Маково: село во Општина Новаци, Македонија

Маково — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Селото се смета за влезна порта на Битолско Мариово.

Маково
Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото од патот за Орле

Маково во рамките на Македонија
Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Маково
Местоположба на Маково во Македонија
Маково на карта
Координати 41°7′6″N 21°36′33″E / 41.11833° СГШ; 21.60917° ИГД / 41.11833; 21.60917
Регион Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Новаци
Област Мариово
Население 26 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02074
Надм. вис. 700 м
Маково на општинската карта
Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Маково во рамките на општината
Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Маково на Ризницата

Потекло и значење на името

За името на селото постои легенда, според која името на селото доаѓа по првиот жител, Маке или Мако.

За името на селото постои и легенда која кажува за еден човек кој имал три сина. Тројца ги паселе своите стада овци и кози на денешната местоположба на трите села Маково, Рапеш и Брник. Оној што ги пасел овците на местоположбата на денешното Маково бил на голема мака, па оттаму и Маково.

Како друго објаснување за името на селото се дава и можноста тоа да потекнува бидејќи мештаните одгледувале мак („афион“) на овие простори.

Географија и местоположба

Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, речиси на самиот срт на Селечка Планина. Маково се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Битола е оддалечено 29 километри, додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 18 километри.

До селото се стигнува преку регионалниот пат 1311, кој води за сите села од Битолско Мариово и е асфалтиран и во добра состојба.

Маково е всушност првото мариовско село, сместено веднаш после превојот Преслап кој е влезна порта на овој дел од Мариово. Селото се наоѓа веднаш по преслапот во своја мала котлина, наречена Маковска Котлина.

Историја

Маково многу настрадало за време на Првата светска војна.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 26,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.409 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 954 хектари, а на шумите отпаѓаат 185 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Во 1932 година била отворена кооперација на стока.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948409—    
1953455+11.2%
1961515+13.2%
1971390−24.3%
1981319−18.2%
ГодинаНас.±%
1991114−64.3%
199498−14.0%
200271−27.6%
202126−63.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Маково живееле 286 жители, од кои 280 Македонци и 6 Роми. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Маково имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Маково се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 39 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Маково било средно по големина село, но по пат на емиграција преминало во мало село. Така, во 1961 година имало 515 жители, а во 1994 година 98 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Маково живеел 71 жител, сите Македонци.

Денес, според неслужбени информации од 2008 година во селото живееле 50 жители, додека во 2018 година имало помалку од 10 постојани жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, од кои 19 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 286 320 409 455 515 390 319 114 98 71 26


Иселеништво

Бројот на иселени лица од Маково е над 400 жители. Најголем од нив се иселиле во градовите Битола и Скопје, како и во прекуокеанските земји и во Европа.

Општествени установи

Маково: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Во XIX век, Маково било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Маково, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Мојно, Орле и Рапеш.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0179 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна канцеларија. Во ова избирачко место е опфатено и селото Орле.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Манастири
    Други верски места
  • Параклис во самото село
  • Остатоци на црква во самото село, покрај главниот пат
    Реки

Редовни настани

    Слави

Личности

    Родени во или по потекло од Маково
  • Пешко Младенов — војвода на МРО

Култура и спорт

Во селото се снимале неколку филмски проекти. Две години во селото престојувала филмска екипа од Турција, која ја снимала турската серија „Збогум Румелија“. Подоцна, во селото се снимал и македонскиот филм „До балчак“ од режисерот Стале Попов.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Маково Потекло и значење на иметоМаково Географија и местоположбаМаково ИсторијаМаково СтопанствоМаково НаселениеМаково Општествени установиМаково Самоуправа и политикаМаково Културни и природни знаменитостиМаково Редовни настаниМаково ЛичностиМаково Култура и спортМаково ГалеријаМаково НаводиМаково ПоврзаноМаково Надворешни врскиМаковоБитолаБитолско МариовоМариовоОпштина Новаци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТетовоЏек ЛондонМарио ЛеминаСпомен-куќа на Мајка ТерезаЕлена ЗагорскајаАдаптација (биологија)Лехово (Леринско)Општина СтуденичаниРак (болест)Македонски јазикОвчи сипанициМакедонски парламентарни избори (2008)ИфтарСилаСвети Климент ОхридскиПарите се отепувачкаХананДискус хернијаЦрна смртПрва помошДајреДојранско ЕзероКамено времеМахидевранЗевсКаролина ГочеваДраган МијалковскиСтрептококен фарингитисГетеборгОлимписки боговиНАТОДесница (политика)ТриаголникМагнетРомбВија ЕгнацијаНовак ЃоковиќКалеш АнѓаОпштина КратовоПреспански договорЕвропска УнијаДабПовикот на дивинатаРак на грлоПридавкаСмртна казнаФилмПетар Поп АрсовВенко ФилипчеСреден векМакедонски парламентарни избори, 2014Основен приходЕлектричен отпорЕвгениј ОнегинБуринецЕмре БејПериоден систем на елементитеМолскавициХороскопски знациКога тргнав ЦветоМакедонски народни приказни (ТВ-серија)АлжирАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаГрб на МакедонијаШенген-зонаПринцезата на зрно грашокКорупцијаТапанАлександар Сергеевич ПушкинКочаниЛеонтијСостојба на материјатаСписок на македонски народни поговоркиКатица ЌулавковаРимска кујнаРоднински односиМасовни медиуми🡆 More