Меџитлија — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Меџитлија | |
Меџитлија на карта | |
Координати 40°55′59″N 21°25′59″E / 40.93306° СГШ; 21.43306° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 156 жит. (поп. 2021)
|
Пошт. бр. | 7226 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 585 м |
Меџитлија на општинската карта Атарот на Меџитлија во рамките на општината | |
Меџитлија на Ризницата |
Меџитлија се наоѓа на јужната страна на Општина Битола во непосредна близина на државната граница со Република Грција, каде допира со атарот на селото Негочани. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 587 м. Лежи на поле околу 1000 метри северно од денешната македонско-грчка граница. Оддалечено е 16 километри јужно од Битола и 20 километри северно од Лерин. Источно од Меџитлија се наоѓа големото поранешно турско село Кременица. Во минатото припаѓало на Општина Бистрица, а сега на Општина Битола. Населбата била електрифицирана во 1963 година. Вода се добива од бунари. За пиење е добра водата само од еден бунар длабок 12 метри. Некогаш, мештаните употребуваа вода за пиење од Негочанска река(или Орта-дере), која во 50-тите години од минатиот век течела низ ова село. Исто така мештаните тоа време, прокопале ново корито и така Негочанска река течела крај селото. Околу селото рамното земјиште е потполно обработено. Имиња на потезите во селото се: Мерелар, Беглар, Чалан-јолу, Дилкемлер, Кочко-пандар, Ахтлар, Гланделер, Коџа-чајлар, Песколар, Били-чаир, Јакан-тарлар, Слатина, Дулга и Пелит. Меџитлија е село од збиен тип. Се дели на седум маала. Во секое маало живее семејство од еден род. Имињата на маалиата се дадени по имињата на родовите.
Името на селото доаѓа од турското лично име Меџит, кое со текот на времето се модифицирало во сегашното име Меџитлија. Името Месџитли се среќава во турските документи за историјата на македонскиот народ уште во 1637 година. Пред доаѓањето на Турците на овие простори, селото било населено со христијанско население. Името на селото било Могилица. Имале христијански храм и свештеник. Но, во втората половина на XVIII век, со доселувањето на Турци во селото, во одреден период живееле сложно и мирно. Подоцна христијаните биле протерани во селата: Драгош, Негочани (денес Ники, во Грција) и во други села. Храмот бил разрушен, а на негово место била изградена постојната џамија. Треба да се напомене и тоа што постарите жители на околните села сѐ уште го знаат и користат старото име Могилица. После 1952 година имало масовно иселување на Турците и нивно заминување за Турција. Така селото од средна, станува мала населба, а на нивно место се населувале Албанци од селото Кишава.
Селото е од дамнешни времиња познато по своите извори на минерална вода, и уште од Tурците било нарекувано Меџиди-бања.
Во 1968, држејќи семинар на селаните во селото Меџитлија, тогашниот директор на комбинатот Лозар од Битола, случајно го открил природниот извор на минерална вода. Испитувањето на водата и гасот во Германија и Словенија дале воодушевувачки резултати. Испитувањето на гасот покажало дека се работи за СО2 со 99,9 процентна чистота, кој е идеален за газирање на минерална вода, како и за добивање на газирани сокови. Анализите на водата покажале дека самата вода е со идеален состав и хармонична застапеност на минералите, а истовремено питка и вкусна. Во 1971 година на голем конкурс водата го добила името Пелистерка. Првата година биле произведени 17 милиони литри минерална вода.
Изворот и денес се користи за производство на водата Пелистерка.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Меџитлија живееле 500 жители, сите Турци.
Според Димитар Гаџанов, според 1916 година во селото имало 2.400 жители, сите Турци.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 156 жители, од кои 154 Албанци и 2 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 560 |
1953 | — | — | 679 | — | — | — | — | 1 | — | 680 |
1961 | 3 | 174 | 37 | — | — | 1 | — | 6 | — | 221 |
1971 | — | 37 | 100 | — | — | — | — | — | — | 137 |
1981 | 1 | 184 | 4 | — | — | — | — | 4 | — | 193 |
1991 | — | 204 | — | — | — | — | — | 2 | — | 206 |
1994 | — | 175 | — | — | — | — | — | — | — | 175 |
2002 | 1 | 154 | — | — | — | — | — | — | — | 155 |
2002 | — | 154 | — | — | — | — | — | — | 2 | 156 |
Меџитлија било турско село.
Родови во Меџитлија биле: Арифлар (26 куќи), Рушанлар (21 куќа), Саитлер (21 куќа), Реџолар (18 куќи), Ипчелер (16 куќи), Гегелар (13 куќи), Оџалар (8 куќи) за сите овие родови се наведува дека се доселени доселени од Мала Азија од местото Коња во XVIII век, единствено потеклото на родот Гегелар е сомнително и возможно е да потекнуваат од предок Албанец доселен од северна Албанија (од гегите). Во родот Рушанлар се знае следното родословие: Неџип (жив на 53 г. во 1950-тите) Мустафа-Рушан-Емин-Рушан, се доселил таткото на Рушан.
Во Меџитлија работи училиште за основно образование до 4 одделение.
„Опширни пописни дефтери од XV век, 1973
Во селото постои избирачкото место бр. 140 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 156 гласачи.
Од селото најголемиот број од населението е иселено во Турција. До 1953 година 20 семејства се иселиле во Турција. Подоцна следел посилен на иселување во Турција. Така до 1981 година целосно турското население се иселило од селото.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Меџитлија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.