Света Гора: полуостров во Егејска Македонија

Света Гора (грчки: Άγιον Όρος), офиц.

Автономна Монашка Држава Света Гора (Αὐτόνομη Μοναστικὴ Πολιτεία Ἁγίου Ὄρους) — третиот крак на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија. Тоа е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос (Άθως) воедно е име и на познатата планина Света Гора на полуостровот по која е наречена монашката држава. Во областа се сместени на 20 православни манастири и поголем број скитови, во рамките на автономна држава под грчки суверенитет. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Полуостровот, како дел од поголемиот полуостров е долг 60 км, а широк 7-12 км и има површина од 390 км2.

Света Гора
Άγιον Όρος / Άθως
Света Гора: Легенда, Историја, Јазици
Местоположба на Света Гора во Грција
Главен градКарејаa
Јазици
Земја Света Гора: Легенда, Историја, Јазици Грција
Уредување автономна теократска заедница под синодска власт
 •  Световен управник Костас Демцас
 •  Протојереј Стефан Хиландарски
Стекната автономија
 •  Со Уставот на Грција 1927 
 •  Потврдена 1975 
Површина
 •  Вкупна 335,63 км2 
Население
 •  Попис 2011 1,811 
 •  Густина 5.40 жит/км2 
Валута евро (€) (EUR)
а. Место на главната црква и седиште на протојерејот почнувајќи од 911 г.
Света Гора: Легенда, Историја, Јазици
Карта на манастирите во Света Гора

Легенда

Според една легенда, Пресвета Богородица пловела заедно со Свети Јован Богослов кон Јопа во Кипар, во посета на Свети Лазар. Кога бродот со кои пловеле бил истуркан од бурата надвор од курсот, на тогаш паганската Света Гора, тие биле присилени да допрат во близина на пристаништето Климент, во близина на денешниот манастир Ивирон. Богородица излегла на брегот, и воодушевена од убавината на природата која ја видела таму, ја благословила и го замолила Господ да ја претвори во нејзина градина. Така според преданието се чул глас кој велел: „Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо на спасението за сите оние кои го бараат спасението!“ Од тој момент планината е посветена на Мајката Божја, како нејзина градина, во која не е дозволено да стапне ниту една друга жена.

Историја

Карта на Општина Аристотел

Света Гора, како манастирска заедница формално била основана во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Велика Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот цар во текот на следните векови. Четвртата крстоносна војна во XIII век донела нови, римокатолички владетели кои ги присилиле монасите да бараат заштита од папата Инокентиј III до обновувањето на Византија. Исто така, каталонски платеници во XIV век вршеле кражби на Света Гора.

Кога во XV век дошло до конечен крај на Византија, власта над Света Гора ја презела Османлиското Царство. Од самиот почеток тие наметнале огромни давачки на монасите, но не интервенирале на никаков политички начин. Бројот на монасите и нивното богатство опаѓало во следните векови, но во XIX век Света Гора повторно заживеала, преку поклоничките патувања и доаѓањето на монаси од другите православни земји, при што секоја од нив ја преземала грижата за дел од манастирите. По завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците постоел конфликт помеѓу Русија и Грција околу суверенитетот, за подоцна и формално полуостровот да потпадне под грчка власт по завршувањето на Втората светска војна.

Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири (кои од своја страна ја сочинуваат Светата заедница која управува со територијата), а главниот град и админстративниот центар, Кареја, е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постоја уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Сите личности кои го живеат манастирскиот подвиг на таа територија, стануваат грчки државјани без никакви формалности, по нивното монашење. Мирјаните можат да ја посетат Света Гора, но со посебна дозвола и благослов.

Ниту една жена нема пристап на Света Гора. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки, од чии жолчки - јајца се прават боите кои се користат при иконописот).

Јазици

Света Гора: Легенда, Историја, Јазици 
Карта со населени места на Света Гора

Грчкиот јазик е во општа употреба во сите грчки манастири, но во некои манастири се говорат и други јазици; на пример, во Свети Пантелејмон се говори руски, во Хиландар - српски, во Зограф - бугарски, а во скитите Продрмос и Лаку романски. Голем дел од тамошните монаси говорат и англиски јазик.

Уметничко богатство

Светогорските манастири имаат богати ризници на средновековни богатства, како икони, литургиски одежди, крстови, путири, кодекси и други Христијански документи, свети мошти и друго. Во минатото не постоеле организирани студии и архивирање на богатството, но во скоро време Европската унија основа фонд кој започна со каталогизација, заштита и реставрација на ова богатство. Исто така, повеќето православни земји започнаа да се грижат за уметничкото богатство на своите манастири на Света Гора.

Дваесет манастири со самоуправа

Според податоците од 2001 г. Света Гора имала 2.262 жители. Има 20 манастири.

Велика Лавра Манастир Ватопед Манастир Ивирон Манастир Хиландар Манастир Дионисијат
Μεγίστη Λαύρα Βατοπέδι Ιβήρων
ივერთა მონასტერი
Χιλανδαρίου
Хиландар
Διονυσίου
Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици 
Манастир Кутлумуш Манастир Пантократор Манастир Ксиропотам Манастир Зограф Манастир Дохијар
Κουτλουμούσι Παντοκράτορος Ξηροποτάμου Ζωγράφου
Зограф
Δοχειαρίου
Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици 
Манастир Каракал Манастир Филотеј Манастир Симонопетра Манастир Свети Павле Манастир Ставроникита
Καρακάλλου Φιλοθέου Σίμωνος Πέτρα Αγίου Παύλου Σταυρονικήτα
Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици 
Манастир Ксенофонт Манастир Григоријат Манастир Есфигмен Свети Пантелејмон Манастир Констамонит
Ξενοφώντος Οσίου Γρηγορίου Εσφιγμένου Αγίου Παντελεήμονος
Пантелеймонов
Κωνσταμονίτου
Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици  Света Гора: Легенда, Историја, Јазици 

Света Гора како тема во уметноста и во популарната култура

Света Гора се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:

Надворешни врски

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Света Гора ЛегендаСвета Гора ИсторијаСвета Гора ЈазициСвета Гора Уметничко богатствоСвета Гора Дваесет манастири со самоуправаСвета Гора како тема во уметноста и во популарната култураСвета Гора Надворешни врскиСвета Гора ПоврзаноСвета Гора НаводиСвета Гора Надворешни врскиСвета ГораГрцијаГрчки јазикЕгејска МакедонијаПравославиеСвета Гора (планина)СкитХалкидик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Оливер АндоновИзборна единица 1Скратеници во македонскиот јазикВрапчиштеДождИранЗа наша МакедонијаПутурусОдбојкаА1-телевизијаОхридска пастрмкаДен на независноста на МакедонијаЛевица (политичка партија)Јордан Поп Јорданов - ОрцетоЛДПЛиберално-демократска партијаДојранско ЕзероДемократски сојузФранческо ПетраркаПаркинсонова болестСтево ПендаровскиДунавНикола ТодоровБитка на НожотВидови аглиПДПМандолинаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоТрансверзала (геометрија)Даме ГруевАлександар ШехтанскиВооружена престрелка во Куманово (2015)Тито ПетковскиЛокални избори во Македонија (2009)Петре М. АндреевскиГолеми и мали (роман)КожлеБисера Костадиновска-СтојчевскаХемороидНикола ГруевскиЛевица (политика)Демократска партија на АлбанцитеКрива ПаланкаВМРО ДПМНЕУпад во Собранието на Македонија (2017)Прво заседание на АСНОМКирилицаОНАПиринска МакедонијаАлександар III МакедонскиСтолицаБлаже КонескиИндијаРамнокрак триаголникДарко КаевскиГоран СтефановскиЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеУд (македонски)Лазарова саботаПравоаголникВелија РамковскиРепублика КосовоОпштина ПрилепОпштина Чучер-СандевоГитараПченкаЈане СанданскиБитолаМакедонски парламентарни избори (2020)Ден на планетата ЗемјаРибиДимитар КовачевскиОВКПетар Поп АрсовСвети Климент ОхридскиВасил Тупурковски🡆 More