Поделба На Гласовите Во Македонскиот Јазик

Основна поделба на гласовите е на:

Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат поголема звучност. Во македонскиот јазик самогласки се: а, е, и, о, у.

Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот. Покрај нив во слогот може да има повеќе согласки, но тие може и самостојно да градат слог.

На пр.: збо - ро - ви мост пе - е

Освен самогласките, во нашиот јазик и гласот р може да има слоготворна функција.

На пр.: прст кр - вав пр - вак

Поделба на самогласките

Според височината

Самогласките според височината (поставеноста) на јазикот самогласките се делат на:

  • високи (и, у);
  • средни (е, о), и
  • ниски (а);

Според движењето на јазикот

Според движењето на јазикот напред-назад самогласките се делат на:

  • предни (и, е),
  • средни (а) и
  • задни (у, о);

Според положбата на усните

Според положбата на усните самогласките се делат на:

  • заокружени (о,у)
  • и незаокружени (а, е, и).

Поделба на согласките

Согласките (консонантите) се помалку звучни од самогласките, односно при нивниот изговор воздушната струја не поминува непречено. Во македонскиот јазик има 26 согласки кои ги делиме според разни критериуми.

Според место на образување во усна шуплина

Според местото на образување во усната шуплина согласките се делат на:

Според начинот на образување

Според начинот на образувањето согласките се делат на:

— преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г — теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р — преградно-теснински: ц, ѕ, ч, џ, ќ, ѓ

Според звучност

Третата поделба на согласките е според нивната звучност:

звучни Б В Г Д Ѓ З Ж Ѕ Џ
безвучни П Ф К Т Ќ С Ш Ц Ч Х


Сонанти: Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ


Звучните и безвучните согласки во македонскиот јазик се во парови (секоја звучна си има безвучен парник), освен Х кое е безвучно.

Сонантите се позвучни од звучните согласки и им се доближуваат на самогласките.

Поделбата на звучни и безвучни согласки е важна за гласовните промени. Тие се случуваат кога ќе се најдат една до друга согласки со различна звучност (едначење по звучност).

Tags:

Поделба На Гласовите Во Македонскиот Јазик Поделба на самогласкитеПоделба На Гласовите Во Македонскиот Јазик Поделба на согласкитеПоделба На Гласовите Во Македонскиот Јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХристијанствоМедијаВикиЃорѓи ОровчанецБујар ОсманиКристијано РоналдоЗијадин СелаМиле ЈаневскиМакедонски народни инструментиНикола ГруевскиКичевоБранко ЦрвенковскиМозокМакедонски парламентарни избори (2014)ДислексијаСојуз на комунистите на МакедонијаБозелВиолета ТомовскаТигрица (птица)Скратеници во македонскиот јазикЈужна АмерикаЏеј РамадановскиЛавСвети Кирил и МетодијПеколот (Божествена комедија)Либерална партија (Македонија)Штитна жлездаОхридска архиепископијаСпоменка (книга)СилаФудбалска репрезентација на МакедонијаОхридПетар Поп АрсовАстмаРепродуктивен системПачир БањаХристо ТатарчевНина Атанасова-ШкрињариќБубрежен каменСписок на езера во МакедонијаМакедонска крвава свадбаКатастарски општини во МакедонијаПрва светска војнаТалат ЏафериМочуриштеА1-телевизијаМеркур (планета)Филип II МакедонскиИмер СелманиПоделба на гласовите во македонскиот јазикОпштина СтрумицаБеласицаИсус ХристосМаркаИзборна единица 2Божествена комедијаСолунСобрание на МакедонијаДијабетес мелитус тип 2Црнила (драма)ПовеќејазичностКарлес ПуџдемонДоксициклинРимАна БекутаБразилСписок на реки во МакедонијаКичевски манастирАзијаМакедонски претседателски избори (2009)Загрозен видТриаголникСвети Наум Охридски ЧудотворецБеровоСписок на главни градови во светотРак (болест)Стево ПендаровскиПреспа🡆 More