Удвоени Согласки Во Македонскиот Јазик

Удвоените согласки во македонскиот јазик се две согласки едноподруго во префиксирани зборови, во членувани именки, како и во формите за суперлатив.

Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Како удвоени се јавуваат: т, д, с, з, ј, л, м, в и р.

Удвоени т и д

Согласките т и д се пишуваат удвоено во префиксирани зборови кога основниот збор почнува со т или д, а пред него стојат претставките од-, под- и над-.

    Примери: оттука, оттаму, поттик, поттикнува, оттогаш, оттуши, поттури, наттрча, оттиши, оттурне; одделно, оддели, оддалеку, одделение, оддел, оддава, оддалечен, оддаде, оддене, оддесно, оддивне, оддив, поддава, поддржи, поддршка, поддувне, наддаде, наддава, наддавач, наддели.

Согласката т се пишува удвоено и во членуваната форма кај именките од женски род на .

    Примери: смртта, потта, пролетта.

Исто така две т се пишуваат и во членуваната форма на простите броеви, како и бројните придавки образувани од броеви што завршуваат на .

    Примери: деветте, седумнаесетте, деветти, деветтиот, осумнаесеттиот, седумнаесетти.

На истиот начин се пишуваат и бројните форми со значење на дропка.

    Примери: една деветтина, една петтина.

Удвоени с и з

Согласките с и з се пишуваат удвоено во префиксирани зборови кога основниот збор почнува со с или з, а претставката е: из-, без- или раз-.

    Примери: бессонен, бессоница, бессолен, бессочен, бессочност, нессемеен, бессилен, бессемен, рассили, обессили, безземјен, беззаконие, беззаконик, беззабен, раззелени, раззаби, разземе, раззори, иззавитка, иззаклучи, иззабради, иззакрпи, иззапали, иззаврзе, иззавитка.

Удвоено м

Удвоено м се пишува во бројните форми за лица.

    Примери: осуммина, седуммина, дваесет и осуммина.

Удвоено ј

Удвоено ј се пишува во суперлативот од придавки што започнуваат со ј.

    Примери: јасен - најјасен, јужен - најјужен, јадар - најјадар, јак - најјак, јуначен - најјуначен, јаростен - најјаростен.

Удвоено в

Удвоено в се пишува во случај кога имаме префиксиран збор кој почнува со в, а претставката завршува со в.

    Примери: противвредност, противвоздушен, противвоен.

Удвоено л

Удвоено л се пишува во зборовите: абдаллак, бакаллак, ѕвездаллија, јамболлија, каллив, овтикаллија, параллија.

Удвоено п

Удвоено п се пишува во зборот: супполарен.

Удвоено р

Удвоено р се пишува во странски сложени зборови.

    Примери: суперревизија, суперрадио.

Извор

  • Круме Кепески, Граматика на македонскиот литературен јазик: за училиштата за средно образование, Просветно дело, Скопје, 1990.
  • Цветковски, Живко; Веновска-Антевска, Снежана. Правопис на македонскиот јазик (Второ издание. изд.). Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје. ISBN 978-608-220-042-2. Посетено на 19 ноември 2020.

Tags:

Удвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоени т и дУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоени с и зУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоено мУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоено јУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоено вУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоено лУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоено пУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик Удвоено рУдвоени Согласки Во Македонскиот Јазик ИзворУдвоени Согласки Во Македонскиот ЈазикМакедонски јазикПрефиксСогласкаЧлен (граматика)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПостмодернизамАфрикаСублимацијаКиро ГлигоровАвстријаМануил I КомнинСарај (Струмичко)Список на градови во ГерманијаКога тргнав ЦветоСанкт ПетербургХромозомДевојка со бисерна обеткаПсихологија на личностаДаме ГруевАјкулаАлиса во земјата на чудатаПравоаголникПланетаТигарЕфто ПупиновскиПолски јазикМакедонски народни песниВештачка интелигенцијаВојните во ЈугославијаАнгкор ВатКактусиЛавБиполарен споен транзисторЕрекцијаПетар ПанКратовоГуливеровите патувањаСреден векАутизамСвети Климент ОхридскиСДСМБалтиморМонголијаПустинаОксидСписок на држави по населениеАдаптација (биологија)СветЛирикаОтоманско ЦарствоИменки во македонскиот јазикМалтаХабл (вселенски телескоп)ЦицачиСостојба на материјатаХемоглобинСтарословенска азбукаДоктор ОфболиКронова болестПериоден систем на елементитеСоломонБарселонаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаОдбојкаТурцијаКатолицизмот во МакедонијаАнемијаЛимфомОхридПраисторијаСкопско КалеЦар СамоилВаршавски договорАтинаАнета МицевскаГарванот (поема)Британска Индоокеанска ТериторијаРастенијаБакарСписок на држави и територии по површинаДемократска унија за интеграцијаСонцеАлександар Сергеевич ПушкинБалкански Полуостров🡆 More