Тајландски Залив

Тајландскиот Залив (тајландски: อ่าวไทย, Ао Тај) или Сијамски Залив е плиток ракав на Јужнокинеското Море.

Тајландски Залив
Местоположбата на Тајландскиот Залив
Тајландски Залив
Карта на Тајландскиот Залив

Географија

Тајландскиот Залив се граничи со Камбоџа, Тајланд и Виетнам. Северниот дел од заливот е наречен Бангкокшки Залив, кај устието реката Чао Праја. Целиот залив зафаќа површина од околу 320.000 км2. Се протега од определува ‘ртот Бај Бунг во јужен Виетнам (веднаш јужно од устието на Меконг), па до градот Кота Бару на малезиското крабрежје. Во екот на минатото ледено доба тајландскиот Залив не постпоел заради понискто ниво на морето, бидејќи овие предели биле дел од речната долина на Чао Праја.

Заливот е релативно плиток: средната длабочина изнесува 45 м, а најголемата е само 80 м. Ова значи бавна водена размена, како и ниска соленост на водата (3,05-3,25 %) и изобилство од наноси заради силниот доток од реките. Соленоста се зголемува (3,4%) само при поголеми длабочини, каде посолените води од Јужнокинеското Море надоаѓаат и ја полнат централната подводна низина на длабочина од 50 м. Позначајни реки што истекуваат во заливот се Чао Праја (со растоката Та Чин) и реките Ме Клонг и Банг Паконг кај Бангкокшкиот Залив, а во помала мера и реката Тапи во Бандонскиот Залив на југозапад.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација јужната граница на Тајландскиот Залив е „линија од западниот крај на Камбоџа или ‘ртот Камау (8°36'СГШ) (Белешка: ова место е всушност во Виетнам), на северниот крај, т.е. кај источната страна на устието на реката Келантан (6°14′N 102°15′E / 6.233° СГШ; 102.250° ИГД / 6.233; 102.250)“.

Туризам

Тајландскиот Залив е дом на голем број корални гребени, па заоа и неколку нуркачки одморалишта, особено заради тропската температура на водата. Поважни туристички места во Тајландскиот Залив се островите Ко Самуј и Ко Па Нган во покраината Сурат Тани, Патаја и Чонбури, Ча Ам, Хуа Хин, Ко Самет и Ко Чанг.

Ко Тао е центар на нуркачкиот туризам.

Наводи

9°26′25″N 101°58′20″E / 9.44028° СГШ; 101.97222° ИГД / 9.44028; 101.97222


Tags:

Тајландски Залив ГеографијаТајландски Залив ТуризамТајландски Залив НаводиТајландски ЗаливЈужнокинеско МореТајландски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПустинаШвајцаријаСкопски земјотрес (1963)КрушевоДишењеИзборна единица 4Јосип Броз-ТитоЖивотна срединаМејозаКилибарна киселинаПрво заседание на АСНОМДемократијаГеографска картаРимски календарБубрегИсак II АнгелРак (болест)ЛимфомКарло I АнжујскиСпоменка (книга)20 векСвети Климент ОхридскиТатарстанМирко ПоповУнгарија во Втората светска војнаСоломонЧестер А. АртурРоботикаУставСтрани на светотКазахстанСтарословенска азбукаИндонезијаСублимацијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаАдаптација (биологија)Оптичка мамкаФК СаутхемптонИсус ХристосПретприемништвоСветско првенство во фудбал 2006Живко МукаетовИзборна единица 1ПанкреасКамилаПравило на десна ракаСписок на држави во светотДрамаСлавко ЈаневскиЛемносБедија БеговскаИменки во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (2014)Марко ЦепенковДонтов методМКБ-10Кларенс СедорфЦрвени крвни зрнцаБегалкаАутизамМакедонски народни приказни (ТВ-серија)СтругаРоднински односиХрватски месециКиселинаБразилПресметување на датумот на ВелигденЗемја (планета)ДелењеАвантурите на ПинокиоИзборна единица 7РелигијаКалендар на Велигденски датумиАтомЗурла (македонска)Пустина (роман)Комунизам🡆 More