Мирко Попов

Мирко Попов (15 октомври 1972, Скопје - 24 март 2024, Скопје) — македонски автор и продуцент на електронска музика.

Мирко Попов
Мирко Попов
Роден 15 октомври 1972
Скопје
Починал 24 март 2024(2024-03-24) (возр. 51)
Скопје

Кариера

Неколкуте авангардни музички револуции во 1980-те години, но и неверојатно високиот квалитет на поп-музиката од тоа време помогнале Мирко Попов да развие здрава љубопитност, дивергентен музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што се одразува пресудно во понатамошните одлуки.

Првиот професионален диџеј ангажман го добил во 1992 година и оттогаш не престанал со настапи. Истата година добил простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот равој како личност и музичар. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103.

Во 1995 година Мирко Попов и Александар Малевски ја формирале Прогресивната мултимедијална група (ПМГ колектив), која во следните години прераснала во водечка авангардна сила на скопските улици. Журките на ПМГ од 1990-те биле суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, имал можност редовно да настапува низ регионот, но и низ Европа.

Во 1998 година ја формирал дискографската куќа ПМГ рекордингс, која денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со седумдесеттина изданија. Последните години на минатиот век ги донеле и првите (хаус,техно и електро) продукции, а во 2003 година сето тоа прераснало во бендот ПМГ колектив (еклектична комбинација на жив и електорнски пристап во слободен стил) каде Мирко Попов бил автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснал во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век, со повеќе издадени албуми, како и македонски и европски турнеи.

Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика.

Попов бил дел и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој имал издадено повеќе EP изданија и албумот „Чил Фолк“.

Попов имал остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Автор бил и на неколку музички дела за театар и филм. Режирал една радио драма. Попов бил уредник и на неколку емисии на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

Соло кариера

Од 2020 година продуцирал, издавал и настапувал и како соло артист под името Мирко Попов Квартет. Остварил повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Негови се неколку музики за театар и филм, а режирал и радио драма.

Tој e сценарист и продуцент на документарниот филм „103 - Љубовно писмо до алтернативната култура” и комплетен автор е на музичкиот филм „До небото замок”. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

Автор е на книгата „20 години те сакам * Монографија за ПМГ колектив”. Автор е на книгата за деца „Розевата планета” издадена за Чудна шума на македонски и албански јазик. Како музички новинар пишувал текстови во Трн, Реборн, Урбан Магазин, Тротоар, Скопско Метро и други. Објавувал своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско Метро, и др.

Заедно со музичарот Владан Дробицки, идеен творец бил на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, а бил и иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“.

Наводи

Tags:

15 октомври1972202424 мартЕлектронска музикаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хијатална килаМакедонски парламентарни избори (2006)Ана ФранкВелосипедТетовоПортугалијаЕгејска МакедонијаТунисАбдурахман РахманМакедонски парламентарни избори (2024)КлеопатраСписок на македонски зборови од турско потеклоДелтоидДрамаСРЦ Билјанини ИзвориСребреницаБегалкаНикола КаревАлијанса за АлбанцитеТангентен четириаголникДијабетес мелитус тип 2Општина Кисела ВодаЧир на желудникотАртритисОстеопорозаГеографија на МакедонијаОпштини во МакедонијаОтоманско ЦарствоИзборна единица 2ВолкЗнаме на МакедонијаДиво месо (драма)ЈугославијаЕдинствена МакедонијаОпштина ДолнениГрцијаХомеопатијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотАтрибут во македонскиот јазикОпштина ДојранУнгаријаМеѓународни празнициПустина (роман)ПисмоСписок на држави и територии во ЕвропаСписок на религииПиту ГулиМагнетно полеВилијам ШекспирЛазарова саботаМекотелиОхридВидови аглиВекторФК Реал МадридСтара скопска чаршијаАрхимедАли АхметиTrackBackМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаСписок на главни градови во ЕвропаЗагадување на воздухотВагинален исцедокЃорѓија СајкоскиПочваДонтов методМонакоЗаздравување на ранаЖивотниУстав на МакедонијаХиндуизамАнгинаДарко КаевскиИзборна единица 6КоњСредоземно Море🡆 More