Македонска Азбука: азбука на македонскиот јазик со 31 буква

Македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Македонија, донесена на 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија.

Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои правописни знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л' и н'. Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.

Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Историска заднина

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал службен јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944.

Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури во 1945. Низ историјата македонскиот јазик се запишувал со следните писма:

Современата македонска азбука е донесена со решение на народната влада на Федерална Македонија, подоцна преименувана во Народна Република Република. Азбуката е донесена на 3 мај 1945 година, кога воедно се вовел и правописот на македонскиот јазик. Владата ја прифатила азбуката на 5 мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“, бидејќи во тој период овој весник се користел и за владини акти. Службениот весник е основан нешто подоцна. Интересен факт за азбуката е дека има мала разлика во однос на редоследот на буквите споредена со современата. Имено, буквата „ќ“ не била после „т“, туку после буквата „к“.

Азбука

Во следниве таблици се дадените големите и малите букви:

Големи букви
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш

Оваа азбука претставува печатен облик на писмото, додека ракописното писмо е многу поразлично.

Освен вообичаените звуци на буквите ѓ и ќ, во некои наречја овие букви звучат како /ʥ/ и /ʨ/, соодветно. Според истражувањата на Американското криптограмско здружение, најчеста македонска буква е „а“, меѓу трите најчести се и „о“ и „и“.

Уникатни букви

Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од XIX век. Во своето дело За македонцките работи, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.

Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани во Мисирковата книга како л' и н', а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации. Изненадувачки, сè до крајот на Втората светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата и други краеви сѐ уште се пишува и се изговара Лубе наместо Љубе.

Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.

Акцентираните букви è и ѝ не се сметаат за посебни букви, ниту за вистински акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви е, и кои се одбележуваат со надреден знак во зборови кои имаат хомографи, за нивно разликување.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Македонска Азбука Историска заднинаМакедонска Азбука АзбукаМакедонска Азбука Уникатни буквиМакедонска Азбука НаводиМакедонска Азбука ПоврзаноМакедонска Азбука Надворешни врскиМакедонска АзбукаВук КараџиќКирилицаКрсте Петков МисирковМакедонски јазикРепублика МакедонијаФонетика на македонскиот јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БлаговештениеСкопско калеАнгинаСписок на езера во МакедонијаПетар ПанБогомилаЕволуција на човекотКамењанеGЈелена РозгаСелим IIЛимфомСписок со македонски музичариБаба (планина)Попова ШапкаЛисабонски договорГликемијаЈеховини сведоциСпоменка (книга)БременостМакедонци-муслиманиЗлатна петорка (филм)ВодноРак на желудникБорис СарафовПравоаголен триаголникСончев СистемБолести и аномалии на очитеФилип II МакедонскиСписок на македонски филмовиКрсте Петков МисирковСистемски лупус еритематозусНЛБ БанкаМултипла склерозаКалин КаменЛумбагоРепублика СрпскаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаБорис ТрајковскиАнтички МакедонциСписок на македонски народни поговоркиЈана СтојановскаСрцев ударСедум светски чуда на античкиот светБитолаХазби ЛикаФК БарселонаТриаголникСмрдлива ВодаМладен КрстевскиПатраКајмак (филм)Википедија на македонски јазикМакедонско ракописно писмоЗалив на КоскитеАнглиски јазикШугаБалкански ПолуостровРоднински односиЗемја (планета)Вознесение ХристовоФК РомаМетодија Андонов-Ченто‘Рбетен столбСплитЗнаме на МакедонијаМеѓународен аеродром СкопјеСрбијаЛионел МесиФК ТетексВртоглавицаУнгаријаБерлинСараевоПаневропски коридор XРепродуктивен системУран (планета)🡆 More