Назарет

Назарет (арапски: الناصرة ан-Насира; хебрејски: נָצְרַת, стандарден хебрејски: Náẓəraт) е град во северен Израел.

Новиот завет го споменува како место каде што Исус Христос го поминал своето детство. Денес, градот е еден од најважните христијански свети градови. Има околу 70 000 жители.

Назарет
хебрејски: נָצְרַת
арапски:: الناصرة
Назарет
Mестоположба
Координати

Назарет 32°42′07″N, 35°18′12″E

Општи податоци
Име
- изворно
 
Назарет
  хебрејски: נָצְרַת
  арапски:: الناصرة
Портал www.nazarethinfo.org
Управа
Област Северна
Градоначалник Рамиз Џараиси
Географија
Површина 14,2 km²
Надморска височина 350 m
Население
Население 64 800 (2006)
Густина 4 553 ж./km²
Етнички групи Арапи

Географија

Во денешно време, градот се наоѓа на 350 метри надморска височина. Тој се наоѓа на околу 25 километри од Галилејското езеро и на околу 9 километри од планината Табор. Главниот сообраќаен пат помеѓу Египет и внатрешна Азија го заобиколува Назарет и преминува кон Дамаск.

Демографија

Градот има околу 70,000 жители. Мнозинството од населението се израелски Арапи, од кои 35% се со христијанска, а 65% со муслиманска вероисповед. Заедно со својот сестрински град Назарет Илит (Горен Назарет), градот брои околу 120 000. Илит Назарет е создаден и претежно таму живеат Евреи.

Историја

Назарет 
1842

Археолошките ископувања покажале дека градот во 1 век бил многу ретко населуван. Пронајдени се стари гробови, остатоци од многу ѕидови кои денеска претставуваат само туристички урнатини. Се проценува дека градот за време на Исус Христос имал само околу 480 до 2000 жители и според еврејските записи тој не се споменува до 3 век. Некои сметаат дека градот всушност не ни постоел бидејќи не само што не се споменува во Стариот завет, туку и според ископувањата нема податоци дека овој град постоел во времето на Асирија, Вавилон или Римското Царство.

За првпат градот бил споменет во 3 век од страна на римскиот војсководец Јулиус Африканeцот кој го опишува како едно мало село. Градот бил многупати освојуван и разрушуван под разни владетели. Така, во 637 година муслиманите ја освоиле Палестина. Подоцна за градот се води битка во време на Крстоносните војни во 11 век. Потоа, Саладин во 1187 година ја зазел цела Палестина (нормално овде спаѓал претходно и градот Витлеем). Подоцна, градот бил под власт на Отоманското Царство од 1517 година), а од 1918 година под британска контрола. Во 1948 година градот припаднал на Израел.

Градот во модерно време

Назарет денеска претставува најголема заедница на израелските Арапи во светот. Во стариот дел на градот, каде што претежно се населени Арапите, постојат познатите тесни, мали улици. Во близина на базиликата е објавено дека ќе се гради џамија, со што се појавиле големи нереди меѓу населението.

Религиозни светилишта

Назарет се состои од повеќе цркви кои денес претставуваат туристички атракции:

  • Базилика Благовест, најголемиот христијански објект на Блискиот Исток.
  • Православната црква ја изградила Црквата св. Гаврил
  • Грчката католичка црква поседува Синагога која е традиционално место на Синагогата каде што Исус проповедал
  • Црква Св. Јосиф
  • Базилика на младиот Исус

Наводи

32°42′07″N, 35°18′12″E


Tags:

Назарет ГеографијаНазарет ДемографијаНазарет ИсторијаНазарет Градот во модерно времеНазарет Религиозни светилиштаНазарет НаводиНазаретАрапски јазикИзраелИсус ХристосНов заветХебрејски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГрадинарствоБиблијаОпштина КичевоДневникот на Ана ФранкРистиќева палатаЏек ЛондонАндреј ЖерновскиМакедонска револуционерна организацијаНикола Димитров (дипломат)МечкаБранко ЦрвенковскиСојуз на комунистите на МакедонијаГликемијаМехмед-паша СоколовиќСтефан ЛазаровСкопско КалеКирилицаТрапезЈане СанданскиБубрежна инфекцијаОпштина ДолнениРибиАлександар III МакедонскиТалофитВојдан ЧернодринскиМакедонски претседателски избори, 2019МовУстав на МакедонијаУДБАМакедонски БродДоктор ОфболиСтојан АндовАвтобиографија (Григор Прличев)Историја на Македонија (1991 - денес)Сојуз на Ромите од МакедонијаПоделба на гласовите во македонскиот јазикЏо БајденГолеми и мали (роман)Ослободителна Народна АрмијаТоме АрсовскиОвчи сипанициМакедонски претседателски избори (2009)Македонија во Втората светска војнаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаПолскаЗлосторство и казнаЉубомир ФрчкоскиМеталСојузни држави на САДСписок на главни градови во светотОслободителна војска на КосовоБошко СмаќоскиРајко ЖинзифовХоландијаСписок на држави по населениеМакедонска азбукаПат околу светот за 80 денаГордана ЈанкулоскаБиљал КасамиВевчаниКипарКрешник БектешиДрамаКловерфилдМитко ЧавковТрета влада на Никола ГруевскиХајди (роман)Демократи (политичка партија)СлезинаЉубомир ГајдовПовикувачки броеви во МакедонијаГевгелијаНафтен танкерРомски јазикМарокоЧовечки папиломен вирусХороскопски знаци🡆 More