Бојанчиште се наоѓале селата Клиново, Мрежичко и Рожден.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Бојанчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Богородица“

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0710 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бојанчиште, Клиново и Куманичево, кое е сместено во зграда на општината, поранешно основно училиште во селото Бојанчиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Градиште — утврдување од доцноантичкото време;
  • Лозата — населба од доцноантичкото време; и
  • Св. Атанас — населба и некропола од доцноантичкото време.
    Цркви
    Манастири
    Спомен-чешми
  • Спомен-чешма за партизаните од селото

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Бојанчиште Географија и местоположбаБојанчиште ИсторијаБојанчиште СтопанствоБојанчиште НаселениеБојанчиште Општествени установиБојанчиште Самоуправа и политикаБојанчиште Културни и природни знаменитостиБојанчиште ГалеријаБојанчиште НаводиБојанчиште Надворешни врскиБојанчиштеКавадарциОпштина Кавадарци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АтинаЧовекови праваДланкаСпартаЛоковВирусПолитички системЛетно сметање на времетоМакедонски пасошЛимфоцитСмртност на доенчињаЛимфен јазолКавадарциИменкаИндијаМарко ЦепенковСписок на македонски народни и староградски песниОхридКонтинентСтарецот и моретоРак на дојкаПиту ГулиПрочкаОпштина ВрапчиштеСписок на главни градови во светотСтрумички карневалРастенијаРибиМакедонски парламентарни избори (2008)Али АхметиПреспанско ЕзероСојуз на Ромите од МакедонијаШтипСловенијаПарадоксот на ДиогенДемографија на МакедонијаВодно растениеДијана (принцеза од Велс)СилаКрвен притисокАквилејаСрбијаСмртна казнаСписок на македонски писателиЗбогум Румелија (ТВ-серија)ФранцијаМозокИзет МеџитиПроизвод (математика)Донтов методСкратеници во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (2016)Катица ЌулавковаОпштина КочаниЖелезоЧовечко телоМечкин КаменОпштина ШтипГаличицаСреден векХипотензијаВелигденОдбивање (физика)СтрофаСтрумицаВагинален исцедокМјузиклХемиска индустријаПанонски легендиСписок на реки во МакедонијаОпштина Виница’Ржаново (Струшко)Марио ЛеминаЕмре БејСписок на електрани во Македонија🡆 More