Воден: град во Егејска Македонија

Воден (грчки: Έδεσσα, Едеса; до 1923: Βοδενά, Водена) — град во Егејска Македонија, северозападно од Солун, или поточно во округот Постол.

Населението брои 18.229 жители (2011). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се значнителна знаменитост — Парк на водопадите. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Градот е седиште на Општина Воден.

Воден
Έδεσσα
Водопад на реката Вода во Воден
Водопад на реката Вода во Воден
Воден is located in Грција
Воден
Воден
Координати: 40°48′N 22°3′E / 40.800° СГШ; 22.050° ИГД / 40.800; 22.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Површина
 • Вкупна38,9 км2 (150 ми2)
 • Општина321,2 км2 (1,240 ми2)
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Најг. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2011)
 • Вкупно18.229
 • Густина47/км2 (120/ми2)
 • Општ.25.619
 • Општ. густина8,0/км2 (21/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.582 00
Повик. бр.23810
Рег. таб.ΕΕ
Мреж. местоedessacity.gr
Воден: Демографија, Историја, Знаменитости
Стари куќи во Варошот во Воден
Воден: Демографија, Историја, Знаменитости
Старото егзархиско училиште во Воден

Демографија

Кон крајот на XIX век, Воден е град со мешано македонско и турско население. Христијанското население било разделено меѓу Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев, во 1905 година во Воден имало 3.600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6.280 Македонци под Цариградската патријаршија(гркомани), 30 Власи и 270 Роми. Во градот функционирале три школи на бугарски јазик (две основни и едно прогимназијално) и три грчки (две основни и едно прогимназнијално).

Македонците во Воден и Воденско

Во градот и неговата околина денес живеат голем број на Македонци и се смета дека се доминантно население, македонскиот јазик сѐ уште се зборува во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и во самиот град Воден, а преку репортажа на весникот „Време“ Македонците од Воден и Воденско јавно ги искажале своите маки за изумирањето на македонскиот јазик меѓу младите и за зачувувањето на македонските традиции во воденските села.. Македонската организација и политичка партија Виножито планирала да отвори македонски културен центар во градот, но тоа било спречено од грчките власти кои не го признаваат македонското малцинство во Егејска Македонија. Партијата Виножито својата прва седница на Централниот совет ја одржала токму во Воден на 26 јануари 1997.

Историја

Градот Воден и неговата околина имаат богата историја уште од античко време. Градот уште од самото основање припаѓал на античкото македонско кралство, а во околината на денешниот град Воден се наоѓала и македонската престолнита Ајга. Во времето на Отоманското Царство, Воден и Воденско развиле многу богат македонски културен, национален и економски живот. Покрај панаѓурите кои се организирале, градот бил и попатна станица на некогаш најпрометната релација Солун - Битола. Во голем број се легендите, преданијата и фолклорот од воденскиот крај кој е неизоставен дел од македонскиот фолклор. Етничкиот состав на Воден и Воденско масовно се менува по поделбата на Македонија, а поголеми размери добива со насилните иселувања и протерувања на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949).

Денес старите градски куќи се запазени само во населбата Варош.

Знаменитости

    Цркви

Воден како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Недалеку од Воден града“ — македонска староградска песна.

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Воден ДемографијаВоден ИсторијаВоден ЗнаменитостиВоден како мотив во уметноста и во популарната култураВоден ЛичностиВоден ПоврзаноВоден НаводиВоден Надворешни врскиВоден1923БитолаВода (река)Воден (општина)Грчки јазикЕгејска МакедонијаЛеринПарк на водопадитеПостол (округ)Солун

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски народни инструментиДождСДСМРоберт ПетковскиБојан ЈовановскиЈанко БачевЗатемнување на СонцетоМакедонциБик (хороскопски знак)ИнтеграСеверна АмерикаДедо Иљо МалешевскиГлаголКожлеЦер (село)Список на држави и територии во ЕвропаЉубчо ГеоргиевскиДемократска партија на АлбанцитеАутизамСвети КирилКатерина ШехтанскаРеферендум во Македонија (1991)Македонска крвава свадбаОпштина МогилаПропорционална застапеностХороскопски знациАрачиновоКорозијаРимско ЦарствоАнална фисураПтициАлијанса за АлбанцитеНадреден знакИнтернетЛарингитисХајди (роман)Максим ДимитриевскиВлада на Димитар КовачевскиПатишка РекаАлександар ШехтанскиХрватски месециААПоштенски броеви во МакедонијаЉупчо ДимовскиОслободителна народна армијаЃорѓија ПулевскиКрвАрмија на МакедонијаМетодија Андонов-ЧентоОпштина ЧаирМочуриштеПиринска МакедонијаОче нашПридавкаБосна и ХерцеговинаГаличицаСтојан ТарапузаВласите во АлбанијаНорвешкаИстанбулЛитванијаСписок на македонски зборови од турско потеклоАлександар III МакедонскиИзборни единици во МакедонијаОпштина СарајЉубе БошкоскиБожествена комедијаБлаже КонескиЦрвена Вода (Скопско)СипанициВанчо ШехтанскиОхридска пастрмкаБрадикардијаВелесБразилСобрание на МакедонијаОпштина ВрапчиштеЗаконодавна власт🡆 More