Праиндоевропски Јазик

Праиндоевропскиот јазик (PIE) е реконструиран јазик и заеднички предок на сите индоевропски јазици.

Не постои директен запис за праиндоевропскиот јазик; неговите предложени карактеристики се изведени со лингвистичка реконструкција од документираните индоевропски јазици.

Проиндоевропски јазик
ПИЕ
Реконструкција одИндоевропските јазици
РегионПонтско-касписката Степа
Ераок. 4500 – ок. 2500 п.н.е.

Историска и географска поставеност

Научниците предложиле повеќе хипотези за тоа кога, каде, и од кого бил зборуван PIE. Курганската хипотеза, за прв пат предложена во 1956 од Марија Гимбутас, станала најпопуларна. Според неа првичните говорници на PIE потекнувале од Јамната култура, која е поврзана со погребување на мртвите во кургани (погребни могили) во Понтско-касписката Степа северно од Црното Море.:305–7 Според оваа теорија, овие луѓе биле номади-сточари кои го припитомиле коњот, што им овозможило да се движат низ Европа и Азија со коли и кочии. До почетокот на третиот милениум п.н.е., тие се прошириле низ Понтско-касписката Степа и во источна Европа.

Наследници на праиндоевропскиот јазик

Фамилија Прајазик Опис Изумрени јазици Современи наследници
Анадолски праанадолски Денес се сите изумрени, а најдобро документиран е хетскиот јазик. хетски, лувиски, палајски, ликиски, лидиски, кариски, писидиски, сидетски Не постојат живи наследници на праанадолскиот јазик.
Тохарски пратохарски Гранка на изумрени јазици познати од ракописи кои датираат од 6ти до 8ми век од нашата ера пронајдени во северозападна Кина. тохарски A, тохарски B Не постојат живи наследници на пратохарскиот јазик.
Италски праиталски Во оваа група спаѓале повеќе јазици, меѓутоа сите денешни преживеани јазици се потомци на латинскиот. латински, фалиски, умбриски, оскански, афроромански, далматински португалски, галисиски, шпански, ладино, каталонски, окситански, француски, италијански, реторомански, романски, влашки, сардински, корзикански, венецијански, латински (како литургиски јазик на католичката црква и официјален јазик на Ватикан), пикардски, мирандски, арагонски, валонски, пиемонтски, ломбардски, наполитански, сицилиски, емилијаноромањолски, лигурски
Келтски пракелтски Некогаш зборувани низ цела Европа, а денес главно се ограничени на нејзиниот северозападен дел. галски, келтиберски, пиктски, кумбриски, староирски, средновелшки ирски, шкотски, велшки, бретонски, корнски, мански
Германски прагермански Се разграниле на: западногермански, источногермански (денес изумрени) и северногермански јазици. староанглиски, старонордиски, готски, старогорногермански, старосаксонски, вандалски, бургундски, кримскоготски, норн англиски, германски, африканс, холандски, јидиш, норвешки, дански, шведски, фризиски, исландски, фарски, луксембуршки, шкотски, лимбуршки.
Балто-словенски прабалтословенски Се разграниле на балтички и словенски јазици. пруски, старословенски, јатвиншки, селонски, полапски, кнаански Балтички: латвиски и литвански

Словенски: руски, украински, белоруски, полски, чешки, словачки, лужички, српско-хрватски, бугарски, словенечки, македонски

Индоирански праиндоирански Се разграниле на индоариски, ирански и нуристански јазици. ведски санскрит, пали, пракритски јазици; староперсиски, партски, азарски, мидиски, елу, согдиански, сака, авестиски, бактриски Индоариски: хиндустански (хинди и урду), маратски, силхетски, бенгалски, асамски, одија, конкани, гуџаратски јазик, непалски, догри, ромски, синдски, маитхили, синхалски, малдивски, пенџапски, кашмирски, санскрит (оживеан);

Ирански: персиски, паштунски, белуџиски, курдски, зазански, осетски, лурски, талишки, татиски, гилански, мазендерански, семнански, јагнобски; нуристански

Ерменски праерменски Се разгранил на источноерменски и западноерменски. класичен ерменски ерменски
Хеленски прагрчки антички грчки, антички македонски грчки, цаконски
Албански праалбански Албанскиот е единствениот современ јазик кој припаѓа на засебна гранка на индоевропската јазична фамилија. илирски (спорно)

дако-тракиски (спорно)

албански

Наводи


Tags:

Индоевропски јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Селин ДионСтрептококиПеколот (Божествена комедија)ГихтСирма ВојводаПере ТошевFДаниела ТемелковскаВинсент ван ГогНаум ПетрескиТрета македонска фудбалска лигаРуса треваМагдоносАдам и ЕваИгор ЈаневУрошевацСписок на реки во МакедонијаЈасен (резерват)ПрагаДржавни празници во МакедонијаУмаАнгиографијаЖивотниБременостМакедонски денарМиом на маткаТифусАнтибиотикКуниЦрн дробОхридска пастрмкаХоландијаРадио-телевизија СрбијаЦрква „Св. Недела“ - РанченциРесенРак на грлоБелградДаут ХарадинајЈужна АмерикаВиницаПланинарски дом „Караџица“ЦапариЈошка МиленковскиДуховденБитолаСуданДиазепамВладо ЧерноземскиБлаже КонескиРиби (хороскопски знак)Општина БитолаМиле ЗечевиќХемороидСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ПоткастКлеткаВлатко СтефановскиМакедонска кујнаПетре М. АндреевскиМакедонска револуционерна организацијаОслободителна народна армијаСветско населениеГрузијаМачкаРаштакЛимфомСкопски земјотрес (1963)БудимпештаКети Дончевска-ИлиќМакедонско ракописно писмоКонстантин КирковКатастарски општини во МакедонијаМали сипанициСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаВлада на МакедонијаФК Брајтон енд Хоув АлбионКајмак (филм)Земја (планета)🡆 More