Симболизам: уметнички правец

Симболизам — уметнички и книжевен правец кој настанал во Франција кон крајот на 19 век како отфрлање на натурализмот и реализмот.

Симболизмот имал свои почетоци уште од периодот на романтизмот, и траел и после 1900 година, кога се смета дека како правец изумрел.

Ла Вета, 1905 година, симболистичко дело на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи.
Ла Вета, 1905 година, симболистичко дело на италијанскиот сликар Чезаре Сакаџи.

Претставници

Во литературата главен претставник на симболизмот е Шарл Бодлер. Покрај него, тука се и германскиот поет и романописец Новалис, американскиот раскажувач и лиричар Едгар Алан По, француските романтичари Виктор Иго и Алфред Вињи.

Непосредни претходници на симболизмот се сметаат: Артур Рембо, Стефан Маларме, Верлен, кои се сметаат и за негови најдобри претставници, а Маларме и за најзначаен теоретичар.

Во Германија: Р.М. Рилке и Х. фон Хофманстал. Во Англија: Оскар Вајлд и В.Б. Јејтс. Во Русија: Валериј Брјусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок. Во Југославија: Јован Дучиќ, А. Г. Матош, Отон Жупанчич и други.

Во поезијата

Во основата на својата поетика симболистите ги ставиле теоретските ставови и поетската пракса на Шарл Бодлер: современ поет, син на големиот град, кој во својата сензибилност слегува до дното на човечкиот физички и морален пад, наоѓајќи го во темните длабочини на човечкото битие најголемото патење но и најголемата восхитеност, спој на несреќа и убавина („Ужасот на животот - екстазата на животот“).

Природата во своите појавни облици е само привидност (сон), а под тоа се крие вистинската суштина на нештата. Поетот е видовит пророк, кој во моменти на поетска интуиција ги открива тие суштини. Со „симбол“ се означува поетска слика која се прелева многу над своето основно значење, и дифузно сугерира многу идеи и емоции. Наспроти романтичарските барања за субјективност на поетскиот израз, симболизмот ја прогласува имперсоналноста (безличноста) како основна поетска инспирација.

Значење и влијание

Според српскиот поет Јован Дучиќ, симболизмот не бил ново духовно движење, туку само нов манир, само нов начин на говорење, но не и ново чувство. Оттука, многу брзо, тој бил целосно исцрпен и опаднал. Во симболизмот има многу големи грешки, неговата психологија е ненормална, неговите идеи и асоцијации се бизарни, неговите сензации се болни, неговото негирање на непосредното доживување е сосема погрешно, а неговата музика е само бесцелно преценување на споредните случаи. Затоа, тоа движење завршило во здодевност.

Наводи

Надворешни врски

Симболизам: Претставници, Во поезијата, Значење и влијание 
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:

Tags:

Симболизам ПретставнициСимболизам Во поезијатаСимболизам Значење и влијаниеСимболизам НаводиСимболизам Надворешни врскиСимболизамНатурализамРеализам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина СтрумицаЈордан КамчевГерманијаДемократска партија (Македонија)Седум светски чуда на античкиот светРаковиОливера ТрајковскаВиножитоАнгинаХромозомДаниел ДефоСложена реченицаМоликаНина Атанасова-ШкрињариќРепублика МакедонијаСтојанче АнгеловИменкаБерлински конгресСписок на тегоби и болки на стапалатаТумор на мозокБолести и аномалии на очитеМакедонска азбукаОпштина ЧашкаКрива ПаланкаК-15Христо УзуновСобрание на МакедонијаРамазанКандидСолунМакедонски претседателски избори (2014)Гоце ДелчевСписок на команданти на ОНАБосна и ХерцеговинаЉупчо ГеоргиевскиДебарДудукМакедонски парламентарни избори (2020)Димитар КовачевскиВитамин Б6Ристо КрлеРусијаДојранско ЕзероИзборна единица 1Општина СтуденичаниНикола КљусевЗијадин СелаГолосеменициВелики петокСтефан ЛазаровОпштина ОхридОпштина ЧаирИмер СелманиГлас за МакедонијаВоен конфликт во Македонија, 2001Општина Ѓорче ПетровЖирафаМендух ТачиМејозаОикофобијаМакедонски претседателски избори (2004)Список на политички партии во МакедонијаЛиберално-демократска партијаМакедонска крвава свадбаМакедонски парламентарни избори, 2006Прва светска војнаУкраинаЛавИзбори во Република МакедонијаЉубомир ФрчкоскиХолокаустПетар Поп АрсовКрушевоТелефонНАТОИлинка МитреваИндонезија🡆 More