Пикардски Јазик

Пикардскиот (picard) е романски јазик, дел од групата на западноромански јазици од подгрупата на оилски јазици.

Јазикот е сроден со францускиот, кој е исто така дел од групата на оилски јазици. Јазикот се зборува во северниот дел на Франција (Норд-Па-де-Кале и Пикарди), и во Белгија во регионот Валонија.

Пикардски јазик
Picard
Застапен воФранција, Белгија
Говорници~ 700,000  (2008)
Јазично семејство
Статус
Службен во
нема
(признат како регионален јазик во Белгија)
Јазични кодови
ISO 639-3pcd
Linguasphere51-AAA-he

Статус

Пикардскиот е официјално признат како „регионален јазик“ во Валонија, Белгија, заедно со валонскиот, лоренскиот и шампањскиот. Овој пример не бил проследен од Франција и јазикот не е признат како регионален во Франција (таква е политиката на Франција кога се однесува за малцинските јазици). Сепак може да се пронајдат извештаи во Франција каде се дава посебен статус на пикардскиот, различен од францускиот.

Зборовен фонд

Поголемиот дел од зборовите во пикардскиот јазик потекнуваат од латинскиот.

македонски пикардски
англиски Inglé
здраво! Bojour ! или Bojour mes gins ! (формално) или Salut ti z’aute ! (неформално)
добра вечер Bonsoèr !
добра ноќ! La boinne nuit !
пријатно! À l’arvoïure ! or À t’ervir !
Имаје убав ден! Eune boinne jornée !
молам Sins vos komander (формално) или Sins t' komander (неформално)
благодарам Merchi
се извинувам Pardon или Échtchusez-mi
Како се викате? Kmint qu’os vos aplez ?
Колку? Combin qu’ ha coute ?
не разбирам Éj n' comprinds poin.
Да, јас разбирам. Oui, j' comprinds.
помош! À la rescousse !
Можете да ми помогнете? Povez-vos m’aider sins vos komander ?
Каде се тоалетите? Dousqu'il est ech tchioér ?
Зборувате англиски? Parlez-vos inglé ?
Не зборувам пикардски. Éj n’ pérle poin picard.

Броеви

  • 1: un (m) / eune (f)
  • 2: deus
  • 3: troés
  • 4: quate
  • 5: chonc
  • 6: sis
  • 7: sèt
  • 8: uit
  • 9: neu
  • 10: dis
  • 11: onze
  • 12: dousse
  • 13: trèsse
  • 14: quatore
  • 15: tchinse
  • 16: sèse
  • 17: dis-sèt
  • 18: dis-uit
  • 19: dis-neu
  • 20: vint

Употреба

Пикардскиот не се учи во француските училишта и се зборува само во секојдневниот, приватен живот. Јазикот бил предмет на проучувања во универзитетите во Лил и Амјен. Поради слободното движење на народот, различните пикардски дијалекти стануваат се послични и меѓусебно поразбирливи. Во секојдневниот говор, кај јазикот се појавува тенденција да ги губи своите специфичности и да се претопува во францускиот.

Пишан пикардски

Денес пикардскиот е воглавно устен јазик. Сепак, ова не било секогаш така. Пикардскиот јазик имал писмена форма и во средновековито се произвела солидна литература на пикардски јазик. Сепак јазикот не се воздигнал како меѓурегионален јазик, што на францускиот му успеало, и останал регионален.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Пикардски Јазик СтатусПикардски Јазик Зборовен фондПикардски Јазик УпотребаПикардски Јазик Пишан пикардскиПикардски Јазик ПоврзаноПикардски Јазик НаводиПикардски Јазик Надворешни врскиПикардски ЈазикБелгијаВалонијаЗападноромански јазициОилски јазициРомански јазициСевер-Па де КалеФранцијаФранцуски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Љубе БошкоскиЗагадувањеОпштина КичевоОксидационо-редукциона реакцијаОпштина НовациЉубчо ГеоргиевскиМасакр кај ВејцеДебрцаЉубомир ГајдовПретседателЗамок БранМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаТалофитСтара скопска чаршијаЖивотниМакедонски парламентарни избори (1998)ГаличицаГолеми и мали (роман)ДрамаСписок на држави по населениеКрешник БектешиКонтинентОвчи сипанициПанонски легендиМакедонска азбукаАтрибут во македонскиот јазикСлезинаОпштина ПрилепСписок на држави во светотТоше ПроескиЛарингитисОпштина ЦентарДемографија на МакедонијаКомуњарМендух ТачиЛокални избори во Македонија (2009)Адаптација (биологија)ОдбојкаГолемата вода (роман)Список на македонски народни поговоркиМакедонски денарМакедонија во металното времеПрва влада на Никола ГруевскиПреспанско ЕзероДоксициклинПолжавиЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарВиртуелна машина‘Рбетен столбГемиџииСузана СпасовскаАвтобиографија (Григор Прличев)Глас за МакедонијаПрво заседание на АСНОМСкратеници во македонскиот јазикГлаголицаПелистерПневмонијаРак на дојкаВлада на МакедонијаПодржи КоњИзбирачко местоМакедонски парламентарни избори (2011)КавалСписок на градови во МакедонијаПолскаРак (болест)МозокДен на планетата ЗемјаКостадин КостадиновАлшарРомски јазикРамазанКисел дождТартифХипотироидизамВитамин Б6🡆 More