Опера Гарние

Операта Гарние позната и како Палата Гарние (фр.

Тоа е една од најубавите згради во Париз, дизајнирана од архитектот Шарл Гарние во необарокен стил, завршена во 1875. година. Официјалното име на операта, кое е и со златни букви испишано на фасадата е „Национална академија на музиката - театар на операта“ (фран. Académie Nationale de Musique - Théâtre de l'Opéra). Денес седиштето на Националната опера на Франција е преселено во Операта Бастиља, изградена во 1989.

Опера Гарние
Опера Гарние, Paris

Историја

Во 1672 кралот Луј XIV му наложил на Жан-Батист Луји да основа Кралска музичка академија, која ќе биде институција составена од опера, балет и музички состав. Во 1713 Луј XIV ја прогласил операта за државна установа, вклучувајќи го и ансамблот на балетот. Оттогаш па сѐ до инаугурацијата на Операта Гарние, Кралската академија за музика сменила 13 театри како свои седишта, од кои повеќето биле уништени од пожари. Сите овие театри, без оглед на нивното вистинско име, биле нарекувани Париска опера (фран. Opéra de Paris).

Палатата Гарние била изградена како дел од големата реконструкција на Париз иницирана од императорот Наполеон III, кој за тие зафати го ангажирал Баронот Осман. Во 1858. императорот го задолжил Осман да обезбеди 12.000м² колку што биле потребни за градба на нова зграда која ќе ги вдоми светски познатите париски опера и балет. Конкурсот за проектот бил објавен во 1861. и победил архитектот Шарл Гарние (1825-1898). Темелите биле поставени во 1861, но поради низа технички и политички проблеми (подземни води, Француско-пруската војна, Париската комуна, и други), градбата завршила дури на крајот на 1874., а првата претстава била играна на 15 јануари 1875.

Зградата била целосно реставрирана во периодот помеѓу 1994. - 2006. при што била заменета целокупната сценска техника, електриката и биле поправени темелите.

Архитектура и стил

Палатата Гарние има површина од 11.000 м², собира околу 2.200 гледачи, централниот лустер тежи преку 6 тони, а на сцената собира до 450 артисти. Таа е украсена со многу орнаменти, стилот е монументален, а внатрешноста е украсена со мермерни столбови, рамки и статуи. Познати вајари како Жан Батист Карпо и Жан Жозеф Перо работеле на декорацијата на внатрешноста и на фасадата.

Помеѓу столбовите на предната фасада се сместени бронзени статуи на големите композитори како Моцарт и Бетовен. Внатрешноста се состои од ходници што се преплетуваат, скалила, фоајеа и галерии, што овозможува голем број посетители слободно да се движат и да се среќаваат за време на паузите. Карактеристично за барокниот стил, ѕидовите се украсени со кадифе, златни листови и фигури на ангели и нимфи.

Таванот на главната сала, околу лустерот, бил насликан од Марк Шагал во 1964.

Галерија на слики

Наводи

  • Allison, John (ed.), Great Opera Houses of the World, supplement to Opera Magazine, London 2003
  • Beauvert, Thierry, Opera Houses of the World, New York: The Vendome Press, 1995. [ISBN 0-86565-978-8]
  • Guest, Ivor Forbes, Ballet of the Second Empire, London: Wesleyan University Press, 1974
  • Guest, Ivor Forbes, The Paris Opera Ballet, London: Wesleyan University Press, 2006
  • Kleiner, Fred S., Gardner's Art Through The Ages, Belmont: Thomsom Wadsworth, 2006 [ISBN 0-534-63640-3]
  • Zeitz, Karyl Lynn, Opera: the Guide to Western Europe's Great Houses, Santa Fe, New Mexico: John Muir Publications, 1991. [ISBN 0-945465-81-5]

Надворешни врски

48°52′19″N, 2°19′54″E

Tags:

Опера Гарние ИсторијаОпера Гарние Архитектура и стилОпера Гарние Галерија на сликиОпера Гарние НаводиОпера Гарние Надворешни врскиОпера ГарниеНеобарокПаризФр.

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Биљал КасамиВеличествениот султан (ТВ-серија)Општина ЧашкаКирил ПејчиновиќРомантизамЕгипетски календарРахим БекириБеровоДанте АлигиериМеѓународен ден на трудотКарлес ПуџдемонОсновни SI-единициМајка ТерезаÈ (кирилица)ИнсектиШпанијаДен на планетата ЗемјаБроеви во македонскиот јазикРоднински односиПарадоксот на ДиогенБубрежна инфекцијаМесечинаТамбура (македонска)Македонска револуционерна организацијаСкратеници во македонскиот јазикЗнаме на МакедонијаЦрни и жолтиКлиматските промени и сиромаштијатаГемиџииМакедонски парламентарни избори (1998)ДебарЈордан МијалковГеографија на МакедонијаТоме АрсовскиЦрнила (драма)АртрозаРибиПресметување на датумот на ВелигденМакедонско востаниеТалат ЏафериМРП вакцинаКрал МаркоАрхангел МихаилДимитар КовачевскиПредмет (граматика)Електрична енергијаАвтобиографија (Григор Прличев)СардинијаКонтинентБујар ОсманиПасхаСкопјеСинонимМасакр кај ВејцеОНАСмоларски ВодопадМакедонски претседателски избори, 2004ПроливЕгејска МакедонијаВелесАдам и ЕваГраѓанска опција за МакедонијаОхридски рамковен договорЗагадување на водатаМакедонски парламентарни избори, 2011Распад на СФРЈСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ДаишоОвулацијаДојранДраги КостовскиИзборни единици во МакедонијаСерија ААдминистративна поделба на МакедонијаКисел дождСписок на држави во светот🡆 More