Чир На Желудникот

Чир на желудникот или Улкус - претставува оштетување на гастроинтестиналната слузокожа како резултат на неможноста на епителните клетки да му се спротивстават на дејството на хлороводородната киселина и на пепсинот кои се присутни во органите за варење.

Чир На Желудникот    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Етиологија

На појавата на улкусот влијаат повеќе фактори поврзани со генетското потекло и со животната средина. Стресот, алкохолните пијалаци, лековите против болка и инфекциите со бактеријата Helicobacter Pylori се најчестите фактори од околината кои влијаат на појавата на улкус. Желудочниот услкус почесто се јавува кај мажите и кај постарото население. Според истражувањата, емоционалниот стрес не е доволен за појава на улкус, туку само во комбинација со другите фактори на околината, со нестероидните инфламаторни лекови и со бактрериските инфекции. На пример, од надворешните фактори, познато е дека пивото и виното го поттикнуваат излачувањето на хлороводородната киселина; дека пушењето е фактор на ризикот од чир, зашто неповолно влијае врз зараснувањето на улцерациите; дека аналгетиците ја оштетуваат гастроинтестиналната мукоза; бројни други лекови (антидепресиви, бифосфонати, таблети со калиум хлорид, блокатори на калциумските канали, итн.) предизвикуваат пептично оштетување.

Симптоми

Најчест симптом е болка во горниот дел на стомакот, која започнува при внесувањето храна со чувство на притисок и подуеност на стомакот по јадење. Болката се одликува со периодичност, ритмичност и често повторување, а се јавува во вид на жарење, горење, чувство на тежина, кубење, притисок или чувство на глад. Болката не поминува по земањето храна, туку се засилува. Често, поради болката, заболениот зема помалку храна, а тоа води кон намален апетит и губење на телесната тежина. Често се јавуваат жиговина и ретростернална болка, додека мачнина и повраќање се јавуваат кај дуоденалниот улкус. Сепак, чирот на желудникот може да биде асимптоматски или да бидат со нетипични симптоми, така што може да имитираат симптоми на иритабилен колон. Најчесто, улкусот се наоѓа на хоризонталниот дел од желудникот, и тоа, многу почесто на помалата отколку на поголемата кривина.

Дијагноза

Чирот на желудникот се дијагностицира со радиографски (бариумско испитување) и со ендоскопски методи. Ендоскопијата е напрецизниот метод, зашто овозможува директна визуелизација и биопсија на слузокожата, така што укажува на тоа дали се работи за малигнитет или за инфекција со Helicobacter pylori. За докажување на бактериската инфекција се користат и неинвазивни тестови: уреаза - тест на дишење, тест за детекција на антигени во изметот и серолошки тест.

Компликации

Најчести компликации предизвикани од чир на желудникот се крварње, перфорација, пенетрација и стеноза. Крварењето е најчестата компликација - таа се јавува кај 15% од пациентите постари од 60 години.

Терапија

Лекувањето на чирот на желудникот зависи од причинителите, од тоа длаи се работи за почетен или рекурентен улкус, како и од тоа дали има дополнителни компликации. Целта на терапијата е да се отстрани болката, превенција на рекурентниот улкус и намалување на компликациите. Фармаколошката терапија вклучува примена на инхибитори на протонската пумпа - омепразол, пантопразол, есомепразол, а се применуваат и блокаторите на Н2 рецепторите. Улкусите кои се отпорни на терапија подолго до шест месеци се лекуваат хируршки.

Наводи

Tags:

Чир На Желудникот ЕтиологијаЧир На Желудникот СимптомиЧир На Желудникот ДијагнозаЧир На Желудникот КомпликацииЧир На Желудникот ТерапијаЧир На Желудникот НаводиЧир На ЖелудникотГастроинтестинален системЕпително ткивоПепсинХлороводородна киселина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Подржи КоњПоделба на властаСписок на реки во МакедонијаДрамаМасакр во СребреницаПутурусГоце ДелчевЦрн дробСтале ПоповБајкаКрвна групаАна ФранкОпштина Гази БабаДонтов методКрешник БектешиБегалкаРечник на стари македонски зборовиИзборни единици во МакедонијаХрватскаСписок на политички партии во МакедонијаДаниел ДефоСписок на држави во светотМочуриштеСиндром на стекнат имунолошки дефицитВанчо НиколескиТатјана ПетрушевскаМакедонски ораМакедонски народни инструментиОНАСкопјеКанцониеротДунавЖирафаГордана Силјановска-ДавковаБугаријаБиполарно растројствоАлшарПрирокВилијам ШекспирМалтаДенес над МакедонијаМакедонски претседателски избори, 1994ПретседателСвети Климент ОхридскиСистемски лупус еритематозусОпштина Чучер-СандевоМинистер за финансии на МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаДемократски сојузДанела АрсовскаОзонска обвивкаРисМитко ЧавковСлавко ЈаневскиСписок на држави по населениеОхридЦрква „Св. Софија“ — ОхридРадовишКрпен животОпштина ДојранМамутчевоВтора влада на Бранко ЦрвенковскиЗаушкиЃорге ИвановГликемијаМултипла склерозаЏо БајденИзборна единица 2КонсензусМакедонски претседателски избори (1994)Македонска радио-телевизијаДвижење БесаВлада на Љубчо ГеоргиевскиМакедонски парламентарни избори (2016)Камен мост (Скопје)НАТО🡆 More