Смртна Казна

Смртната казна или погубување претставува правна санкција која ја добил осуденикот по судски пат како казна за извршениот прекршок.

Кривичното дело може да резултираа со смртната казна, и истото е познато како капитално злосторство или капитално дело. Поимот капитал потекнува од латинскиот збор capitalis, кое буквално означува "во однос на главата" (латински caput). Во превод, оваа фраза би означувала: откинување (односно отсекување) на глава или слично.

Смртна Казна
Смртна казна во светот (2005):

сино: Укинато за сите казни

зелено:Укинато, со исклучоци

портокалово: Укинато де факто

црвено: Неукинато

Смртната казна е практикува речиси во секое општество, и на тој начин може да се смета како универзална, со исклучок верските водачи односно погубувања. Ова потекнува од пред сè различни земји и држави, и нивните позиции за погубувањ кои се разликуваат во однос на политичката идеологија или културниот регион на земјата. Во земјите членки на ЕУ, според член 2 на Повелбата за фундаменталните права на Европската унија, се забранува употребата на смртната казна.

Денес, голем дел од државите ја имаат укинато смртната казна, според податоци на Амнести интернешнал, а за истото се залага и ООН преку Мораториумот на ООН за укинување на смртната казна. Но, повеќе од 60% од светската популација живее во земји каде се применува смртната казна и најверојатно нема да биде укинета во најскоро време.

Историја

Извршувањето на криминални и политички погубувања се користело од страна на скоро сите општеста. Како една од основните причини била потиснување на осуденикот кон неговото политичко несогласување. Во поголемиот дел од случаите, смртната казна е проследена со убиство, шпионажа, предавство, или како дел од воена правда. Во некои земја смртната казна била и се употребува за сексуални злоупотреби, како што се силување, прељуба, инцест и слично. Во други земји пак, смртна казна се спроведува за верските злосторства. Ова посебно се однесува за исламските земји во која религијата е призната за државна а осуденикот ја отфрлува истата. Во многу земји смртната казна се употребува врз учесниците во трговијата со дрога. Во Кина, трговијата со луѓе и сериозни случаи на корупција исто така се казниви со смртна казна. Во армијата исто така во некои земји постои смртна казна доколку некој направи прекршок од типот на бегство на војникот, кукавичност, недисциплина или непослушност и слично.

Употребата на смртната казна била практика уште од почетокот на т.н. пишана историја. Повеќето историски записи и разни примитивни племенски практики покажуваат дека смртната казна е дел од правниот систем. Казната обично е тесно поврзана со злосторството на прекршителот, кој во некои случаи би можело истата да биде заменета со телесна казна, бегство, егзил итн..

Крвната одмазда или освета пак постоела помеѓу општествата пред да биде воведен судскиот систем. Оваа форма на правда била заедничка пред појавата на судскиот систем кој бил заснован на религијата или организираната земја. Таа можела да произлезе од криминал, спорпво околу земјиштето или честноста. "Актите на одмазда ја истакнувале способноста на социјалнте групи да имаат можност да се бранат пред судските институции при создавање на некој прекршок вклучувајќи го и спорот околу имотот, праватаитн.." Меѓутоа, на практика сепак е многу тешко да се направи разлика помеѓу “војна на одмазда“ и “војна на освојување“ односно завладување на некои имоти или права.

Смртни казни кои во текот на историјата се употребувале биле: погубување на тркало, бавно сечење или отсекување на делови од телото едно по едно, вадење на некои делови од телото, распнување, набивање на кол, кршење односно смачкување (најчесто со слон), каменување, горење на осуденикот, осакатување преку насилно теглење од сите страни на телото, сечење на телото, отсекување на главата, преку т.н. процес на скафизам итн.

Современа употреба

По крајот на Втората светска војна настапил период во кои земјите започнале да ги укинуваат смртните казни. Во 1977 година, 16 земји го сториле тоа. Денеска, 95 земји ја укинале смртната казна. Според Hands Off Cain, најмалку 5.727 погубувања биле извршени во 26 земји во 2008 година.

Земја број
Смртна Казна  Кина најмалку 1700 - 5000
Смртна Казна  Иран најмалку 346
Смртна Казна  Саудиска Арабија најмалку 102
Смртна Казна  Северна Кореја најмалку 63
Смртна Казна  САД 37
Смртна Казна  Пакистан најмалку 36
Смртна Казна  Ирак најмалку 34
Смртна Казна  Виетнам најмалку 19
Смртна Казна  Авганистан најмалку 17
Смртна Казна  Јапонија 15
Смртна Казна  Јемен најмалку 13
Смртна Казна  Индонезија 10
Смртна Казна  Либија најмалку 8
Смртна Казна  Судан најмалку 5
Смртна Казна  Бангладеш 5
Смртна Казна  Белорусија 4
Смртна Казна  Сомалија најмалку 3
Смртна Казна  Египет најмалку 2
Смртна Казна  Обединети Арапски Емирати најмалку 1
Смртна Казна  Малезија најмалку 1
Смртна Казна  Монголија најмалку 1
Смртна Казна  Сингапур најмалку 1
Смртна Казна  Сирија 1
Смртна Казна  Бахреин 1
Смртна Казна  Боцвана 1
Смртна Казна  Свети Китс и Невис 1

Извршување на кривичните дела поврзани со дрога

Смртна Казна  Авганистан
Смртна Казна  Бангладеш
Смртна Казна  Брунеи
Смртна Казна  Кина
Смртна Казна  Република Кина
Смртна Казна  Египет
Смртна Казна  Индија
Смртна Казна  Индонезија
Смртна Казна  Иран
Смртна Казна  Ирак
Смртна Казна  Кувајт
Смртна Казна  Лаос
Смртна Казна  Малезија
Смртна Казна  Оман
Смртна Казна  Пакистан
Смртна Казна  Саудиска Арабија
Смртна Казна  Сингапур
Смртна Казна  Тајланд
Смртна Казна  САД
Смртна Казна  Виетнам
Смртна Казна  Зимбабве

Смртната казна како мотив во книжевноста

Наводи

Tags:

Смртна Казна ИсторијаСмртна Казна Современа употребаСмртна Казна Извршување на кривичните дела поврзани со дрогаСмртна Казна Смртната казна како мотив во книжевностаСмртна Казна НаводиСмртна КазнаЛатински

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Искра ГешоскаПолжавиМртво МореОпштина ЧаирПретседателЅвезда од КутлешСоцијалдемократска унијаСлезинаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотКошаркаБугаријаЗборник на МиладиновциРомиМендух ТачиДрамаВласиГемиџииКрсте Петков МисирковБРИКСГликемијаВтора влада на Зоран ЗаевХристијанствоХазби ЛикаЉубиша ГеоргиевскиБлерим РекаБобан ТрајковскиСписок на држави во светотВтора светска војнаКрпен животДемократијаТамбура (македонска)Придавки во македонскиот јазикСтале ПоповРимска култураЛасерДеменцијаМакедонски парламентарни избори (2020)Ромски јазикКичевоИзборна единица 1Франческо ПетраркаТурпијаМарија АнтоанетаКриптовалутаМакедонски претседателски избори (2004)Ерих КестнерПневмонијаПеколот (Божествена комедија)Изборна единица 4ГерманијаХрватскаСтароегипетска митологијаПетар Поп АрсовУстав на МакедонијаСвети Кирил и МетодијЈордан КамчевГрб на МакедонијаСрцева слабостОвулацијаСтрептококен фарингитисСписок на македонски зборови од турско потеклоВелигденски јајцаСписок на тегоби и болки на стапалатаАлександар III МакедонскиХромозомМакедонски пасошПартија за движење на Турците во МакедонијаКонсензусАзијаКрушевоМомче во пижами со риги (филм)МозокОслободителна народна армијаСашо МијалковЧовек🡆 More