Ерекција

Ерекција — физиолошка појава кај мажите, каде пенисот станува поцврст, поголем и надразнет.

Ерекцијата е сложен однос меѓу физиолошки, нервни, васкуларни и ендокрини фактори и често се поврзува со сексот, иако ерекцијата може да е и спонтана (да не е за време на секс). Формата, големината, аголот и степенот на ерекција зависи од човек до човек.

Ерекција
Ерекција
Пресек на пенис со приказ на ткивата.
TEE1.0.0.0.0.0.8

Физиолошки, ерекцијата е поттикната од парасимпатичната поделба на автономниот нервен систем, така што се овозможува вазодилаторните нивоа да пораснат во трабекуларните артерии и мазниот мускул на пенисот. Со тоа, кавернозното и спонгиозното тело на пенисот се исполнуваат со крв, а истовремено карличношупливиот и булбоспонгиозниот мускул ги притискаат вените и се ограничува истекувањето на крвта.

Како автономен одговор, ерекцијата може да се појави поради поголем број фактори, меѓу кои сексуален стимуланс и сексуално надразнување. Така, ерекцијата не е сосема под свесна контрола. Ерекциите за време на спиењето или утринските ерекции се познати како ноќни ерекции. Непостоењето на ноќни ерекции често се користи за да се разграничи меѓу физичките и психолошките причини за импотенцијата. Пенис кој не е сосема еректиран се нарекува полуеректиран пенис. Спротивно на ерекцијата, или еректиран пенис, е мека состојба на пенис.

Социосексуални аспекти

Големина

Постојат поголем број испитувања за просечната големина на пенисот, и сите испитувања дале различни податоци. Сепак, консензусот е дека просечната голема на еректиран пенис е од 12.9 до 15 cm во должина, каде 95% од мажите се во рамките на должина од 10.7 до 19.1 cm. Возраста и големината на пенисот во мека состојба не се точни показатели за големината на пенисот. Истегната состојба на мекиот пенис грубо одговара со големината на пенисот при ерекција.

Должината на мекиот пенис не одговара со должината на еректираниот пенис. Така, има случаи каде пенис во мека состојба е мал, а може да нарасне во поголема должина при ерекција. Постојат и обратни случаи, каде релативни долг пенис во мека состојба може да биде не толку голем во ерективна состојба. Меѓу сите човеколики мајмуни, човекот има најголем пенис.

Според истражувањата во светот, големината на пенисот во ерективна состојба варира од 9.6 до 16 cm. Разликата во големината не е само во генетиката, туку и до факторите од животната средина, како лековите за плодност, културата, исхраната и загаденоста.. Најдолгиот пенис забележан е од страна на д-р Роберт Лату Дикенсон. Пенисот бил долг 34.3 cm долг.

Насока

Ерекција 
Процесот на ерекција кај мажот. Од мека кон ерективна состојба.

Иако големиот број на пениси се во нагорна насока при ерекција, често и нормално е за еректираниот пенис да е скоро вертикално поставен нагоре или надолу или пак хоризонтално прави. Кривината и правецот на пенисот зависи од лигаментот кој ја диктира положбата.

Во следната табела е прикажано честотата на аглите при ерекција. Студијата е изведена со 1.564 мажи на возраст од 20 до 69 години. Во табелата, нулта степен е прав пенис нагоре, по стомакот. 90 степени е прав нанапред, додека 180 степени е прав надолу, во насока на нозете. Најчеста положба е нагоре.

Агол на ерекција
агол (°)
од вертикално нагоре
%
на мажи
0–30 5
30–60 30
60–85 31
85–95 10
95–120 20
120–180 5

Медицински состојби

Импотенција

Импотенцијата е состојба кога нема можност да се оствари или одржи ерекцијата. Импотенцијата може да биде комплетен неуспех да се постигне ерекција, нејзина недоследност или способност да се одржи само краткотрајната ерекција. Проучувањето на импотенцијата во медицината се вика андрологија, поле на урологијата.

Импотенцијата може да е како резултат на психолошки и физиолошки причини, од кои повеќето лесно подлегнуваат на третман. Чести физиолошки прични се дијабетес, болести на бубрези, хроничен алкохолизам, склероза, атеросклероза, васкуларни болести и невролошки болести. Овие заедно опфаќаат околу 70% од причините за импотенција. Исто така, лекови кои се пијат за поедини болести може да причинат импотенција.

Како се доаѓа до ерекција? Пенисот се состои од две шупливи тела, т.н. corpora cavernosa кои се протегаат по целото тело. Овие тела се полни со сунѓерести ткива. Шупливите тела се завиткани со мембрана, т.н. tunica albuginea. Сунѓеротното ткиво содржи мазни мускули, фибротични ткива, шуплини, вени и артерии. Уретрата, која е канал за проток на урина и ејакулација, се протега до долната страна на кавернозата на corpora. Ерекцијата се стимулира со сетилна и ментална стимулација. Импулсите од мозокот и локалните нерви ги релаксираат мускулите на кавернозата на corpora, дозволувајќи им на крвта да тече и да ги пополни празни шуплини. Крв го зголемува притисокот во кавернозата на corpora, со што се зголемува пенисот. Tunica albuginea овозможува задржување на крв во кавернозата на corpora, која ја одржува ерекцијата. Ерекцијата завршува кога скршнуваат мускулите на пенисот (затегнете), со што се спречува протокот на крв и се отвораат излезните канали.

Пријапизам

Пријапизмот е состојба која може да е доста болна за мажот. Таа е одложена ерекција која трае и со часови, и при тоа пенисот не се враќа во нормална мека состојба, иако нема присуство на сексуални стимуланси или дразнења.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ерекција Социосексуални аспектиЕрекција Медицински состојбиЕрекција ПоврзаноЕрекција НаводиЕрекција Надворешни врскиЕрекцијаМажПенис (човек)Секс

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МатерицаСулејман ВеличествениотЛокални избори во Македонија (1996)Владо ЧерноземскиВоен конфликт во Македонија (2001)Арбен ТаравариОслободителна народна армијаВитамин Б6Изборна единица 3Еп за ГилгамешСтојанче АнгеловИлинденско востаниеБуркина ФасоАкутен панкреатитИзет МеџитиИзбори во МакедонијаАрмија на МакедонијаОпштина РосоманВанчо МихајловХронична опструктивна белодробна болестМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори, 2014Донтов методМесечинаБорис СарафовЗа наша МакедонијаЛумбагоИлија ФилипчеОхридМакедонски денарФранцијаОпштина СтуденичаниПавел ШатевНикола ГруевскиЦрн дробМаксим ДимитриевскиКирилицаОпштина ОхридДемократска партија на Турците на МакедонијаЕдиница за брзо распоредувањеОперативен системПневмонијаПретседател на МакедонијаЦистична фиброзаАртан ГрубиСончев СистемЃорче ПетровОтоманска МакедонијаУстав на МакедонијаВеличествениот султан (ТВ-серија)Македонски претседателски избори, 2014СкендербегЕмил ДимитриевМајка ТерезаОслободителна Народна АрмијаМакедонски парламентарни избори, 2008Бобан ТрајковскиПроцентЗоран ЗаевСистем за варењеПетар ГошевДенес над МакедонијаГерасим ТодоровВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Список на архаични зборови во македонскиот јазикТурска кујнаРак на панкреасотПоткастЛазарова саботаЛимфоцитИнтернетСписок на македонски писателиСтопанска банка АД СкопјеСоветски СојузРастенијаОптички кабелЦветници🡆 More