Живово: село во Општина Прилеп

Живово — целосно раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.

Живово
Живово: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед на куќи во Живово

Живово во рамките на Македонија
Живово: Географија и местоположба, Историја, Население
Живово
Местоположба на Живово во Македонија
Живово на карта
Координати 41°12′28″N 21°48′59″E / 41.20778° СГШ; 21.81639° ИГД / 41.20778; 21.81639
Регион Мариово
Општина Живово: Географија и местоположба, Историја, Население Прилеп
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 20038
Надм. вис. 950 м
Живово на општинската карта
Живово: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Живово во рамките на општината
Живово: Географија и местоположба, Историја, Население Живово на Ризницата

Географија и местоположба

Селото Живово е планинско село. Се наоѓа во областа Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на Црна Река (предел познат како Старо Мариово).

Историја

Селото Живово за првпат се спомнува во пописните отомански дефтери од 1476 година.

Во XIX век, Живово било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948225—    
1953243+8.0%
1961250+2.9%
197179−68.4%
19817−91.1%
ГодинаНас.±%
19915−28.6%
19945+0.0%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Живово живееле 360 жители, од кои 350 Македонци и 10 Роми. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Живово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 58 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Селото броело 250 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само пет жители, Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Живово немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 400 225 243 250 79 7 5 5 0 0

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Живово, Витолиште и Врпско.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи..

Општествени установи

Цркви

Личности

  • Трајко Волчев Зојката - војвода и револуционер
    Жртви во војната 1941-1945

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Живово Географија и местоположбаЖивово ИсторијаЖивово НаселениеЖивово Самоуправа и политикаЖивово Општествени установиЖивово ЛичностиЖивово ГалеријаЖивово НаводиЖивово Надворешни врскиЖивовоМариовоОпштина ПрилепПрилеп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бор (град)РибиПаралелограмФилип РикерДебело цревоМарко ЦепенковМалиот принцОпштина КривогаштаниЛавБескрајна приказнаОпштина БеровоСложена реченицаРепублика КосовоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаМејозаЕпилепсијаЧинови на Армијата на МакедонијаБогородичната црква во ПаризБалетХананВојдан ЧернодринскиПартија за движење на Турците во МакедонијаПравославиеПоплаваГлавна страницаПетре М. АндреевскиБелото ЦиганчеШеќерна приказнаОсновен приходРомбДувачки инструментАлбанијаРимско ЦарствоСвета ПеткаОпштина Маврово и РостушеПиреј (роман)Општина Ново СелоМакедонски парламентарни избори, 2008Никола КаревЈосип Броз-ТитоСтојан АндовОпштина СарајГоце ДелчевГрцијаКирхофови закони за струјното колоКактусиДишен системИзборна единица 7Град СкопјеПресметување на датумот на ВелигденПрочкаЛила СтојановскаКокошкаРак на панкреасотМајка ТерезаНиколај Римски-КорсаковНаум НаумовскиПочваРевизор (комедија)Периоден систем на елементитеЗемјотресДаниел ДефоСрбијаСреден векЕрусалимШведскаВладимир АнгеловскиСтево ПендаровскиНедоразбирање (драма)Земји членки на Европската УнијаЕдгар Алан ПоМавровоНиколај ГогољБугарија🡆 More