Мала Пиштарка

Малата пиштарка (науч. Apus apus) е средно голема птица, надворешно многу слична на селската или градската ластовичка, но малку поголема.

Мала пиштарка
Мала Пиштарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Пиштарковидни
Семејство: Пиштарки
Род: Apus
Вид: Мала пиштарка
Научен назив
Apus apus
(Linnaeus, 1758)
Мала Пиштарка
Распространетост

Таа е сосема неповрзана со овие врапчевидни видови и спаѓаат во посебен ред Apodiformes (пиштарковидни). Сличноста произлегува од животниот стил кој е речиси ист. Научното име произлегува од старогрчките α „без“, и πούς, „нозе“. Овие птици имаат многу кратки нозе кои ги користат за качување по вертикални гребени. Доброволно тие никогаш не се на земја, каде се многу ранливи на несреќи и од грабливци.

Таксономија

Малата пиштарка е една од многуте видови опишани од Карл Лине во неговата Systema naturae во 1758. Претходниците на средноевропските подвидови кои живееле за време на последното ледено доба, биле опишани како Apus apus palapus.

Опис

Малата пиштарка е долга 16-17 см и има распон на крилјата 38-40 см. Тие се речиси целосно црнокафеави, освен малата бела или светла дамка кај брадата која не е видлива од далечина. Имаат кратка чаталеста опашка и многу долги наназад свиени крилја во форма на полумесечина или бумеранг.

Нивниот повик е силно врескање во два различни тона, од кои повисокиот е од женките. Често прават „врескачки забави“ за време на летните вечери кога 10-20 птици летаат околу своето место за гнездење, пискајќи и добивајќи одговор од птиците што се во гнездата. Поголеми „врескачки забави“ се формираат на поголема надморска височина, особено подоцна во сезоната на парење. Целта на овие забави не е сосема позната, но може да ја вклучува подготовката за „спиење на крило“, додека паровите сè уште ги минуваат ноќите во гнездо.

Распространетост

Малите пиштарки се птици преселници. Летно време се размножуваат од Шпанија и Ирска на запад, до Кина и Сибир на исток. На југ, нивната распространетост достига до северна Африка (Мароко и Алжир), и ја има на Средниот Исток, во Израел, Либан и Сирија, преку Турција, во цела Европа вклучувајќи ја и Македонија, на север сè до Норвешка и Финска. Ги нема во Индија. Се селат во екваторска Африка.

Поведение

Размножување

Мала Пиштарка 
Младенче, сè уште неспособно да лета

Пиштарките може да гнездат во дупки од клукајдрвци во старите шуми, како што се забележани 600 птици во Биаловиеската Шума во североисточна Полска, или помала колонија во комбинирани гнезда - дупки од клукајдрвци и куќички за птици, во Шкотска. Поради намалување на природните вгнездувачки места, со уништување на шумите, сè повеќе пиштарки прифаќаат вештачки места во урбаните средини. Таму гнездата ги градат под тераси, прозорци, под стреи со природни материјали фатени во воздух и врзани со нивната плунка.

Пиштарките создаваат парови кои живеат заедно повеќе години и често се враќаат на истото место за гнездење поправајќи си ги истите гнезда што се подразрушиле за време на нивното 40-неделно отсуство за време на преселбата.

Младенчињата може да ја спуштат својата телесна температура и метаболизам ако има потреба, за да преживеат неколку дена без храна.

Исхрана

Мала Пиштарка 
Неколку птици во лет

Освен додека инкубираат, малите пиштарки го минуваат својот живот во воздух, ловејќи инсекти во лет, тие јадат, пијат, често и се размножуваат, па дури и спијат во лет. Ниту една друга птица не поминува толку време во лет. Хранењето може да биде многу долго поради оддалеченоста, на места богати со инсекти, како што се влажните краишта. Јата од над 2000 птици не се невообичаени да се видат над поплавени земјишта, езера и мочурливи речни делти кои се собираат таму во оддалеченост од 100 км полупречник.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Мала Пиштарка ТаксономијаМала Пиштарка ОписМала Пиштарка РаспространетостМала Пиштарка ПоведениеМала Пиштарка ГалеријаМала Пиштарка НаводиМала Пиштарка Надворешни врскиМала ПиштаркаБиномна номенклатураВрапчевидниГрадска ластовичкаРед (биологија)Селска ластовичка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Скорпија (хороскопски знак)ГерманијаПанде ПетровскиПанкреасСписок на змии во МакедонијаПетре М. АндреевскиСолунска ГлаваМирко ПецевВикипедија на македонски јазикРимско ЦарствоФејсбукСредоземно МореВакцина против тетанусАрсо ЛоквичкиИталијаАкутен бронхитисКочаниФудбалска федерација на МакедонијаСписок на македонски писателиПајациВласиВтора светска војнаЧовечки папиломен вирусДељадровциГариДолни ДисанМарс (планета)Општини во МакедонијаРаде ШербеџијаКалендар на Велигденски датумиМарихуанаЕгипетМакедонско ракописно писмоГлаголицаАдам и ЕваПрва македонска фудбалска лигаТегавецПробиштипОпштина КавадарциОбична смрчкаАвантурите на Хаклбери ФинАдминистративна поделба на МакедонијаСлезинаХајди (роман)НеготиноМачкаТромбоцитопенијаПоникваКрлежиМечкин лукМакедонско-римски војниОпштина ЧаирИДијалекти на македонскиот јазикМакедонска крвава свадбаАнасонДванаесет АпостолиСоединети Американски ДржавиАргентинаРуса треваБрадикардијаСлобода или смртМенопаузаА1-телевизијаРепублика СрпскаВелигденГаличникМалтаВевчаниВиолина‘Рбетен столбОмораниСлепченски манастир (Демирхисарско)Драги КостовскиМозок🡆 More