Хороскопски Знак Скорпија

Хороскопскиот знак Скорпија (латински: Scorpius, грчки: Σκορπιός) го носат оние коишто се родени помеѓу 23 октомври и 21 ноември.

    За животното со истото име, видете скорпија.

Со овој знак владее планетата Плутон. Симболот Знакот на скорпијата го претставува убодот на опашката на скорпијата, или машки полов орган.

Хороскопски Знак Скорпија
Скорпија

На пат низ зодијакот

На осмиот степен, човекот се соочува со кризите на вербата, и потпаѓа во разни искушенија. Се бараат границите на искуството. Комбинацијата на негативна фиксна вода на Скорпијата ѝ дава навика за размислување, длабока емотивна сила, а владетелот Плутон додава сила да се случи трансформацијата. Друг симбол на Скорпијата е орелот што лета.

Мотивација

Скорпијата не го прифаќа животот лесно. Има чудесна меморија: не заборава неправда, ниту љубезност. Мислењето за другите штом еднаш ќе го формира, може да биде за цел живот. Скорпијата е критична кон другите, лесно ги наоѓа нивните слабости и ги користи за да си игра со нив. Оние што ѝ сметаат може да бидат „каснати“. Скорпијата е фасцинирана од сè што е скриено, мистериозно, окултно. Тежнее да ги истражи тајните од било кој вид (од вашите лични тајни до тајните на униврзумот), а понекогаш тоа ќе го направи и со сомнителни средства.

Во работа и интереси

Повеќето Скорпии сакаат да работат во професии каде нивниот талент за истражување може да биде корисен. Ги има во сите видови истражувачки проекти (научници, детективи, судски експерти, доктори, ветеринари, хирурзи, психолози). Ги привлекуваат подземни или подводни активности (рударство, археологија, нуркање), и секогаш им е потребно да бидат сфатени сериозно.

Во односи

Скорпијата е срамежлива и ги крие своите чувства. Одбира да остане сама, побрзо отколку да биде одбиена. Но, кога еднаш ќе биде вовлечена во врска, постојана е и како љубовник и како пријател и како непријател. Скорпиите поседуваат личен магнетизам и се привлечни за спротивниот пол, но можат да чекаат со години додека да го најдат вистинскиот партнер за себе. Екстремно се љубоморни, а скандалите ги сфаќаат како можност за раздвижување на врската.

Домашен живот

Почестени сте ако сте поканети во домот на Скорпијата, затоа што тоа е приватна територија во која смеат да влезат само одбраните. Жената Скорпија ќе се занимава со средување по дома, а машкото Скорпија ќе го начекате како се занимава со поправка на некакви апарати, и сите делови ќе бидат на подот. Се разбира дека вие како гостин ќе бидете оставени сами да се забавувате, па можете да прочитате некоја книга од нивната домашна библиотека со детективска содржина. Вашите домаќини не си легнуваат рано, но од разговор ќе слушате само за болести или за нечија смрт, или сите заедно ќе се загледате во филмот на телевизија. Скорпиите родители се многу горди на своите деца, и ги поддржуваат во сите младешки глупости.

Зборови што ги опишуваат Скорпиите

Важи и за двата пола: длабоки, страсни, продорни, моќни, со јака волја, со само-контрола, мистериозни, темелни. Понекогаш: свирепи, критични, неискрени, љубоморни, морбидни, посесивни, навредливи, осветољубиви.

Користена литература

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.

Tags:

Хороскопски Знак Скорпија На пат низ зодијакотХороскопски Знак Скорпија МотивацијаХороскопски Знак Скорпија Во работа и интересиХороскопски Знак Скорпија Во односиХороскопски Знак Скорпија Домашен животХороскопски Знак Скорпија Зборови што ги опишуваат СкорпиитеХороскопски Знак Скорпија Користена литератураХороскопски Знак Скорпија21 ноември23 октомвриГрчки јазикЗнакот на скорпијатаЛатински јазикПлутон (астрологија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕвропаНепалПеперугиЃорѓи СугаревСтобиГалилео ГалилејКумановоСеверна АмерикаВранаБрзина на светлинатаМерилендОпштина Кисела ВодаЕкологијаАхилБраќа МиладиновциДонтов методДанела АрсовскаПолиграфЦар Едип (драма од Софокле)Венко ФилипчеЗевсИзборни единици во МакедонијаИзборна единица 2Галија (брод)Хемиска индустријаЖелезоПингвинИзбори во МакедонијаВлада на МакедонијаДемир ХисарГорјан ПетревскиБакарТелефонПравославиеПолип на маткатаГуливеровите патувањаАлиса во земјата на чудатаВртоглавицаБледски договор (1947)Цистична фиброзаТелевизијаПаралелограмБајкаЗаменки во македонскиот јазикОливера НиколоваПротестантствоСедум светски чуда на античкиот светИлузијаПолитички системАвстралијаОпштина БитолаРевизор (комедија)Општина КончеИменкаРевматоиден артритисОпштина ЗелениковоАлжирФашизамТурцијаГрб на МакедонијаЧовечко телоЗборник на МиладиновциАвстријаХипертензијаЈосиф СталинПраисторијаВолшебното самарчеДрогаМинато определено несвршено време во македонскиот јазикКронова болестДелогождиМакедонски парламентарни избори (2024)Студена војнаСтепенување на придавки во македонскиот јазикИзет МеџитиВрхбоснаФлејтаОпштина Боговиње🡆 More