Рапеш: село во Општина Новаци, Македонија

Рапеш — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Рапеш
Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Рапеш во рамките на Македонија
Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Рапеш
Местоположба на Рапеш во Македонија
Рапеш на карта
Координати 41°6′11″N 21°38′53″E / 41.10306° СГШ; 21.64806° ИГД / 41.10306; 21.64806
Регион Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Новаци
Област Мариово
Население 36 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7000
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02099
Надм. вис. 700 м
Слава Спасовден
Рапеш на општинската карта
Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Рапеш во рамките на општината
Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Рапеш на Ризницата

Потекло и значење на името

Првпат името на селото било запишано како Храпеш во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од старословенскиот збор храпа што имал значење на „бара или локва“. Другата претпоставка е дека доаѓа од влашкиот збор арпа што имал значење на „бездна или стрмно место“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од албанскиот збор рап што имал значење на „платан или платанова шума“.

Сосем друго објаснување за името на селото е дека тоа потекнува од личните имиња на Харалампиј или на Рахослав.

Географија и местоположба

Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Традиционална куќа во селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, на источната падина на Селечка Планина. Рапеш се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.

Низ селото поминува регионалниот пат 1311, кој го поврзува битолскиот дел на Мариово со градот Битола, од кој е оддалечено 35 километри.

Во селото се зачувани интересни и чисто македонски градби на куќите.

Историја

Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Разрушеното село Рапеш во годините на Првата светска војна

Селото Рапеш се смета за старо мариовско село. Во пописните турски дефтери од XV век се споменува село со 65 жители.

Во текот на Првата светска војна, селото било зафатено од воените дејствија и мештаните го напуштиле селото. Селската црква била особено оштетена, која била обновена во 1919 година, кога рапевци се вратиле во селото.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.119 хектари, на пасиштата отпаѓаат 791 хектар, а на шумите 98 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Поради богатството со дивеч, најмногу дива свиња, селото е често одредиште на ловџии. Исто така, бидејќи се наоѓа веднаш до Црна Река, селото е богато и со риба.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948387—    
1953428+10.6%
1961478+11.7%
1971427−10.7%
1981309−27.6%
ГодинаНас.±%
199197−68.6%
199474−23.7%
200246−37.8%
202136−21.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рапеш живееле 388 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рапеш имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рапеш се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Поради емиграција на населението, селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 478, а во 1994 година само 74 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Рапеш живееле 46 жители, сите Македонци.

Денес, според неслужбени информации од 2018 година во селото живееле само 20 жители. Во поново време, селото доживеало обнова на своето население, откако многу ергени нашле жени од Албанија и во селото биле родени повеќе деца по долг период.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 29 Македонци и 7 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 388 448 387 428 478 427 309 97 74 46 36


Иселеништво

Бројот на иселени лица изнесува над 600 жители. Најголем дел од нив се иселени во градовите Битола и Скопје, како и во прекуокеанските земји и во Европа.

Општествени установи

Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Обновеното основно училиште во селото
    Училиштето во селото било отворено во 1934 година, а се затворило во 1987 година, но во 2012 година повторно се отворило. Во него тогаш 5 деца на возраст од 6 до 9 години го започнале и продолжиле своето образование. За таа цел, училиштето било обновено.
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

Во XIX век, Рапеш било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Рапеш, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Маково, Мојно и Орле.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0180 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Брник и Ивени.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 58 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Петка“ и „Св. Димитриј“
Рапеш: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Рапешко Езеро
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Манастири
    Параклиси
  • Параклис „Св. Петар и Павле“ — мал параклис во непосредна близина на селото
    Мостови
    Езера
    Реки
  • Маковска Река — река која поминува низ селото
  • Кабига Поток — мал поток, притока на Маковска Река
    Клисури

Редовни настани

    Слави

Личности

    Родени во или по потекло од Рапеш

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Рапеш Потекло и значење на иметоРапеш Географија и местоположбаРапеш ИсторијаРапеш СтопанствоРапеш НаселениеРапеш ИселеништвоРапеш Општествени установиРапеш Самоуправа и политикаРапеш Културни и природни знаменитостиРапеш Редовни настаниРапеш ЛичностиРапеш ГалеријаРапеш НаводиРапеш ПоврзаноРапеш Надворешни врскиРапешБитолаМариовоОпштина Новаци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Осна симетријаГраматички категории на именките во македонскиот јазикРаички манастирКрвАпозиција во македонскиот јазикЃорче ПетровПопис на населението во Македонија (2021)Општина Маврово и РостушеСловенијаАјкулаМејозаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаМозокЛоковЖивотна срединаКристофер КолумбоКалиштаСелциСписок на пеперутки во МакедонијаЧорбаџи ТеодосКокино (наоѓалиште)Сончев СистемОпштина РесенПанкреасДрамска уметностStaphylococcus aureusПиреј (роман)Принцезата на зрно грашокЃомлезеДланкаБогородицаСинонимОпштина ШтипРимско ЦарствоПавле ТрајановБакарНационален парк ГаличицаКаролина ГочеваКамера опскураТрескавецСтале ПоповПечалбариМекотелиЗанаетМакедонски народни носииБошко СмаќоскиСложена реченицаВтора светска војнаДобовјаниНационални паркови во МакедонијаРециклирањеБалетБарешаниНапонГоран БреговиќМузикаБактерииАстероидна месечинаОмов законПолицијаВевчаниПодметМинато определено несвршено време во македонскиот јазикМасовни медиумиГихтДерматитСпартаГетеборгЕлена ЗагорскајаХипертензијаФудбалска репрезентација на КолумбијаДојранско ЕзероЗНАМОпштина СтругаЕлектричен отпорЦар СамоилСолунЧовечки скелет🡆 More