Меконг — претставува транс-гранична река во Југоисточна Азија која потекува од Кина, Хималаиите во Јунанската провинција, продолжува низ политичката граница на Кина и Мјанмар, па навлегува во Лаос и се движи по границата со Тајланд, во кој малку навлегува, потоа ја сечи Камбоџа речиси на половина и поминува крај нејзиниот главен град (Пном Пен) и нејзиниот тек завршува во Виетнам, т.е.
со влевањето во Јужнокинеското Море во областа Кочинлина со нејзиното разгранување во делтата.
Меконг | |
Megaung Myit, แม่น้ำโขง (Maenam Khong), ແມ່ນ້ຳຂອງ, Mékôngk, Tonle Thom, Cửu Long, Mê Kông, 湄公 (Méigōng) | |
Река | |
Поглед кон реката Меконг од Луанг Прабанг, Лаос | |
Земји | Кина, Бурма (Мјанмар), Лаос, Тајланд, Камбоџа, Виетнам |
---|---|
Извор | |
- место | Планина Гуозонгмуча, Јушу, Тибетска Автономна Префектура, Ќингхај, Кина |
- височина | 5.224 м |
- координати | 33°42.5′N 94°41.7′E / 33.7083° СГШ; 94.6950° ИГД |
Утока | Делта на Меконг |
- височина | 0 м |
Должина | 4.350 км |
Слив | 795.000 км2 |
Истек | во Јужнокинеско Море |
- просечен | 16.000 м3/с |
- максимален | 39.000 м3/с |
Заштитен статус | |
Службен назив: Middle Stretches of the Mekong River north of Stoeng Treng | |
Прогласено: | 23 јуни, 1999 |
|
Оваа река претставува 12та најдолга река во Светот или 7ма најдолга во Азија. Нејзината должина е 4,530 км и зафаќа простор од 795,000 км2. Годишното ниво на вода од која се празни реката е 457 км3. Просечната количина на вода која извира од нејзинит извор изнесува 16,000 м3/с, а максималната количина која може да извира е 39,000 м3/с.
Во англсиката топонимија името на реката е “The Mekong River” добиено со соединување на трите делови ,од Тајландско и Лаоско потекло, “Mae Nam Khong”. Во овие области тамошните граѓани реката ја викаат само “Khong”. Исто така знаќењето на реката би било “Мајка на водата” добиено од mae што значи мајка и nam што значи вода.
Со тоа што поминува низ повеќе држави има и повеќе локални имиња.
Реката Меконг е една од трите реки карактеристични за Тибетската Висорамнина и е заштитена во Санјиангјуанскиот Национален Природен Резервар, во кој влегуваат Жолта река (Хуанг Хе), реката Меконг и реката Јангцејанг. Поминува низ Тибетскиот Автономен Регион, па потоа во Јунанската Провинција и потоа низ “Реонот на Трите Паралелни Реки”, заедно со реката Јангцејанг и реката Салвин.
По ова таа течи до тромељето меѓу Кина, Мјанмар и Лаос, па ја прави политичката граница меѓу Лаос и Мјанмар, по речиси целата должина ( 100км) и доаѓа до тромељето меѓу Лаос, Мјанмар и Тајланд. Во оваа точка во неа се влева реката Руак која тече по границата меѓу Тајланд и Мјанмар. Оваа точка исто така се нарекува и “Златниот Триаголник” стекнато од значењето на овие три држави (тој регион) во производството на лекови и седативи.
По ова тромеље оди по границата меѓу Тајланд и Лаос, потоа се оддалечува од границата и навлегува во Лаос, тоа е околу 400км од нејзината должина потоа повторно тече кон границата меѓу овие две држави со што поминува и покрај главниот град на Лаос, Виентијан. После ова воглавно тече по границата сè до нејзиниот крај каде се оддалечува и влегува во Камбоџа.
Во Камбоџа од нејзината десна страна и се влева, речно езерскиот “систем”, Тонле сап или “Големото Езеро”, кое всушност е река која има големо речно корито па може да се вброи во двете категории. Ова е корисно за реката во сушни периоди кога нејзиното водено ниво е релативно ниско па се надополнува од нејзината притока и обратно кога реката се излива водата оди во притоката.
Потоа, во реката се влева и нејзината втора поважна десна притока, реката Басак. Оваа притока е важна бидејќи од неа започнува и делтата на реката Меконг. Двете реки навлегуваат во Виетнам, каде Басак се нарекува Хау, а Меконг или нејзиното главно корито се нарекува Тиен. Деловите од делтата на Меконг во Виетнам пред нејзиното разделено влевање во Јужнокинеското Море се наречени Ба Лаи, Хам Луонг, Чо Чиен и Ми То.
Факт е дека осве Амазон како најполноводна и како река со најбујна вегетација е на првото место со различни типови на растенија и животни, но, веднаш по неа следува реката Меконг. Биосветот околу неа го сочинуваат 20.000 различни растителни организми, 430 видови на цицачи, 1.200 видови птици, 800 видови на влекачи и водоземци и секако 850-те видови на риби застапени во самата река. Невообичаено е тоа што во реката се среќаваат голем број видови на риби кои најчесто живеаат во морињата т.е. во солените, а не во несолените води.
Исто така важен е фактот што постојано, околу и во реката, се пронаоѓаат нови водови на животни од сите категории, риби, цицачи, влекачи и секако и нови видови на растенија.
Фасцинирачки е тоа што во оваа река се среќаваат и многу видови на риби кои достигнуваат огромни големини и се карактеристични само за ова предел. Такви се слатководната раја, огромната мачка-риба, некои поттипови на ајкули кои достигнуваат огромни големини. Меконгската Мачката-риба е најкарактеристична за оваа река и е една од останатите 92 видови на такви риби. Но застрашувачки е тоа што овие таканаречени џинови се во изумирање поради големите поплави, преголемиот недозволен риболов и браните кои се изградени на оваа река. Оваа река порано можела да се пофали со живеење на ендемски вид на делфин, делфинот Иравади кој сега е во изумирање, со само 85 единки.
Присутни се и слатководните видри без крзно и мачките ”риболовци” кои се хранат со рибите кои ги има оваа река. Симајскиот Крокодил е застапен, слабо, во Камбоџискиот дел од реката во близина на границата со Лаос, а соленоводениот крокодил повеќе не живее во овие води иако сам се преселил од морето во реката и речно езерскиот систем Тонле сап.
За оваа река карактеристична, можеби и не повеќе, е џиновската мекооклопна желка која ретко се среќава во пределите на реката во Камбоџа.
На реката се изградени голем број на брани и се испланирани за изградба уште многу, но, иако како таква оваа река нема ниту едно вештачко езеро, несметајќи го природниот Биосферен речно-езерски систем Тонле сап.
Меконг како полноводна река на луѓето кои живеат во нејзина близина им дава можност да ја користат за да остварат воден сообраќај. Тоа овозможува оваа река да ги поврзи деловите блиски до Јужнокинеското Море директно со Кина преку воден, речен, пат. Со ова се олеснува транспортот на материјали, различни типови на ресурси за индустријата, производи од самата и општ транспорт на луѓе за нивните потреби. Иако бавен, водениот сообраќај е најевтин и најбезбеден начин на патување и транспортирање на стока. Ова го искористиле жителите на во близина на реката со цел да направат некаков бизнис. Исто така важен фактор за овој сообраќај е малиот број на мостови кои се изградени на оваа река во споредба со нејзината должина, па и за преминување на реката се користи речниот начин на транспорт.
На оваа река не се изградени многу мостови и најчесто тие се од поново време, т.е. од крајот на 20-ти и од почетокот на 21 век.
Поради поволните услови и полноводноста на реката таа е искористена за исхрана на населението во овие предели, но секако и за продажба на различните видови на риби кои се среќаваат во неа. Риболовот е една од најзначајните стопански гранки во сите земји низ кои поминува оваа река. Разновидната биосфера во неа дава различни можности, особено поголемите риби, кои ги има во изобилство. Но и поради риболовот голем број видови на риби, цицачи и влекачи се во изумирање или веќе ги нема во самата река, а биле главен нејзин белег како ендемски видови таму.
Како таква река, со нејзината должина и местоположба, Меконг е река со не преголем број на притоки,но, сите се од големо значење.
Делтата на Меконг се наоѓа во најјужниот дел на Виетнам и таму се празни во Јужнокинеското Море низ голем број на канали или речни сливови. Нејзината делта зафаќа голема површина поточно 39.000 км2. Нивото на водата зависи од годишното време и од временските услови кои биле во изминатиот период.
Овие предели се богати со многу неотркиени и ново откриени видови на животни, вклучувајќи го и глушецот-верверица кој припаѓа на групата глодалчи.
Може да се каже дека Меконг е најзначајна како река за Виетнам од сите земји низ кои поминува. Особено во риболовот и полјоделството, а во индустријата речиси и да нема некое значење.
Пределите во делтата на Меконг, 2.6 милиони ха површина, или ¼ од целата површина во Виетнам на која се произведуваат појлоделски производи е токму таму. Речиси 2/3 од целата површина на делтата е рамна и може да се произведуваат полјоделски култури. Најголем процент во ова подрачје е за култивирање на ориз. Регионите овде секоја година го зголемуваат своето производство и заедно произведуваат повеќе од 55% од целото производство на ориз во Виетнам, што би било околу 13милиони тони ориз годишно.
Овој регион за Виетнам е и најзначајното риболовно подрачје кое произведува речиси 59% од севкупното на Виетнам(или околу 1.6милиони тонигодишно).
Иако нема големо значење во индустријата сепак овој регион зазема 10% од севкупното индустриско производство на Виетнам.
На делтата е изграден еден поважен мост, Мостот Кан То, кој е изграден во 2010-тата година. Овој мојт е реконструиран откако во 2007 година стариот се срушил со што убил 54 и повредил 100тина работници. Овој мост исто така е замена за стариот транвајски систем и го поврзува истоимениот град Кан То и провинцијата Бин Лонг.
Оваа статија за река е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Меконг, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.