До Балчак

До балчак (англиски: To the Hilt) — македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов.

Филмот трае 165 минути. Сценариото за филмот го напишал Горан Стефановски, директор на фотографијата е Апостол Трпески, сценограф е Миленко Јеремиќ, костимограф е Емилија И. Атанасовска, а шминкер е Светлана Гутиќ. Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска, Ненад Нацев, Горан Трифуновски, Ѓорѓи Котев, Дениз Абдула, Береда Решит, Бојан Велевски, Наташа Петровиќ, Адем Карага, Горан Јовановски, Сенад Абдули, Хајрулах Рамизи, Салаетин Билал, Благоја Спиркоски-Џумерко, Митко Апостоловски, Петре Арсовски, Александар Шехтански, Марија Спиркоска Илијеска, Гоце Тодоровски, Младен Крстевски, Димче Мешковски, Гоце Влахов, Владо Дојчиновски, Мето Јовановски, Бранко Бенинов, Бранко Ѓорчев, Кети Дончевска Илиќ, Најдо Тодески итн.

„До балчак“
До Балчак
Промотивен плакат за филмот До балчак
РежисерСтоле Попов
ПродуцентДанчо Чевревски
Миливое Ѓорѓевиќ
СценаристГоран Стефановски
Столе Попов
Главни улогиИти Срај
Сашко Коцев
Мартин Јорданоски
Тони Михајловски
Искра Ветерова
Сенко Велинов
Мики Манојловиќ
Владо Јовановски
Младен Крстевски
Никола Ристановски
Драган Спасов - Дац
Гораст Цветковски
Салаетин Билал
Благоја Спиркоски-Џумерко
Најдо Тодески
Гоце Тодоровски
Бранко Бенинов
Јовица Михајловски
МузикаДуке Бојаџиев
КинематографијаАпостол Трпески
МонтажаАтанас Георгиев
Благоја Неделковски
ПремиераМакедонија 14 септември 2014
Времетраење165 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Улоги

Глумец Улога
Инти Срај Тереза
Сашко Коцев Крсто
Тони Михајловски Музафер
Мартин Јорданоски Филип
Сенко Велинов Боро
Владо Јовановски Илјо
Никола Којо Агентот
Драган Спасов - Дац Шиле
Камка Тоциновски Дара
Гораст Цветковски Кавал
Благоја Спиркоски-Џумерко Сотир
Гоце Тодоровски Гостин
Јовица Михајловски Непознатиот
Петар Арсовски Перо
Искра Ветерова Ана
Никола Ристановски Цветко
Ана Костовска Стамена
Снежана Стамеска Селанката
Кети Дончевска Илиќ Селанка
Салаетин Билал Хотелџијата
Најдо Тодески Митре Војвода
Васил Михаил Момокот
Бранко Бенинов Берберот
Димче Мешковски Селанец 1
Гоце Влахов Селанец 2
Младен Крстевски Орачот
Бранко Ѓорчев Втор трговец
Александар Шехтански Гостинот
Митко Апостоловски Прв трговец
Мите Грозданов Трговец
Анастас Тановски Машино возач
Соња Михајлова Перачката
Наџи Шабан Аусто-Унгарски генерал
Билјана Јовановска Јана
Ненад Нацев Пере
Ратка Радмановиќ Бабата на пенџер
Бојан Велевски Либе
Марија Спиркоска Илијеска
Дениз Абдула Ќосиот
Горан Трифуновски Тоше

Продукција

Филмот е снимен во продукција на „Триангл филм“, а во копродукција со „Сектор филм“, „Fх3х“ и Македонската радио-телевизија. Главен продуцент на филмот е Данчо Чеврески од „Триангл филм“. Постпродукцијата е дело на продуцентската куќа „Fx3x“ од Скопје, а крајниот микс бил извршен во студиото „Барандов“ во Прага. Снимањето на филмот започнало во мај 2012 година, а филмот е сниман на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Финансиска и логистичка поддршка на филмот обезбедиле: Владата на Македонија, неколку министерства, Филмскиот фонд на Македонија, Македонската православна црква, „Македонски железници“ итн., а како официјални спонзори се јавуваат „Алкалоид“ и „Лукоил Македонија“. Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони ги обезбедила владата, а 500 илјади евра обезбедил Филмскиот фонд.

На почетокот, филмот бил сниман во продукција на продуцентската куќа „Триангл“, но таа западнала во големи долгови, така што, по снимањето на филмот, за промоција и дистрибуција на филмот била задолжена Агенцијата за филм. Подоцна, за време на снимањето на филмот се случил скандал кога умрел еден коњ, кому му биле дадени премногу инјекции за заспивање. Овој настан предизвикал големи реакции од друштвата за заштита на животните.

Филмот започнал да се прикажува во кината на 18 октомври 2014 година, со премиерата во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот бил македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм. На 13 февруари 2016 година, филмот бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, а во март учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10. Денови на Балканот.

Содржина

Дејствието на филмот се случува во 1907 во Отоманска Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востание, после кое Македонија се наоѓа во општ колапс и тотален пустош. Приказната ги следи случувањата на комплексен љубовен четириаголник помеѓу Крсто (Сашко Коцев), безкомпромисен и идеалистичен комита, Музафер (Тони Михајловски), безмилосен турски офицер, Филип (Мартин Јорданоски), „татин син“ опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа, и Тереза (Инти Срај), луцидна и слободоумна Европејка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.

Ликовите минуваат низ бурни судири, доживуваат катарзични искуства и стекнуваат длабоки нови самосознанија. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, сè е во знакот на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за него”. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот „Аmerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Macedonian Eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.

Контроверзии

Предозирање на коњ

Една сцена од филмот прикажува мртов коњ, за која коњот требал да се успие со инјекција и да му се полее лажна крв. И покрај предупредувањата дека дозата е преголема и коњот може да умре од неа, екипата решила да ризикува и коњот пцовисал.

Побуна на битолските дуќанџии

На денот на премиерата на филмот дел од дуќанџиите од старата битолска чаршија се заканиле со протести и тужби, затоа што во 2012 година нивните дуќани биле затворени една недела, но и по две години подоцна не им биле исплатен предвидениот надомест.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

До Балчак УлогиДо Балчак ПродукцијаДо Балчак СодржинаДо Балчак КонтроверзииДо Балчак ПоврзаноДо Балчак НаводиДо Балчак Надворешни врскиДо Балчак2014Јовица МихајловскиЈордан СимоновАлександар ШехтанскиАна КостовскаАнглиски јазикАпостол ТрпескиБилјана ЈовановскаБлагоја Спиркоски-ЏумеркоБојан ВелевскиБранко ЃорчевБранко БениновВладо ЈовановскиВладо ДојчиновскиГоран СтефановскиГоран ТрифуновскиГораст ЦветковскиГоце ВлаховГоце ТодоровскиДимче МешковскиДраган СпасовИскра ВетероваКамка ТоциновскиКети Дончевска ИлиќМакедонски филмМарија Спиркоска ИлијескаМартин ЈорданоскиМето Јовановски (глумец)Мики МанојловиќМинутаМитко АпостоловскиМладен КрстевскиНаташа ПетровиќНајдо ТодескиНенад НацевНикола КојоНикола РистановскиПетре АрсовскиРежијаСалаетин БилалСашко КоцевСенко ВелиновСтоле ПоповСценариоТони МихајловскиФотографија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Балкански ПолуостровПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеТрговијаДемократска алтернативаСпецијално јавно обвинителствоВелигденСтрофаМакедонски претседателски избори, 1999Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ОрелЕгејска МакедонијаОпштина СтуденичаниМакедонски претседателски избори (2019)Јордан Поп Јорданов - ОрцетоКрвДвижење БесаПриродаВоен конфликт во Македонија, 2001ЕвроПоткастКонтинентУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Ружди ЉатаИзборна единица 5ДемократијаБалкански рисВолкЧорбаџи ТеодосДневникот на Ана ФранкАтрибут во македонскиот јазикДржавен завод за статистикаМиле ЗечевиќМагнетна резонанцијаДемократска партија на Србите во МакедонијаСписок на политички партии во МакедонијаСДСМЛимонМакедонски АлбанциКомуњарМакедонски парламентарни избори (2002)Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаПридавки во македонскиот јазикЉупчо ДимовскиПодметОхридска пастрмкаОпштина ГевгелијаТимчо МуцунскиБисера Костадиновска-СтојчевскаНационален парк ГаличицаАрачиновоУкраинаСписок на македонски филмовиИлеусВилма ТрајковскаДржавни празници во МакедонијаЗаздравување на ранаПартија за целосна еманципација на РомитеСвети НиколеМагнетМакедонски денарОпштина Шуто ОризариДанте АлигиериЕрих КестнерМакедонска азбукаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСтрумицаЈужна АмерикаМакедонски парламентарни избори (1994)ПрилепПартија за движење на Турците во МакедонијаОпштина СтрумицаПоделба на гласовите во македонскиот јазикКочо РацинМакедонска радио-телевизијаДождАлександар ДаштевскиОпштина Ѓорче ПетровИмер Селмани🡆 More