Хју Мајкл Џекмен (роден на 12 октомври 1968) е Австралиски глумец и продуцент кој е инволвиран во филм, музички театар и телевизија.
Хју Џекмен | |
---|---|
Роден(а) | Хју Мајкл Џекмен 12 октомври 1968 Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија |
Занимање | глумец, продуцент, пејач, танчер |
Активен период | 1994–денес |
Познат(а) по | X-Men, Ван Хелсинг, Тони Награда, 81-ви Академски Награди, Real Steel, Клетници, Затвореници |
Сопружник | Дебора-Ли Фурнес (в. 1996) |
Деца | 2 |
Џекмен има добиено интернационални признанија за неговите улоги во познати филмови, претежно како херојски, временски и романтични карактери. Тој е познат по неговата долгорочна улога како Вулверин во X-Men филмскиот серијал, како и за главните улоги во Кејт и Леополд, Ван Хелсинг, Престиж, Австралија, Real Steel, Клетници, и Затвореници. Неговата улога во Клетници му ја донесе неговата прва номинација за Академска награда за Најдобар Глумец и неговата прва Златен Глобус Награда за Најдобар Глумец – Мјузикл или Комедија во 2013. Тој исто така е и пејач, танчер и глумец во мјузикли, и има добиено Тони Награда за улогата во Момчето од Оз.
Трипати водител на Тони Наградите, добивајќи Еми Награда за едно од овие појавувања, Џекмен исто така ги има водено и 81-те Академски Награди на 22 февруари 2009.
Џекмен е роден во Сиднеј, Нов Јужен Велс, син на Грејс МкНил (Гринвуд) и Кристофер Џон Џекмен, консултант образуван на Кембриџ. His parents were English and had come to Australia in 1967 as part of the "Ten Pound Poms" immigration. Еден од прадедовците на Џекмен бил Грк. Неговите родители биле посветени христијани, кои биле сменети од Евангелистот Били Грахам по нивниот брак. Џекмен има четири постари браќа и сестри, и бил второ дете кое е родено во Австралија. Тој исто така има помала полусестра, од другиот брак на неговата мајка. Неговите родители се развеле кога имал осум години, и Џекмен останал во Австралија со татко му и двајцата браќа, додека неговата мајка и две сестрисе преселиле назад во Англија. Како дете, Џекмен сакал да биде надвор, поминувајќи многу време на плажата и на кампувања и одмори низ цела Австралија. Тој сакал да го виде светот: "Ги поминував ноќите гледајќи во атласи. Одлучив дека сакам да бидам готвач на авион. Бидејќи кога бев во авион имаше храна, па претпоставив дека има готвач. Мислев дека тоа би била идеална работа."
Џекмен тргнал во основно училиште во Памбл Паблик Училиштето а потоа продолжил на Нокс Грамар Училиштето само за момчиња на Горниот Северен Брег на Сиднеј, каде учествувал во неговата продукција на Мојата Убава Дама во 1985, и станал капитен (претседател на класот) во училиштето во 1986. По матурирањето, поминал празна година работејќи во Апингам Училиштето во Англија. Кога се враќа, студира на Универзитетот за Технологија, Сиднеј, дипломирајќи во 1991 со БА воКомуникации. Во неговата последна година на универзитетот, посетил курс за глума за да надополни кредити. Класот ја извел Ваклав Хавел-овата Меморандум со Џекмен во главната улога. Тој подоцна искоментирал, "За време на таа недела се чувствував повеќе дома со тие луѓе отколку во сите три години [на универзитетот]".
Откако ја зел неговата диплома, Џекмен комплетирал едногодишен курс "Патувањето" во Центарот за Глумци во Сиднеј. За постојаното студирање глума, изјавил, "Сè додека не наполнив 22 години никогаш не го замислував моето хоби како нешто од што ќе можам да заработувам. Како момче, секогаш имав интерес кон театарот. Но идејата во моето училиште бење дека драмата и музиката се за да го комплетираат човекот. Не беше нешто од кое човек заработува. Преминав преку тоа. Најдов храброст да станам и кажам, 'Сакам да го направам тоа'." По завршувањето на "Патувањето", му била понудена улога во познатата сапуница Соседи но ја одбил за да студира на Западната Австралиска Академија за Изведувачки Уметности на Едит Кован Универзитетот во Перт, Западна Австралија, на која дипломирал во 1994.
Џекмен има кажано дека "секогаш сум го сакал глумењето но кога почнав со школата за драма бев како изгубен во класот. Едноставно не ми доаќаше како што треба. Сите беа подобри, сите изгледаа дека ќе бидат поуспешни, сите изгледаа поприродно во тоа и гледајќи наназад мислам дека тоа е доброe. Мислам дека треба да си претпазлив како глумец. Мислам дека е добро да се влезе на аудиција со мислење 'Треба да бидам најдобар за да ја добијам улогата.'"
Ноќта на неговата финална изведба на Академската Дипломска, Џекмен примил телефонски повик на кој му била понудена улога во Correlli: "Технички бев невработен околу тринаесет секунди." Correlli, смислена од Австралиската глумица Денис Робертс, била серија на АБЦ составена од 10 дела, првата поголема професионална работа на Џекмен , и каде ја запознал својата идна жена Дебора-Ли Фуентес: "Запознавањето со жена ми беше најдоброто нешто што мижеше да излезе од сето тоа." Шоуто траеше само една сезона.
По Correlli Џекмен отишол на сцената во Мелбурн. Во 1996, Џекмен го играл Гастон во локалната Дизниева продукција на Убавицата и Ѕверот, и Џо Гилис во Сансет Булевар. За време на неговата музичка кариера на сцената во Мелбурн, глумел во 1998 во Мидсумма Фестивалската кабаре продукција на Сумма Кабаре. Исто така ги водел Мелбурновите Carols by Candlelight и Сиднејските Carols in the Domain.
Почетната работа на Џекмен ги вклучува Кралевите на Ераксвил иPaperback Hero (1999), и неговата телевизиска работа вклучува Законот на земјата, Halifax f.p., Blue Heelers, and Бенџо Петерсон-овата Човекот од Снежната река.
Џекмен станал познат надвор од Австралија во 1998, кога ја играл главната улога како Карли во Ројалниот Национален театар-овата адаптирана продукција на Оклахома!, во Лондоновиот Вест Енд. Изведбата му донела Оливие Награда номинација за Најдобар Глумец во Мјузикл. Џекмен изјавил "Тотално се чувствував дека не може подобро од ова. На некое ниво оваа продукција ќе биде една од светлите точки во мојата кариера." Исто така играл и во 1999 филмска верзија од истиот сценски мјузикл, кој бил емитуван во многу држави.
Во 1999, Џекмен бил избран како Вулверин во X-Men на Брајан Сингер (2000), заменувајќи го Дугреј Скот. Негови колеги биле Патрик Стјуарт, Јејмс арсден, Фамке Јенсен, и Ијан МекКелен. Според ЦБС-овото интервју во ноември 2006, Жената на Џекмен Дебора-Ли Фурнес му рекла да не ја прифаќа улогата, совет којшто подоцна признала дека и е мило што го игнорирал.[се бара извор]
Вулверин бил тежок за да го изведе Џекмен бидејќи имал малку за говорење, но многу емоции за да ги изведе. За да ги изведе, тој го гледал Клинт Иствуд во Валканиот Хари филмовите и Мел Гибсон во Воин на Автопатот. "Овие беа момци кои имаат малку дијалог, како Вулверин, но се знаеше и се чувствуваше се. Не сум некојшто копира, но сакав да видам како овие момци го постигнале тоа." Џекмен бил непопустлив за да ги прави сопствените акробации во филмот. "Многу работевме на стилот на движење на Вулверин, и проучив некои боречки вештини. Гледав многу од борбите на Мајк Тајсон, особено неговите рани борби. Има нешто во неговиот стил, животинскиот бес, кој изгледаше како добар за Вулверин. Постојано им кажував на писателите, 'Не ми давајте долги, кореографирани борби жити се. Не ги правете борбите убави."
Џекмен морал да се прилагоди да ги носи канџите на Вулверин. "Секој ден во мојата дневна соба, само се шетав со канџите, да се навикнам на нив. Имам лузни на едната нога, дупки низ образот, на моето чело. Малку сум несмасен. Среќен сум бидејќи не им кажав за тоа кога бев на аудиција."
Џекмен е една стапка повисок од Вулверин, за кој во оригиналниот стрип пишува. Затоа, режисерите биле често принудувани да го снимат Џекмен од невообичаени агли или само од половината нагоресамо да изгледа понизок отколку што е, а неговите колеги носелеплатформски стапала. Од Њекмен исто така било барано да додаде голема колицина на мускули за оваа улога.
Џекмен ја репризирал неговата улога во 2003-тата X2: X-Men Обединети, 2006-тата X-Men: Последен Отпор, и во 2009-тата X-Men Потекло: Вулверин, иако Трој Сиван ја играше помладата верзија на Џејмс Ховлет. Тој исто така имаше појавување како Вулверин во 2011-тата X-Men: Прв Клас. Се врати во улогата на Вулверин повторно во 2013-тата The Wolverine, самостојно продолжение кое зазема место по настаните од X-Men: Последниот Отпор, и ќе го репризира своето појавување во продолжението во 2014 X-Men: Денови на Идното Минато.
Џекмен го глумеше Леополд во 2001 во романтичната комедија Кејт & Леополд, улога за која доби Најдобар Глумец Златен Глобус номинација. Џекмен игра Викторијански Англиски војвода кој не сакајќи патува низ времето во 21-иот век во Менхетн, каде ја запознава Кејт (Мег Рајан), циничен извршен директор во рекламна агенција. Во 2001, Џекмен исто така глуми во акциската драма Сабјарка со Џон Траволта и Хали Бери. Ова бил вторпат Џекмен да работи со Бери, и двајцата работеле заедно уште двапати во X-Men филмовите.
Водел една епизода на Сабота Навечер во Живо во 2001.
Во 2002, Џекмен ја испеал улогата на Били Бигелоу во мјузиклот Carousel во специјално концертно издание во Салата Карнеги со Оркестарот на Св. Лука.
Во 2004, Џекмен освоил Тони Награда и Драма Деск Наградата за Извонреден Глумец во Мјузикл за неговиот портрет во 2003–2004 на Бродвеј на Австалискиот кантавтор и изведувач Питер Ален во хит мјузиклот Момчето од Оз, кој исто го глумел и во Австралија во 2006. Исто така, Џекмен ги водел Тони Наградите во 2003, 2004, и 2005, собирајќи позитивни критики. Неговото водење во 2004 на Тони Хаградите му донеле Еми Награда за Извонреден Поединечен Изведувач во Музички или Комичен програм.
Џекмен бил колега со Даниел Крејг на Бродвеј во Скоенфелд Театарот во лимитирано емитување на претставата Постојан Дожд, која се емитувала од 10 септември 2009 до 6 декември 2009.
Се вратил на Бродвеј во ново шоу, Ху Џекмен, Назад на Бродвеј во Бросдхрст Театарот, кое започнало со изведби на 25 октомври 2011 и завршило на 1 јануари 2012.
По X2: X-Men Обединети, Џекмен ја играл насловната улога на убиец на чудовишта Габриел Ван Хелсинг во 2004 во филмот Ван Хелсинг. Џекмен и филмон биле спомнати во книгата на Брус А. МекКлеланд "Убијци и Ивнит Вампири: Културна историја на убивање на Мртвите".
Џекмен бил еден од изборите за да го игра Џејмс Бонд во 2006 во Казино Ројал, но на крај изгуби од Даниел Крејг. Џекмен глумел и во филмот Престиж, режиран од Кристофер Нолан и бил колега со Кристијан Бејл, Мајкл Кејн, и Скарлет Јохансон. Глумејќи го Роберт Ангиер, Џекмен претставил магионичар кој развил соперништво со Алфред Борден во обид да се надминат еден со друг в уметноста на илузијата. Џекмен изјавил дека главната причина за да глуми во Престиж било за да игра со музичарот Дејвид Боуви, кој го играл научникот Никола Тесла.
Џекмен претставил три различни карактери во научно-фантастичниот филм на Дарен Аронофски Фонтаната: Томи Крео, невролог, кој е разделен помеѓу неговата жена, Изи (Рачел Веиз) која умира од тумор на мозокот, и неговата работа пробувајќи да ја излечи; Капетан Томас Крео, Шпански Освојувач во 1532 Севиља; и иден астронаут, Том, патувајќи до златно соѕвездие во еколошко вселенско летало барајќи да биде заедно со Изи. Џекмен рекол Фонтаната бил неговиот најтежок филм до тогаш заради физичките и психичките побарувања за улогата.
Џекмен глумел и во филмот на Вуди Аленво 2006 Scoop заедно со Скарлет Јохансон. Таа година тој исто така ја репризирал улогата на Вулверин во X-Men: Последен Одбор. Ја заокружил 2006 со два анимирани филмови: Среќни Стапала, режиран од Џорџ Милер, во кој го глумел ликот на Мемфис, пингвин император; и Исфрлен, каде Џекмен го глумел глушецот со име Роди кој е исфрлен во семеен тоалет во Лондонскиот канализационен систем. Во Исфрлен глумел со Кејт Винслет и Ијан МекКелен (Четвртата соработка на Џекмен со него).
Во 2007, Џекмен ја продуцирал и глумел како гостин во телевизискиот Мјузикл-драмедија серијата Да живее смеењето, која била прекината од ЦБС по две епизоди. ВО филмовите на Џекмен за 2008 биле вклучени и Измама (во кој глумел и го продуцирал), Чичко Џони, и Австралија.
Во 2008, режисерот Баз Лурман го одбрал Џекмен да го замени Расел Кроу како главна машка улога во неговиот многу публициран епски филм, Австралија, во кој глумел со Никол Кидман. Премиерата на филмот била во ноември 2008 во Ацтралија и САД.
Џекмен играј јак, независен преносник на добиток, кој и помага на Англиска чесна жена во нејзината потрага да ги спаси Фармата за добиток на нејзиниот сопруг и Абориџинското мелез дете кое го пронаоѓа таму.
На филмот, Џекмен рекол, "Ова е претежно една од оние улоги кои ме тераа да се измачувам цело време на снимањето. Имав да снимам високобуџетен, бесрамно старовремски романтично епски сет неспроти едно од најтрубулентните времиња од античката историја на мојата земја, додека, во исто време, славејќи ја природната убавина на земјата, нејзините луѓе,нејзините култури... Ќе умрам среќен знаејќи дека го имам овој филм на моето CV."
Џекмен ја репризирал својата улога на Вулверин во продолженијата на X-Men филмовите. Џекмен глумел во X-Men Потекло: Вулверин чија премиера била во 2009. Џекмен пак глумел како Вулверин во 2013 во Вулверин. Џекмен имал кратко појавување како Вулверин во X-Men: Првиот Клас во 2012.
Џекмен имал монолог шоу во Куран Театар-от во Сан Франциско од 3 до 15 мај 2011. Продукцијата била мешавина од неговите омилени Бродвејски и Холивудски мјузикли, поддржано од 17-член оркестар, од шоуа како Оклахома и Момчето од Оз. Шоуто траело околу 100 минути, заедно со презентација од младоста, семејството и работата на Џекмен, исто така и еден-на-еден комуникација со публиката. Џекмен бил придружуван од неговите пријатели ветерани од музичкиот театар Мерл Данриџ и Ангел Рида.
Во изданието во ноември во 2012, Џекмен го позајмил гласот за улогата на Е.Астер Банимунд (Велигденското зајаче) во анимираниот филм Издигнување на Чуварите.
Џекмен глумел како Жан Валжан во филмот Клетници, адаптација на мјузиклот. Премиерата на филмот била на 25 декември 2012. For the role, he lost 15 pounds and later had to regain 30 pounds to mirror his character's newfound success. Тој ја добил наградата Златен Глобус за Најдобар Глумец – Мјузикл или Комедија во јануари 2013 за оваа изведба.
Џекмен се појавил заедно со Кејт Винслет во Филм 43, споена комедија, во јануари 2013.
Џекмен (заедно со глумицата Кристен Уиг) присуствувал на "Ти го имаш погледот", на песната од комичната хип-хоп група The Lonely Island на нивниот трет албум, The Wack Album, издаден во јуни 2013.
Во 2005, Џекмен му се придружил на долгогодичниот асистент Џон Палермо за да отворат продукциска компанија, Сиид Продакшн, чиј прв проект бил Да Живее Смеењето во 2007. Жената на Џекмен Дебора-Ли Фурнес е исто вклучена во компанијата, и Палермо имал направено три прстени со "единство" изгравирано за него, Фурнес, и Џекмен. Џекмен рекол, "Многу сум среќен од партнерите со кои работам во мојот живот, Деб и Џон Палермо. Навистина функционира. Сите имаме свои различни јаки особини. Ми се допаѓа. Многу е возбудливо."
Фокс-заснованата Сиид лабела пораснала во големина за да ги вклучи Аманда Швеитзер, Кетрин Тамблин, Алан Манделбаум и Џон арино, Со Алан Фри водејќи ја продукциската канцеларија во Сиднеј чија цел е да работи со скромно-буџетни филмови и да пронаоѓа локален талент во татковината на Џекмен.
Како филантропист, Џекмен е долгогодишен поборник за микрокредит – екстензија на многу мали кредити на перспективни стопанственици во сиромашни земји. Тој е гласовен поддржувач на Мухамед Јунуз, микрокредит пионер и добитнив во 2006 на Нобелова награда за Мир.
Џекмен е глобален советник на Глобалниот Проект за Сиромаштија, за кој раскажувал во документарец; и тој и основачот на проектот Хју Еванс ги посетиле ОН за целта во 2009. Џекмен водел проба за Проектот за Глобална Сиромаштија презентацијата во Њујорк заедно со Дона Каран, Лиза Фокс и неговата жена Дебора-Ли. Тој е исто и World Vision амбасадор и учествувал во Нујоршката церемонија на 21 септември 2009.
Џекмен ја поддржува уметноста не Елисеум and the MPTV Fund Foundation, и тој и неговата жена Дебора-Ли Фурнес се патрони на Бон Мароу Институтот во Австралија. Џекмен исто така раскажувал во документарецот за глобално затоплување во 2008, Сезоната на Горење.
Џекмен исто го користи својот Твитер профил за добротворни цели. На 14 април 2009, Џекмен објавил на неговата Твитер страна дека ќе донира 100.000 долари на една поединечна непрофитабилна организација. На 21 април 2009 ја објавил неговата одлука да донира 50.000 долари Charity:Water и 50,000 долари на Операцијата за Надеж.
Хју Џекмен и Даниел Крејг зазеле уникатно место за нив во историјата на Бродвеј Се Грижи/Борба на Еднаквост СИДА за собирање на средства на 8 декември 2009, кога било објавени дека собрале 1,549,953 долари на 21-иот годишен Gypsy of the Year натпревар, за шест недели појавување на нивната Бродвејска драма, Постојан Дожд.
Џекмен покажал голем интерес кон спортовите. Во средно, тој играл рагби и крикет, учествувал и во скок во височина и бил во пливачкиот тим. Тој уживал во кошарка и кајак. Покажал и интерес кон фудбал, посветувајќи се као поддржувач на Норич Сити ФК. Во Обединетите Држави, Џекмен навивал за Филаделфија Унион од Главната Фудбалска Лига, присуствувајќи на меч во ППЛ Парк во јуни 2010. На 22 јуни 2011, Џекмен повторно посетил домашен меч на Унион со Спортинг КЦ, седејќи напред со навивачката група Синовите на Бен, наречена "Ривер Енд".
Џекмен е долгогодичен навивач на Морските Орли, Национална Рагби Лига (НРЛ) клуб од северот на Сиднеј. Ја испеал Австралиската Национална Химна во 1999-тото НРЛ Големо Финале.
Џекмен исто така гостувал на 19 септември 2011 изданието на WWE Понеделник Навечер Raw, асистирајќи на Зак Рајдер во победата над WWE Шампион на Обединетите Држави Долф Зиглер. Џекмен им помогнал на "Long Island Iced Z" да победатво меч без титула удирајќи го шампионот во вилицата додека не гледал судијата.
Џекмен свири на пијано, прави јога, и е член наШколата за Практична Филозофија од 1992.
Џекмен бил страствен практичар на Трансендентална Медитација од неговата дваесетта година. "Ништо ми ги нема отворено ошите како Трансендентална Медитација. Ме прави смирен и среќен, и, добро, ми дава малку мир и тишина во приличјо хаотичниот живот!". Тој сега помага на Фондацијата на Дејвид Линч да "ја донесе медитацијата до сите на кои им е потребна".
Џекмен е нов амбасадор на Индискиот производител на мобилни телефони, Микромакс.
Џекмен се венчал со Дебора-Ли Фурнес на 11 април 1996 во Сб. Џон во Торак, Викториа, мало во Мелбурн. Тие се сретнале на снимањето на
Австралиското ТВ шоу Корели. Џекмен лично дизајнирал венчален прстен за Фурнес, и на нивните венчални прстени имало изгравирано
Санскрит натпис "Om paramar mainamar", кој во превос значи "ка посветуваме начата заедница на поголем извор". Фурнес имала два брака,
после кои таа и Џекмен посвоиле две деца, Оскар Максимилиан и Ава Елиот.
Во ноември 2013, Џекмен објави дека имал рак на кожата отстранет од носот.
Година | Филм | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
1999 | Кралевите на Еркенсвил | Вејс | |
1999 | Paperback Hero | Џек Вилис | |
2000 | X-Men | Логан / Вулверин | |
2001 | Кејт & Леополд | Леополд | |
2001 | Некој како тебе | Еди | |
2001 | Сабјарка | Стенли Џобсон | |
2003 | X2: X-Men Обединети | Логан / Вулверин | |
2004 | Ван Хелсинг | Габриел Ван Хелсинг | |
2004 | Ван Хелсинг: Лондонската задача | Габриел Ван Хелсинг (глас) | |
2005 | Приказни за изгубени души | Роџер | Сегмент "Соба Само за Стоење" |
2006 | Среќни стапала | Мемфис (глас) | |
2006 | Исфрлен | Роди (глас) | |
2006 | Престиж | Роберт Ангиер | |
2006 | [[Фонтаната {{{last}}}|Фонтаната {{{last}}}]] | Томас / Томи / Том Крео | |
2006 | Скууп | Питер Лиман | |
2006 | X-Men: Последниот отпор | Логан / Вулверин | |
2008 | Измама | Вајат Бууз | Исто и продуцент |
2008 | Чичко Џони | Чичко Расел | Краток Филм |
2008 | Австралија | Дроувер | |
2008 | [[Сезона на горење {{{last}}} (2008 film)|Сезона на горење {{{last}}}]] | Раскажувач | Документарец |
2009 | X-Men Потекло: Вулверин | Логан / Вулверин | Исто и продуцент |
2011 | X-Men: Прв Клас | Логан | Кратко појавување |
2011 | Снежниот Цвет и Тајниот обожавател | Артур | |
2011 | Real Steel | Чарли Кентон | |
2012 | Путер | Бојд Болтон | |
2012 | Издигнување на Чуварите | Банимунд (Велигденско Зајаче) (глас) | |
2012 | Клетници | Жан Валжан | |
2013 | Филм 43 | Дејвис | |
2013 | Волверин | Логан / Вулверин | Исто и продуцент |
2013 | Затвореници | Келер Доувер | |
2014 | X-Men: Денови на Идното Минато | Логан / Вулверине | Пост-Продукција |
2015 | Чапи | Винсент | Се снима |
Година | Серија | Улога | Забелешка |
---|---|---|---|
1994 | Законот на Земјата | Чарлс "Чика" МекКреј | Епизода: "Победи, Загуби и Нерешено" |
1995 | Correlli | Кевин Џонс | 10 епизоди |
1995 | Blue Heelers | Брејди Џексон | Епизода: "Само Дезертери" |
1996 | The Man from Snowy River | Данкан Џонс | 5 епизоди |
1998 | Halifax f.p. | Ерик Рингер | Епизода: "Исплашени од темнината" |
2001 | Saturday Night Live | Себеси/Водител | Епизода: "Хју Џекмен/Мик Џегер" |
2006 | An Aussie Goes Barmy | Раскажувач | 1 епизода |
2006–07 | Punk'd | Себеси | 2 епизоди |
2007 | Viva Laughlin | Ники Фонтана | Епизода: "Pilot", исто и извршен продуцент |
2008 | An Aussie Goes Bolly | Раскажувач | 6 епизоди |
2010 | Улицата Сесам | Себеси | Епизода: "Придонес за Бројот Седум" |
2011 | WWE Raw | Себеси/Водител | Епизода #955 |
2011 | Saturday Night Live | Даниел Редклиф | Епизода: "бен Стилер/Потикни ги Луѓето" |
2013 | Top Gear | Себеси | Епизода: "20.4" |
2014 | WWE Raw | Себеси/Водител | Епизода #1,091 |
Година | Наслов | Забелешка |
---|---|---|
2003 | 57-ми Тони Награди | ТВ Специјал |
2004 | 58-ми Тони Награди | ТВ Специјал |
2005 | 59-ми Тони Награди | ТВ Специјал |
2009 | 81-ви Академски Награди | ТВ Специјал |
2014 | 68-ми Тони Награди | ТВ Специјал |
Година | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
1998 | Оклахома! | Курли МекЛејн | Вест Енд |
2002 | Момчето од Оз | Питер Ален | Њујорк |
2002 | Карусел | Били Бигелоњ | Надвор од Бродвеј |
2003 | Момчето од Оз | Питер Ален | Бродвеј |
2006 | Момчето од Оз:Мјузиклот во Арената | Питер Ален | Австралија |
2009 | Постојан Дожд | Дени | Бродвеј |
2011 | Назад во Бродвеј | Себеси | Бродвеј |
„Хју Џекмен“ на Ризницата ? |
Претходник Мет Дејмон | People (магазин) 2008 | Наследник Џони Деп |
Претходник Бернадет Питерс & Грегори Хајнс | Тони награди водител 2003–2005 | Наследник Нема водител |
Претходник Џон Стјуарт | Академски Наградиводител 2009 | Наследник Алек Болдвин & Стив Мартин |
Предлошка:Водители на Оскар 2001–2020 Предлошка:Водители на Тони наградите
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Хју Џекмен, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.