Лерин: град во Егејска Македонија

Лерин (грчки: Φλώρινα, Флорина) — град во Леринскиот округ и негово седиште, северозападна Егејска Македонија, денес во Грција.

Претставува седиште на истоимената општина и има население од 17.907 жители.

Лерин
Φλώρινα
Поглед на Лерин кон северозапад
Поглед на Лерин кон северозапад
Лерин is located in Грција
Лерин
Лерин
Координати: 40°47′N 21°24′E / 40.783° СГШ; 21.400° ИГД / 40.783; 21.400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
Управа
 • ГрадоначалникЈанакис Василеос
Површина
 • Вкупна150,6 км2 (581 ми2)
Надм. вис.&10000000000000663000000663 м
Население (2011)
 • Вкупно17,686
 • Густина12/км2 (30/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.531 00
Повик. бр.23850
Рег. таб.ΡΑ
Мреж. местоcityoflorina.gr

Географија

Градот лежи во областа Пелагонија, недалеку од границата со Р Македонија. Сместен во устието на длабоката долина на реката Сакулева во југозападниот раб на Пелагонија во Леринското Поле, во подножјето на планините Баба и Нередска, на надморска височина од 680 метри. Оддалечен е 32 километри северно од Битола, а 18 километри од Македонија преку македонско-грчкиот граничен премин Меџитлија. Лерин е поврзан со железничка пруга со Битола и Солун. На 52 километри јужно се наоѓа Кајлари, на 69 километри југозападно е Костур, а на 81 километар е Кожани. На исток се поврзува со Воден, од кој е оддалечен 76 километри. Соборна црква на градот е „Св. Пантелејмон“ крај градската река.

Историја

Во Османлиското Царство

Лерин: Географија, Историја, Население 
Црква во 1910 г. под јурисдикција на Бугарската егзархија.
Лерин: Географија, Историја, Население 
Панорама на градот Лерин. 1898-1912. Фотографија на браќа Манаки (скршена плоча)

Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број на македонски борци, револуционери и херои. Во времето на Отоманското Царство, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани од познатиот револуционер поп Коста од леринското село Буф.

Во Грција

Врз основа на леринскиот говор во 1925 година грчката влада под притисок на лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците Македонци, кој по запалувањето на возот со кој бил транспортиран беше повторно издаден и промовиран во Солун и Атина во 2006 година. Лерин и Леринско ќе дадат и голем број на партизани и борци во ДАГ за време на втората светска војна (1941 - 1945) и граѓанската војна во Грција (1945 - 1949), поради што македонското население ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти. Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовна гробница со тела на Македонци и Грци - борци на Демократската Армија на Грција кои загинале во Битката за Лерин.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лерин живееле 9.824 жители, од кои 5.000 Турци, 2.820 Македонци, 1.600 Роми, 300 Албанци (200 муслимани и 100 христијани), 84 Власи и 20 Евреи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лерин имало 4.344 Македонци (800 под врховенството на Бугарската егзархија и 3.544 патријаршисти), 120 Роми, 72 Власи и 30 Албанци. Во градот имало три бугарски училишта - две основни и едно прогимназиско и четири грчки - три основни и едно прогимназиско.

Според пописот од 1920 година во Лерин имало 2.909 семејства - 12.513 жители. По 1923 година муслиманското население (1.076 семејства или 4.650 жители) се иселува во Турција, а на нивно место се населени 184 семејства - 79 од Источна Тракија, 54 од Мала Азија, 44 од Кавказ и 7 од Понт. Две години подоцна бројот на новодојдените жители бил 178 семејства или 750 жители.

Во 1928 година имало 10.585 жители, од кои 1.999 биле грчки доселеници од размената на населението помеѓу Грција и Турција.

Според пописот од 2011 година, во Лерин живееле 17.686 жители, од кои се смета дека повеќе од половината се Македонци.

Политика

Во Лерин се наоѓа седиштето на партијата на Македонците во Грција - Виножито.

Лерин: Географија, Историја, Население 
Реката Сакулева и црквата „Св. Пантелејмон“.

Знаменитости

Верски објекти

    Цркви
    Манастири

Кули

  • Мала кула — кула од XIX век, прогласена за споменик на културата
  • Голема кула — кула од XIX век, срушена во 1930 г.

Луѓе

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Лерин ГеографијаЛерин ИсторијаЛерин НаселениеЛерин ПолитикаЛерин ЗнаменитостиЛерин ЛуѓеЛерин ПоврзаноЛерин НаводиЛерин Надворешни врскиЛеринГрцијаГрчки јазикЕгејска МакедонијаЛерин (округ)Лерин (општина)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лазар КолишевскиМајка ТерезаСтара скопска чаршијаИзборна единица 7Прво заседание на АСНОМБлаже КонескиВиолинаПапратЗа наша МакедонијаРепродуктивен системМуса ЏафериФранцијаПартија за движење на Турците во МакедонијаСлавко ЈаневскиОпштина СтругаПреспанско ЕзероИскра ГешоскаВиножитоМамутчевоКамилаСолунски атентатиИзбори во Република МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2016Тамбура (македонска)ПневмонијаЧернобилска несреќаДемократска алтернативаПридавки во македонскиот јазикВесна БендевскаДемократи (политичка партија)Ѓорѓија ПулевскиИзборна единица 2МечкаЗНАМВлада на Талат ЏафериТеодосиј СинаитскиДен на ослободувањето (Италија)АнтибиотикВилма ТрајковскаОпштина ОхридБитка кај Мечкин КаменВтора влада на Никола ГруевскиАцо ШоповЦер (село)Грб на МакедонијаДневникот на Ана ФранкВлада на МакедонијаРоднински односиПат околу светот за 80 денаСкопски аквадуктИзбирачко местоСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаУДБАМакедонска граматикаТоме АрсовскиГалебот Џонатан ЛивингстонКипарГ’зим ОстрениУнгаријаМетодија Андонов-ЧентоКомуњарПолип на маткатаЛиберално-демократска партијаДомашно говедоЧовекПетар ПанНова социјалдемократска партијаЦрква „Св. Софија“ — ОхридСписок на главни градови во светотСеверна АмерикаПоделба на гласовите во македонскиот јазикАнтон ПановВладо БучковскиНеологизамОпштина Демир ХисарКатица ЈаневаСедум светски чуда на античкиот свет🡆 More