Марко Цепенков: македонски фолклорист

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829 — Софија, 29 декември 1920) — истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците .

Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.

Марко Цепенков
Марко Цепенков: Семејството на Марко Цепенков, Животопис, Собирачката дејност
Роден 7 ноември 1829
Прилеп, Македонија
Починал 29 декември 1920(1920-12-29) (возр. 91)
Софија, Бугарија
Познат собирач на народни умотворби
ПотписМарко Цепенков: Семејството на Марко Цепенков, Животопис, Собирачката дејност
Марко Цепенков: Семејството на Марко Цепенков, Животопис, Собирачката дејност
Марко Цепенков седнат.

Семејството на Марко Цепенков

 
 
 
 
 
 
 
Марко Цепенков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Никола Цепенков
 
Коста Цепенков
 
Ристе Цепенков
 
Илче Цепенков
 
Ката Цепенкова
 
Мара ЦепенковаДафа Цепенкова
 
 
 
 
 
 
 
 
Марко Цепенков

Животопис

Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови. Тој дал голем придонес на македонскиот народ.. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската книжевност е голема важност, како и за развојот на македонската фолклористика, етнографија и култура.

Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.

Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивскиот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за првпат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање. Во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.

Собирачката дејност

Марко Цепенков: Семејството на Марко Цепенков, Животопис, Собирачката дејност
Споменик на Марко Цепенков во центарот на Прилеп

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби .

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил „бугарски“ народ.

Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.

Цепенков како мотив во уметноста

Белешки

Наводи

Надворешни врски

This article uses material from the Wiki Македонски article Марко Цепенков, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply. (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
#Wikipedia® is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.

Tags:

Семејството на Марко Цепенков Марко Цепенков

Животопис Марко Цепенков

Собирачката дејност Марко Цепенков

1829

1920

29 декември

7 ноември

Етнографија

Лингвистика

Прилеп

Софија

Фолклористика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаКарлес ПуџдемонМакедонијаОче нашМајка ТерезаГригор ПрличевСкопјеДен на востанието на МакедонијаФудбалВиктор Иго1647 во музиката1664 во музиката1661 во музикатаСахелК21641 во музикатаПеколот (Божествена комедија)Силјан Штркот1637 во музикатаЈапонски јазициНауката во 1651 годинаСписок на македонски народни поговоркиФудбалско игралиштеДетски праваМихаел ШумахерБајадераХороскопски знациЖанрИталија на Олимписките игриТоше ПроескиЏузепе Гарибалди1636 во музикатаКинеско стандардно времеНауката во 1569 година112 п.н.е.ГомирјеАлександра ПријовиќАтентат врз Франц ФердинандАрхитектОрганизирањеДритан АбазовиќДански јазикИранГлаголСообраќајна мрежаБојан МаричиќУметноста во 1983 годинаМарија IПодгорциМесопотамија1945 во музикатаГеографија на МакедонијаАвтобиографија (Григор Прличев)1661 во уметностаСтрептококен фарингитисОперативен системДржавни празници во МакедонијаАндерс ЦорнИталијанска комуна1503 во музикатаБистра вода (серија)Џејмс МилнерСандра БулокАполо 11Прва светска војнаПаскал БаилЛов на тигриХрватски месециМакедонска азбукаТиндорфСписок на планини во МакедонијаГент-Вевелгем 2020Тврд дискГрадови во МакедонијаМакедонски јазикАвтомобилски регистарски таблички во Македонија🡆 More