Спомен-Куќа На Мајка Тереза: музеј во Скопје, Македонија

Спомен-куќа на Мајка Тереза — спомен-куќа која се наоѓа во Скопје, Македонија, како единствен музеј во светот посветен на Мајка Тереза.

Желбата да ѝ се оддаде почит на најпознатата скопјанка и нобеловка од Македонија, се реализира на 30 јануари 2009 година со отворањето на спомен-куќата на Мајка Тереза. Локацијата на самиот објект не е случајно избрана. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година, се наоѓала католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање. Редот на исусовците, кои меѓу двете светски војни ја предводеле Католичката црква во Скопје, особено отец Јамбрековиќ, одиграле клучна улога во одлуката на младата Гонџа да го напушти родното Скопје и семејството и својот живот да му го посвети на Бога.

Спомен-куќа на Мајка Тереза
Спомен-Куќа На Мајка Тереза: Изградба и архитектура, За музејот, Галерија
Преден поглед на музејот
Основан2009
МестоУлица „Македонија број 9“
Скопје, Македонија
Типмеморијален музеј
Посетеност100 илјади годишно
ДиректорРената Кутера Здравковска
Мреж. местоmemorialhouseofmotherteresa.com/

Изградба и архитектура

На 9 мај 2008 година потпишана е Повелба за изградба на Спомен куќата на Мајка Тереза, помеѓу д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх во Македонија и м-р Никола Груевски, Претседател на Владата на Република Македонија, и истата е ставена во темелите на Спомен куќата. Проектант на Спомен куќата на Мајка Тереза е Вангел Божиновски, а градбата претставува мултифункционален простор составен од три дела: галерија-изложбен простор, капела-духовен простор и амфитеатар-мултимедијален простор. Според идејното решение Спомен куќата претставува скулптура-симбол на растежот на Мајка Тереза. Во вертикала е претставена карактеристична градба на традиционалното македонско градителство кој се претвора во дематеријализација на сакрален простор. Каменот од обичен силициум двооксид преминува во проѕирно зелен кварцен силициум двооксид, кој ја менува бојата под различни светлосни услови. Изборот на сино-белата комбинација на бои произлегува од униформата на Мисионерите на милосрдието, католички ред оформен од Мајка Тереза. На фасадата се претставени орнаменти на гулаби и риби: гулабот е светиот дух според христијанската симболика, како и рибата која претставува ранохристијански знак за младиот Бог.

Изложбен простор

Внатрешноста на изложбениот простор го отсликува амбиентот на градска куќа во Македонија од почетокот на XX век. Поставката се состои од фотографии, документи и експонати преку кои може да се следи животниот пат на Мајка Тереза, од нејзиното детство, поминато во родното Скопје, преку хуманитарната работа, сè до нејзината смрт, беатификација и канонизација. Меѓу позначајните документи во Музејот би ја издвоиле нејзината крштеница издадена од црквата „Пресвето Срце Исусово“, а од експонатите: сарито на Мајка Тереза, молитвеникот, бројаницата и распетието.

Капела

Според идејното архитектонско решение капелата е замислена како безгранична зона во која има само светлина. Ѕидовите се изведени од конструктивен носечки елемент риби-птици. Овој орнамент потсетува на витражите во католичките молитвени простори, но во случајов го претставува и филигранскиот занает кој е во својство на фамилијата Бојаџиу. Капелата на Спомен куќата е активна и свештеници од Католичката црква, двапати неделно одржуваат миси. На свечените миси поврзани со значајни датуми од животот на Мајка Тереза се изложува нејзина реликвија. По повод канонизацијата на Мајка Тереза, во нејзиниот роден град Скопје се одржа Татковинска прослава на која присуствуваа кардинали и бискупи кои капелата во склоп на Спомен куќата официјално ја прогласија за светилиште.

Амфитеатар

Подрумскиот дел од музејот е конципиран како мултимедијален простор каде што се одржуваат проекции, промоции, образовни проекти и времени изложби поврзани со животот и делото на Мајка Тереза и, воопшто, со хуманитарната работа на луѓето од целиот свет.

За музејот

Спомен куќата на Мајка Тереза работи седум дена во неделата, влезот е бесплатен а кустосите зборуваат повеќе странски јазици. Самиот музеј ги задоволува потребите за лицата со физички хендикеп, односно има лесен и адаптиран пристап, изработен е водич на Брајово писмо за слепите лица (на македонски јазик), како и видео-презентација на знаковен македонски јазик за глуви и наглуви лица. Музејот годишно го посетуваат околу 100.000 посетители од целиот свет.

Досега музејот го посетија и повеќе видни личности од културно-политичкиот и религиозниот живот во светот, меѓу кои би ги издвоиле посетите на: Шарл Азнавур, Јагланд Торнбјорн, отец Брајан Колојдиејчук - постулатор на Мајка Тереза, Аге Бојаџиу - внуката на Мајка Тереза, Борис Шпрем,Карлос Слим, Јозефина Топали, Теута Топи, Реин Ланг, Абонго Малик Обама, Маја Гојковиќ, Федерик Џон Наил, Пиетро Паролини, Лео Мазбург,Сестра Марија Према и др.

Сувенирница

Во склоп на Спомен куќата, на приземниот простор, се наоѓа и музејска продавница која располага со богат избор на сувенири поврзани со ликот и делото на Мајка Тереза, публикации од Спомен куќата, како и предмети од богатото културно наследство на Македонија.

Галерија

    Надворешност
    Внатрешност

Надворешни врски

Tags:

Спомен-Куќа На Мајка Тереза Изградба и архитектураСпомен-Куќа На Мајка Тереза За музејотСпомен-Куќа На Мајка Тереза ГалеријаСпомен-Куќа На Мајка Тереза Надворешни врскиСпомен-Куќа На Мајка ТерезаКатолицизам во МакедонијаМакедонијаМајка ТерезаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2016Вакцина против тетанусГоран МинчевАбортусШвајцаријаТапанВелики четвртокМакедонски парламентарни избори (2014)ГајдаОпштина Старо НагоричанеПодржи КоњСтрујно колоВиножитоВитамин Б6МонокотиледониПетар ГошевОпштина КичевоМамутчевоДемократски сојузЉубиша ГеоргиевскиОпштина Македонски БродЈапонијаРелигијаБитолаРастенијаМесечинаБроеви во македонскиот јазикРомиТигарИталијаОбединето КралствоМултипла склерозаАвтобиографија (Григор Прличев)Извршна властИзборна единица 7Четврта влада на Никола ГруевскиМакедонија во металното времеИзборна единица 5Густав ШвабМитко ЧавковЕден на еденМакедонски парламентарни избори, 2014Димитар АпасиевЗагадувањеЗа наша МакедонијаОпштина Демир ХисарЌемане (македонско)Сојуз на Ромите од МакедонијаОвулацијаОпштина Чучер-СандевоМакедонски јазикКалендар на Велигденски датумиГенералот на мртвата војскаНационални паркови во МакедонијаКомунизамМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаМоликаКонстантин МиладиновТунисДемократска партија на Турците на МакедонијаАзијаВлада на Талат ЏафериСердаротВиолинаОслободителна народна армијаКатица ЈаневаДекамеронИнтернетЕмил ДимитриевПанонска НизинаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаДемократски сили на РомитеКалиопиХрватскаМакедонска крвава свадба🡆 More