Панде Петровски: македонски генерал

Панде Петровски (26 декември 1943 – 31 декември 2006) — македонски воен генерал, петти началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија за време на вооружениот конфликт во 2001 година.

Панде Петровски
Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања
Роден 26 декември 1943
Живојно
Починал 31 декември 2006
Битола

Животопис

Панде Петровски е роден на 26 декември 1943 година во битолското село Живојно, денес во општина Новаци. Дедо му Петре учествувал во Илинденското востание и во Првата светска војна, а татко му Алексо во народноослободителната борба во текот на Втората светска војна, при што двапати е ранет. По завршувањето на средното образование во 1962 година, Петровски се запишува на Воената академија на Копнената војска на Југословенската народна армија во Белград, СР Србија, и истата ја завршува во 1965 година со висок успех.

ЈНА (1965–1992)

Потпоручник Петровски ја започнува својата служба во Југословенската народна армија (ЈНА) како командир на вод во 4. оклопна бригада во Јастребарско, кај Загреб, во СР Хрватска. Поголемиот дел од својата воена служба го поминува во Јастребарско, од 1965 до 1976 година. Во 1968 година е одликуван со Орден за воени заслуги со сребрени мечеви, а следната 1969 година е унапреден во чин поручник. Од 1969 до 1970 година е командир на чета. Од 1970 до 1971 година е заменик командант на баталјон. Во 1971 година е унапреден во чин капетан. Од 1971 до 1972 година е референт за физичко воспитување во бригадата. Од 1972 година е командант на баталјон. Во 1973 година вонредно е унапреден во чин капетан 1. класа, а следната 1974 година е одликуван со Орден на народната армија со сребрена ѕвезда, негово највисоко одликување во ЈНА, иако понатаму е одликуван со уште два ордени.

Во 1976 година завршува командно-штабна академија и е преместен во Прилеп, каде што е помошник на началник на штаб за оперативно-наставни работи. Во 1977 година вонредно е унапреден во чин мајор. Во 1981 година е преместен во Велес, каде што е заменик командант на 212. механизирана бригада, како и началник на штаб на бригадата. Во 1982 година е унапреден во чин потполковник и одликуван со Орден на трудот со сребрен венец. Откако ја завршува Школата за национална одбрана во Белград, во 1986 година вонредно е унапреден во чин полковник и е преместен во Приштина, САП Косово, СР Србија, каде што е командант на 15. механизирана бригада.

Во 1989 година е преместен во Скопје, каде што е началник на орган за персонални работи во 3. армиска област. Во 1990 година е одликуван со Орден за воени заслуги со златни мечеви.

АРМ (1992–2002)

По распадот на СФР Југославија и дезинтеграцијата на Југословенската народна армија, Петровски, како и други припадници на ЈНА со потекло од Македонија, преминува на служба во Армијата на Република Македонија (АРМ), формирана во 1992 година, при што е командант на 2. армиски корпус во Битола, учествувајќи во неговото формирање. Во 1993 година е унапреден во чин генерал-мајор. Во 1996 година е преместен во Скопје, каде што е помошник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност. Во 1997 година е унапреден во чин генерал-потполковник.

Во 1998 година Петровски е назначен да раководи со реорганизацијата на Армијата.

Петровски предвремено е пензиониран во 2000 година. Но, следната 2001 година е вратен во Армијата. За време на вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година, со Указ број 22 на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски од 21 март 2001 година, Петровски е поставен за заменик на началникот на Генералштабот на Армијата, тогаш Јован Андревски.

Началник на ГШ на АРМ

Во виорот на конфликтот, Петровски е началник на Генералштабот на Армијата, но само 3 месеци. По избувнувањето на воениот судир во Македонија во 2001 година тој бил повикан да помогне во настаната ситуација. Неговиот личен став бил дека воениот судир бил агресија наметната од надвор. Враќајќи се во редовите на АРМ тој ја испланирал успешната акција за ослободување и освојување на Тетовското Кале, како и акциите во Арачиново и Кумановско-липковскиот крај. На 12 април 2001 по успешната акција за ослободување на Тетовското Кале, лично и писмено му било честитано за големата победа на вооружените сили на Република Македонија од страна на генерал-мајор Ричард Грифитс, шеф на МПРИ од САД.

Мисли

Како војник, и како граѓанин на Република Македонија, кој беше директен сведок во случувањата со кризата во РМ, лично сум заинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на тие случувања и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на РМ имаат право да ја сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од неа во најголема мерка, а некои и неповратно, ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба да му дадат очет на македонскиот граѓанин.

Одликувања

    Забелешка: Списокот на одликувања може да не е целосен.
  • Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Орден на народната армија со сребрена ѕвезда (1974)
  • Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Орден на трудот со сребрен венец (1982)
  • Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Орден за воени заслуги со златни мечеви (1990)
  • Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Панде Петровски: Животопис, Мисли, Одликувања  Орден за воени заслуги со сребрени мечеви (1968)

Наводи

  • Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис (2017). Стојановски, Мирослав (уред.). Воени генерали од Mакедонија (1943–2017) (второ. изд.). Скопје: Клуб на генерали на Република Македонија. стр. 268–271.
Претходник
Јован Андревски
Началник на Генералштабот на АРМ
2001
Наследник
Методи Стамболиски

Tags:

Панде Петровски ЖивотописПанде Петровски МислиПанде Петровски ОдликувањаПанде Петровски НаводиПанде Петровски1943200626 декември31 декемвриВоен конфликт во Македонија, 2001Началник на Генералштабот на АРМСписок на генералите и адмиралите од Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Загрозен видСрпска напредна странка во МакедонијаТурцијаСвети Наум (манастир)Масакр во СребреницаПечалбариГлавна страницаДоксициклинИлинденско востаниеТеодосиј СинаитскиАндреј ЖерновскиОпштина Гази БабаДемократи (политичка партија)АутизамДвижење БесаПопулизамАлжирИзборна единица 3ДрамаАтрибут во македонскиот јазикСписок на повикувачки броеви на земјитеТартифСтевчо ЈакимовскиДемократска партија на Турците на МакедонијаПингвинИлинка МитреваПреспански договорЦар СамоилМакедонски парламентарни избори (2006)УДБАЖолчкаОпштина ЖелиноПолскаКомуњарГРОМИсламОхридДневникот на Ана ФранкСписок на тегоби и болки на стапалатаНационални паркови во МакедонијаМакедонски претседателски избори (1994)Македонски парламентарни избори, 2002Сојуз на комунистите на МакедонијаРоднински односиМакедонска радио-телевизијаДемократски сојузЗагадување на воздухотГарванот (поема)Борислав КрмовКомунизамХипотироидизамТуберкулозаМултипла склерозаГлас за МакедонијаПретседател на МакедонијаСобрание на Република МакедонијаГ’зим ОстрениЧернобилска несреќаОпштина АеродромКловерфилдДиво месо (драма)Црн дробВикипедија на македонски јазикОслободителна народна армијаСлуз-цедење во грлотоБалкански рисВештачка интелигенцијаДоктор ОфболиАмазонМалтаНикола ПопоскиЈоаким КрчовскиГордана СилјановскаРепублика МакедонијаВлада на Димитар КовачевскиПрва светска војнаПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеЛибан🡆 More