Асирци

Асирците се етничка група која води потекло од денешните територии на Ирак, Иран, Турција и Сирија, но голем дел од нив веќе има мигрирано во Кавказ, Северна Америка и Западна Европа во последните неколку века.

Асирци
Sūrāyē / Sūryāyē / Āṯūrāyē
Асирци
Калдејски католици се молат во Света Курбана во Багдад, Ирак
Вкупен број
3,3 милиони
Подрачја со значајно население
 Асирци Ирак500,000 - 800,000
 Асирци Сирија877,000 - 1,200,000
 Асирци Иран74,000 – 80,000
 Асирци Турција15,000 – 24,000
 Асирци Либан100,000
 Асирци Шведска100,000 - 120,000
 Асирци САД100,000 - 490,000
 Асирци Јордан100,000 - 150,000
 Асирци Германија90,000
 Асирци Австралија24,505 - 60,000
 Асирци Канада38,000
 Асирци Русија70,000
 Асирци Холандија20,000
 Асирци Франција20,000
 Асирци Белгија15,000
 Асирци Швајцарија10,000
 Асирци Данска10,000
 Асирци Италија3,000
Јазици
сириски јазик, нео=арамејски јазици
арапски јазик, персиски јазик, турски јазик
Вероисповед
Сродни народи
Мхалами
други семитски народи

Стотици илјади живеат во асирската дијаспора и како бегалци од Ирак имаат големи заедници во Европа, поранешниот СССР, САД, Австралија, Нов Зеланд, Сирија, Јордан, и Либан. Други причини се Првата светска војна, Исламската револуција во Иран, Симелскиот масакр во Ирак и Асирскиот геноцид во денешна Турција.

Култура

Асирци 
Асирско дете во традиционална облека.

Асирската култура е поделена според религијата која ја имаат групите.[се бара извор] Јазикот се користи во црквата и секако во самите литургии. Имаат доста богати фестивали, особено за Божиќ и Велигден. Имаат и посебни свои празници како Акиту (Асирската Нова година).

Асирците се доста отворен и љубезен народ и често се поздравуваат со зборовите „Господ нека е со тебе.“ Како и сите други блискоисточни народи се поздравуваат исклучиво со десната рака, бидејќи левата асоцира на зло.

Асирците се народ кои се многу повеќе националисти отколку религиозни. Тие се горди на нивното потекло, нивното христијанство, и самиот факт што го зборуваат јазикот на Исус Христос. На децата могу често им се даваат христијански или асирски имиња како Ашур, Саргон, Шамирам, Ниневех, Нинос, Номрог итн. Крштевањето и Првата причесна се многу слични со еврејските обичаи. кога некој асириец ќе умре, три дена после погребот одат на гробишта и го прославуваат воскреснувањето на покојниот исто како и кај Исус Христос. Кога некој ќе почине луѓето носат црнина 40 дена и 40 ноќи во знак на респект спрема починатиот, а некогаш црнината ја носта дури и една година.[се бара извор]

Јазик

Асирскиот антички јазик е поврзан со акадскиот јазик (нарекуван и Асиро-вавилонски), на источните семитски јазици пишуван на посебно асирско писмо. Кога древна Асирија се проширила на запад, арамејскиот јазик станал доминантен. Арамејскиот бил и деклариран како меѓународен помошен јазик од Кралот Ашур-нирари V во 752 п.р.н.е[се бара извор] и станал лингва франка за време на Ачаеменидското владеење на Персија. Но во 1 век п.н.е, Акадскиот изчезнал. Современиот сиријски, како и да е дели некои локални сличности и секако двата јазика се семитски јазици,.

Повеќето од Асирците зборуваат на современиот сириски јазик, односно дијалекти како Калдеански и Туројо како и Асирски.

Говорниците на кој им е мајчин јазик, го викаат "Сиријак" или Сурет Суројо. Поради големите влјанија на јазиците во земјите во кои живеат ги користат и арапскиот, ерменскиот, персискиот или турскиот јазик. Во северен Ирак и западен Иран се и курдскиот.

Религија

Асирци 
Асирци 
Асирци 

Асирците станале христијани во текот на првиот век после христа, сè до крајот на третиот век кога сите се христијанизирале. Некои Асирци тврдат дека нивните предци станале христијани уште за време додека проповедал Исус Христос.

Асирците главно се поделени на следниве религиски групи:

  • припадници на Источен Сириски Обред, т.н Несторијанци
    • припадници на Асирска Источна Црква, т.н. Источни Сиријци или Асиријани.
    • припадници на Халдејска католичка црква, т.н халдејски христијани.
  • припадници на западен сириски oбред, т.н. Западни Сиријци, Сиријци-Арамејци, или Јакобити.

Мал број од Aсирците станале протестанти и тоа во текот на XX век, најверојатно преку британското влијание преку кое сега има добро организирана Асирска евангелистичка црква.

Музика

Асирската музика е поделена на три главни периоди и тоа:

  • Античка музика пишувана во Ур, Вавилон и Нинива;
  • средновековна и племенска фолклорна музика; и
  • современа музика.

Уметност

Асирската уметност е доста различна од таа на вавилонската, која била доминантна во Месопотамија. Се одликува со полихромни камени релјефи и украсени империјални споменици.

Кујна

Асирската кујна е многу слична и поврзана со другите блискоисточни кујни, во прв ред со арапската и турската кујна. Слична е и со ерменската, персиската и грчката кујна. Се смета дека Асирците ја измислиле баклавата во текот на 8 век п.н.е.

Познати Асирци

  • Мар Динха Хананија IV, патријарх на Асирската источна црква
  • Мар Емануел III Дели, патријарх на Халдејската католичка црква
  • Рози Малек-Јонан, американска глумица и писателка
  • Рамона Рина Амири, Мис Канада 2005
  • Тарик Азиз, бивш ирачки заменик-премиер
  • Ана Ешу, американска политишарка, член на Конгресот на САД
  • Хелена Гергис, канадски заменик министер за внатрешни работи
  • Џон Нимрод, американски политичар, член на Сенатот на САД
  • Јулијана Џендо, американска пејачка
  • Фаузи Франсо Тома Харири, ирачки министер
  • браќата Јозеф и Фарес Фарес, режисери и глумци од Шведска

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Асирци КултураАсирци Познати Асирци НаводиАсирци Надворешни врскиАсирциЕтничка групаЗападна ЕвропаИракИранКавказСеверна АмерикаСиријаТурција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеСтефан БогоевТито ПетковскиМедузаГемиџииАмди БајрамДојранско ЕзероШпанијаМала РечицаАрбен ЏафериАнтичка МакедонијаМаја ИвановаЃорѓија ПулевскиЈужна АмерикаМакедонски парламентарни избори, 2002Масакр во СребреницаЗајасРибиБалкански рисПросветителствоШишман АнгеловскиИзвршна властНезависен политичарДемократски сојузВелесСоцијализамМесечинаСписок на градови во Македонија по населениеКамен мост (Скопје)Рак на грлоМакедонски претседателски избори, 2004Зборник на МиладиновциОпштина Чучер-СандевоИзборна единица 5Демократска партија (Македонија)Национален парк ГаличицаКловерфилдЃурѓовденОзонска обвивкаКомуњарТристан и ИзолдаОпштина Центар ЖупаКиро ГлигоровАнтибиотик со широк спектар на дејствоХоландијаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиСписок на птици во МакедонијаЉубчо ГеоргиевскиХераклеја ЛинкестисРесенМакедонски претседателски избори (2019)УнгаријаВилијам ШекспирОпштина Старо НагоричанеСаво КлимовскиСкржавецот (Плавт)Берлински конгресБосна и ХерцеговинаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЈордан МијалковСтара скопска чаршијаМакедонциМакедонски парламентарни избори (1998)Придавки во македонскиот јазикФранческо ПетраркаСоцијалдемократска унијаСрпска напредна странка во МакедонијаБорис ТрајковскиВодаСтево ЦрвенковскиПартија за демократски просперитетАнтибиотикМасакр кај КарпалакЕгипет🡆 More