Далматински Јазик

Далматинскиот е исчезнат романски јазик што порано се зборувал во Далмација во Хрватска па сè до јужниот дел на приморјето до Котор во Црна Гора.

Изумрел под влијание на словенскиот супстрат, но и под дејство на друг романски јазик, венецискиот, кои ќе го истиснат постариот романски слој, далматскиот. Луѓето што го зборувале јазикот живееле во градовите: Задар, Трогир, Сплит, Дубровник, и Котор или Iadera, Tragurium, Spalatum, Raugia и Cattaro, секој од овие градови си имал свои дијалекти но исто така и на островите: Крк, Црес и Раб или 'Vikla, Crepsa и Arbe.

Далматински јазик
Застапен воХрватска, Црна Гора
ПодрачјеЈадранско приморје
Јазично семејство
Италско
  • Романско
    • Италозападно
      • Италодалматинско
        • далматински јазик
Јазични кодови
ISO 639-2roa
ISO 639-3dlm
Далматински Јазик
Тоне Удаина, последниот говорник на далматинскиот јазик

Далматскиот јазик најдолго се задржал на островот Крк, каде што се одржал дијалектот наречен вељотски (по италијанскиот назив за овој остров Veglia) до крајот на 19 век. Пред самото исчезнување, италијанскиот јазичар Матео Бартоли (итал. Matteo Bartoli) успеал да го забележи говорот на рибарот Тоне Удаина (итал. Antonio Udina) кој бил убиен на 10 јуни 1898 од мина. Покрај скромните сведоштва во архивските документи и во Бартолиевото дело "Das Dalmatische", останале и зборови во локалните венетски и хрватски говори. Така денес во српскиот и во хрватскиот јазик останале далматските зборови: лигна, јарбол, гирица, капула (‘црн лук‘).

Некои од својствата на далматскиот гласовен систем се следните: - задржување на дифтонгот AU: PAUCUM > pauk (мак. пајак) - дифтонгизација и во затворен слог: FESTA > fyasta, MORTEM > muarte, но и дополнително затворање во отворениот слог: PETRAM > pietra > pitra (мак. камен), LOCUM > luoku > luk (мак. лак) - задржување на безвучните оклузиви: balatura, kapula, praskva; - задржување на согласната група PT: SEPTE > syapto

Tags:

ДалмацијаДубровникЗадарКоторКркРаб (остров)Романски јазициСплитСупстратТрогирХрватскаЦресЦрна Гора

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Денес над МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 1990Рахим БекириСвети ГеоргиКирил ПејчиновиќПоткастПрво заседание на АСНОМТито ПетковскиОхридМасакр во СребреницаБујар ОсманиСтевчо ЈакимовскиОпштествено уредувањеМечкаИзборна единица 6УДБАЛозје (книга)Македонски месециБактерииОпштина Кисела ВодаПутурусМакедонијаМакедонија (регион)Придавки во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 1998Велигденски јајцаМакедонски претседателски избори, 2014Гзим ОстрениРелигија во МакедонијаИзборна единица 3Јулијански календарБерлински конгресХипотироидизамЗмијаДржавни празници во БугаријаДемократска партија на Турците на МакедонијаИсусово воскресениеБогородицаПолип на маткатаАтинаИстанбулОпштина Маврово и РостушеПрва влада на Бранко ЦрвенковскиСтојан АндовПипи Долгиот ЧорапТарабукаОдбивање (физика)ТромбоцитопенијаКрсте Петков МисирковТалат ЏафериМакедонски јазикАвтобиографија (Григор Прличев)Македонија во металното времеРеферендум во Македонија (2004)Вооружена престрелка во Куманово (2015)Хазби ЛикаЛазарова саботаЧернобилска несреќаНикола КаревГордана Силјановска-ДавковаВештачка интелигенцијаОпштина НовациЛила СтојановскаАлопецијаИзет МеџитиЕвропска УнијаЕнзимКошаркаТартифКостадин КостадиновНова либерална партијаМаја ИвановаЕрих КестнерСтара скопска чаршијаАлбанијаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаЉубомир ФрчкоскиПрилеп🡆 More