Музеј Орсе

Музејот Орсе е музеј во Париз, на реката Сена отворен во 1986 г.

Во истата зграда претходно била сместена железничката станица Гар д'Орсе. Музејот има поставка од француската уметност од 1848.-1915 година, вклучувајќи слики, скулптури, мебел и фотографии. Најпознат е по големата колекција на ремек-дела на импресионистите: сликите на Моне, Дега, Реноар и Сезан.

Музеј Орсе
Музеј Орсе
Главната сала на музејот Орсе
Основан1986
МестоRue de Lille 75343 Paris, France
Координати48°51′36″N 2°19′37″E / 48.860° СГШ; 2.327° ИГД / 48.860; 2.327
ТипЛиковен музеј, Дизајнерски/Текстилен Музеј, Знаменитост
Посетеност3.0 милиони (2009)
  • Рангиран 3-ти национално ниво
  • Рангиран 10-ти на светско ниво
ДиректорСерж Лемоан
Јавен превозСолферино Музеј ОрсеМузеј Орсе
Музеј Орсе Музеј Орсе Музеј Орсе
Мреж. местоwww.musee-orsay.fr

Историја

Зградата на музејот оригинално била железничка станица, Гар д'Орсе, изградена во 1900 година, од која поаѓале возовите во правец на Орлеан. Во 1977 година започнала реконструкцијата и нејзината пренамена во музеј, која била завршена во 1986. Музејот сега има 20.000 м² импресивен изложбен простор на четири ката.

Музејот се наоѓа на местото на палатата Орсе, изградена во 1810 година и украсена со фрески на Теодор Шасерио, каде во 1840 година се наоѓал Државниот совет, на приземјето. Палатата била опожарена во 1871 година за време на Париската комуна и оставена во урнатина сè до изградбата на железничката станица Гар д’Орсе пред Светската изложба во 1900 година.

Западната тераса била изградена во 1985 година и има многу статуи чија група наречена Статуи од 6 континенти, првично била поставена на терасата на Трокадеро палатата за време на Светската изложба на 1878.

Музејот Орсе кој дотогаш бил железничката станица за првпат бил отворен на 9 декември 1986 година. За да се овозможи неговата трансформација во музеј на уметноста на 19 век, по волјата на претседателот Валери Жискар Дестен, зградата била преправена 1983-1986 од страна на архитектите Рено Бардон, Пјер Колбок и Жан-Пол Филипон, победници на архитектонскиот конкурс кој се одржал во 1979 година, подоцна им се приклучил и италијанскиот архитект Гае Ауленти.

Ноќта на 6 октомври 2007 година, за време на Белите ноќи, непознати лица во музејот сериозно оштетиле една слика од Клод Моне, Мостот на Аржентеј (француски: Le Pont d'Argenteuil), од 1874 година. Сликата потоа била реконструирана.

Музеј Орсе 
Музејот Орсе, поглед од десниот брег на Сена.
Музеј Орсе 
Сезан: Јаболки и портокали, околу 1899

Збирка

Музеј Орсе 
Ѕвездена ноќ над Рона, Винсент Ван Гог
Музеј Орсе 
Мане: Доручек на трева, 1862-3
Музеј Орсе 
Реноар: Бал во Мулин де ла Галет, Монтмартр, 1876

Сликарство

Музејот Орсе ја чува најголемата колекција на слики на импресионистите (над 480 платна) и постимпресионисти (повеќе од 600 слики од нео-импресионистите, симболистите, набис итн) во светот, како и група слики од школата на Барбизон, реалистични, натуралистички, ориенталистички и академски, вклучувајќи и странски школи. Речиси 5.200 слики ја сочинуваат музејската збирка, но голем број дела, околу 1.720 слики, вклучително и околу 100 за кои не се знае каде се или се уништени, се депонирани во јавни згради или провинциски музеи.

Поважни слики

  • Гистав Корбе — Студиото на уметникот, Седнат млад човек, Потеклото на светот
  • Жан-Франсоа Миле — Пролет,, The Gleaners
  • Жан-Батист Камиј Коро — Утро. Танцот на нимфите
  • Александар Кабанел — Раѓањето на Венера, Смртта на Франческа да Римини и Паоло Малатеста
  • Жан-Леон Жером — Портрет на бароницата Натаниел де Ротшилд, Приемот на Конде во Версај, Грофицата де Келер
  • Пјер Пуви де Шаване — Млади девојки до морето, The Young Mother also known as Charity, Поглед на палатата Версај и градината со портокали
  • Ежен Будин — Trouville Beach
  • Камиј ПисароБела слана
  • Едуар Мане — Олимпија, Балкон, Берта Моризо со букет темјанушки, Доручек на тревата
  • Едгар ДегаПарада, позната и како Коњска трка пред трибините, The Bellelli Family, The Tub, Портрет на Едуар Мане, Portraits, At the Stock Exchange, Апсинт
  • Пол СезанЈаболки и портокали
  • Клод МонеСтаницата Сен Лазар, Улицата Монторгеј во Париз. Прослава на 30 јуни, 1878, Ефект на ветрот, Series of The Poplars, Rouen Cathedral. хармонија во сино, Blue Water Lilies
  • Одилон Редон — Калибан
  • Пјер Огист РеноарBal au moulin de la Galette, Montmartre
  • Жил Дезбоа — Destitution
  • Фердинанд ХодлерDer Holzfäller (The Woodcutter)
  • Гистав Кајебо — The Floor Planers
  • Едуар Детај — Сон
  • Брајан Рајт — "Човекот"
  • Винсент ван ГогАвтопортрет, Сиеста, Црквата во Овер, View from the Chevet, Италијанка, Ѕвездено небо над Рона, Портретот на д-р Гаше
  • Ежен Јансон — Proletarian Lodgings
  • Пол Сињак — Women at the Well
  • Феликс Вајотон — Misia at Her Dressing Table
  • Жорж-Пјер Сера — Циркус
  • Пјер Бонард — The Chequered Blouse
  • Андре Девамбес — The Charge
  • Вилијам Адолф Бугеро — Раѓањето на Венера

Галерија на дела изложени во музејот

Скулптури

Музеј Орсе 
Сафо, 1852 Прадиер
Музеј Орсе 
Жан Батист Карпо: Четирите страни на светот ја држат небесната сфера

Неокласицизам

  • Џејмс Прадиер (Женева, 1792-Бугивал,1852), Сафо 1852

Романтизам

  • Пјер-Жан Давид од Анжер (Анжер, 1788-Париз, 1856)

Гете, 1829-1831, гипс

  • Франсоа Руде (Дижон, 1784-Париз, 1855)

Наполеон се буди за бесмртност, 1845, гипс

  • Огист Прео (Париз, 1809-1879)

Офелија, 1842, бронза

Еклектицизам на Втората империја

Уголино и неговите деца, 1860, бронза

Принцезата Матилда, 1862, мермер

Царскиот принц и неговото куче Нерон, 1865 година, мермер

Четири страни на светот кои ја поддржуваат небесната сфера, 1868-1872, лакирани влакна од гипс

Танц, 1869 година, депониран од Опера Гарние

Музеј Орсе 
Природата и се открива на науката (1899). Автор: Ернест Бариас (1841-1909). Музеј Орсе, Париз

Еклектицизам на Третата Република

  • Жан-Пол Обе (Лонгви, 1837-Кејп Бретон, 1916)

Данте Алигиери, 1879, бронза

  • Теофил Баро (Каркасон, 1848-Париз, 1913)

Сузан, 1895, мермер

Луј-Ернест Баријас (Париз, 1841-1905)

Биста на Жорж Клерин, сликар, 1875, теракота

Нубијците (Ловци на алигатори), 1894, гипс гипс

Природата и се открива на науката, 1899, мермер, оникс, гранит, малахит

  • Фредерик Аугуст Бартолди (Колмар, 1834-Париз, 1904)

Статуа на слободата, 1889, бронза

Белфорски лав, 1900, бронзено бареле

  • Жил Кутан (Париз, 1848-1939)

Ловци на орли, 1900, гипс

Музеј Орсе 
Глави на Домие Дорсе

Реализам

  • Оноре Домиер (Марсеј, 1808-Валмонд, 1879)

Познати личности од Праведна средина, околу 1832, 36 карикатури во обоена сурова земја

Ратапоил, околу 1851 година, бронза

  • Жил Далу (Париз, 1838-1902), 91 скулптури од кои:

Ковач 1886, студија, патиниран малтер

Република, 1879, скица на теракота

Големиот селанец, 1904 година, бронза

Импресионизам и Огист Роден

Позначајни вајари во овој правец се:

Франсоа Руд, Жил Кавелие, Жан Батист Карпо, Огист Роден, Пол Гоген, Камиј Клодел и Оноре Думие.

Други дела

Музејот има и колекции на:

  • архитектура и декоративни уметности
  • фотографија

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Музеј Орсе ИсторијаМузеј Орсе ЗбиркаМузеј Орсе Надворешни врскиМузеј Орсе НаводиМузеј Орсе1986ДегаИмпресионистМонеПаризРеноарСезанСена

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масакр кај ВејцеВидови аглиРепублика МакедонијаСписок на градови во Македонија по населениеСтево ПендаровскиОпштина Гази БабаРеферендум во Македонија (2004)Солунски атентатиГрегоријански календарКрпен животТапанОпштина ИлинденТодор АлександровНикола Димитров (дипломат)ИменкаМеѓународен ден на трудотЉупчо ЈордановскиИзбори во МакедонијаОпштина Крива ПаланкаХолокаустХристијан МицкоскиГрб на МакедонијаСписок на главни градови во ЕвропаАвстралијаЗлосторство и казнаПат околу светот за 80 денаБилјана ВанковскаОхридски рамковен договорДекларацијаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаСловенијаДонтов методРисто КрлеДенес над МакедонијаИлинка МитреваНадреден знакПарадоксот на ДиогенОбединети за МакедонијаГенералот на мртвата војскаКоле ЧашулеДимитар АпасиевРомантизамОпштествено уредувањеВоен конфликт во Македонија (2001)Избирачко местоИзборна единица 3Министер за здравство на МакедонијаИнтеграКичевоМакедонијаМакедонциМакедонски парламентарни избори, 2006Гордана СилјановскаДвижење БесаHAARPТурцијаКрвВелики четвртокМоликаTrackBackРадовишМакедонски парламентарни избори, 1990ВртоглавицаДаме ГруевСложена реченицаТатјана ПетрушевскаЗевсФјодор Михајлович ДостоевскиАлцхајмерова болестЦер (село)itqmaАлбанијаДајреНационализамПросветителствоТартиф🡆 More