Акцент (латински: accentus, потпевнување) или нагласок — изделување на еден слог од зборот со помош на одредени фонетски средства како што се сила на издишаната воздушна струја, висина на тонот или квалитетот на гласот.
Акцентот ги засега самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот.[1] Во зависност од видот на изделената единица, било да е слог, збор или реченица, акцентот може да биде зборовен или слоговен и реченички или фразеолошки. [2]
При изговор на еден збор се забележува дека сите слогови во него не се изговараат со еднаква сила (еднакво). Еден слог во зборот обично се изговара со поголема сила на гласот, со повисок тон.
Зборовен акцент е тој акцент со кој се изделува еден слог од зборот. Секој изговорен збор има акцент и таквите зборови се нарекуваат акцентогени. Сепак, во јазикот има зборови кои немаат акцент и тие се наречени клитички или неакцентирани зборови.[3]
Со реченичкиот акцент се истакнува еден збор во реченицата наспроти другите зборови во неа, сè со цел да се даде некаква нијанса во значењето. Така, во тесна врска со реченичкиот акцент се логичкиот или смисловен и емоционалниот или афективен акцент.[4] Покрај оваа основна поделба, акцентот се дели и според фиксираноста на истиот, па така имаме определен и неопределен акцент. Определениот е фиксиран и секога паѓа на еден ист слог. Неопределениот е разносложен и нема фиксна положба.[5]
Македонскиот акцент е динамичен или експираторен и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. тáт-ко-то, тáт-ков-ци, тат-кóв-ци-те, Ма-кé-до-нец), на вториот слог на двосложни зборови (пр. дé-те, мáj-ка, тáт-ко) и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. рóг, с'рп, к'рв). [6]
При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот.[7] Така имаме: 'учител - уч'ителот - учит'елите и сл.
Акцентските целости се два или повеќе зборови подведени под заеднички акцент. Местото на акцентот во акцентската целост се определува според општото правило за македонскиот акцент[8], односно третиот слог од крајот на зборот или на некој друг во зависност од должината на зборот/ целината. Акцентската целост најчесто е составена од[9]:
Во зависност од тоа какви зборови како членови влегуваат во состав на акцентската целост има[10]:
1. Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот слог од крајот на зборот.
На пр.: слаткáрница.
2. Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот.
На пр.: сéло.
3. Кај едносложните зборови акцентот стои на единствениот слог.
На пр.: сóн, дóм, бóл, вóл.
4. Ако зборот се зголемува со додавање на претставки и наставки, акцентот се поместува за да застане секогаш на третиот слог од крајот на зборот.
На пр.: грáд - грáди - ́изградба - изгрáдбата.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Акцент во македонскиот јазик, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.