Фаренхајтов Степен

Фаренхајтова скала (Fahrenheit) — температурна скала осмислена во 1724 од холандско-германско-полскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686–1736) и го носи неговото име.

Степенот на оваа скала се нарекува фаренхајт (со мали букви) и има симбол °F. На оваа скала замрзнувањето водата се дефинира како 32 степени, додека пак вриењето се одвива на 212 степени. Во највеќето земји оваа скала е заменета со Целзиусовата во средината на XX век или нешто подоцна, но сè уште е официјална во САД, Кајманските Острови и Белиз. Ранкиновата температурна скала се темели на Фаренхајтовата, но овде нулата означува апсолутна нула.

Фаренхајтов Степен
Топломер со Фаренхајтови и Целзиусови степени

Дефиниција и претворање

Формули за претворање на Фаренхајтов степен
од Фаренхајтов степен во Фаренхајтов степен
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

На Фаренхајтовата скала, точката на мрзнење на водата е 32 степени (°F), а точката на вриење е 212 °F (при стандарден атмосферски притисок). Ова значи дека точките на вриење и мрзнење се разликуваат за точно 180 степени. Затоа, еден степен на скалата изнесува 1180 од интервалот помеѓу овие две точки. На Целзиусовата скала, оваа разлика изнесува 100 степени. Температурниот интервал од 1 Фаренхајтов степен е еднаков на интервал од 59 Целзиусови степени. Овеи две скали се сечат во −40 °F (−40 °F и −40 °C), т.е. ја претставуваат истата температура.

Апсолутната нула се дефинира како −273,15 °C или −459,67 °F. Ранкиновата скала е има интервали со иста големина како Фаренхајтовата скала, така што температурната разлика од еден Ранкинов степен (1 °R) е еднаква на разликата од 1 °F, освен тоа што апсолутната нула е 0 °R – исто како што Келвиновата скала се совпаѓа со Целзиусовата (апсолутната нула е 0 K.

Употреба

Фаренхајтов Степен 
  Држава каде се користи Фаренхајтов степен.
  Држави каде се користи Фаренхајтов и Целзиусов степен.
  Држави каде се користи Целсиусов степен.

Фаренхајтовата скала била главен температурен стандард во метеорологијата, стопанството и медицината во англофонските земји сè до 1960-тите. Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Целзиусовата скала (до 1948 позната како „центиград“) ја заменила Фаренхајтовата во голем број земји, во текот на ниванта метрификација.

Фаренхајтот сè уште е сеприсутен во САД, Белиз и териториите Порторико и Американски Девствени Острови за секојдневна намена. Во науката се применува целзиусот и келвинот во сите земји. Во некои држави се наведуваат двете мерки.

Во некои земји фаренхајтот се користи во секојдневието заедно со целзиусот. На пример, Канада по закон ги следи метричките единици како претпочитани, со правни дефиниции за традиционалните канадски единици. Временската прогрноза е во целзиуси, но печките, на пример, по закон работат со фаренхајтови степени. Канадските топломери (аналогни и дигитални) ги имаат обете скали.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Фаренхајтов Степен Дефиниција и претворањеФаренхајтов Степен УпотребаФаренхајтов Степен ПоврзаноФаренхајтов Степен Надворешни врскиФаренхајтов Степен НаводиФаренхајтов Степен1724Апсолутна нулаБелизВодаДаниел Габриел ФаренхајтКајмански ОстровиРанкинова скалаСАДТемператураЦелзиусова скала

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Национален парк ПелистерЗаушкиСобрание на МакедонијаМакедонијаАлександар КирацовскиРимско ЦарствоФК Реал СосиедадСДСМПрва влада на Бранко ЦрвенковскиХронична опструктивна белодробна болестКисел дождФлуконазолОвчи сипанициВаландовоЛевица (политичка партија)Народна Република КинаКожлеДемократска обнова на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2016)АртрозаМиле ЈаневскиПтициСписок на змии во МакедонијаЛила СтојановскаСписок на реки во МакедонијаХипотироидизамЗнаме на МакедонијаХристијанствоВили БрантАнемијаЛатвијаОпштина СтругаХристо УзуновTrackBackВанчо МихајловЕстрогенСредоземно МореДржавни празници во БугаријаМозочен ударГоце ДелчевВилијам ШекспирЧовечки папиломен вирусКрешник БектешиПустина (роман)Црнила (драма)Пенис (човек)МолдавијаГрад СкопјеДимитар МиладиновДаниел ДефоЗаконодавна властВојдан ЧернодринскиСудска властАјфелова кулаСписок на политички партии во МакедонијаТеодосиј СинаитскиСписок на планини во Македонија‘Рбетен столбМакедонски БродЛиберална партија (Македонија)Општина Гази БабаРак на усна празнинаАтентат врз Киро ГлигоровИнфективна мононуклеозаЗНАМВардарЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Специјална антитерористичка единица „Тигар“Блаже КонескиСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ГариМендух ТачиСловачкаДржавна изборна комисијаБалкански рисГранична проверкаИндијаКипарЏез🡆 More