Летни Олимписки Игри 2012

XXX Летни олимписки игри (формално познати како „Игри на XXX Олимпијада“) — Летни олимписки игри одржани од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија.

Градот Лондон станал првиот град кој по третпат бил домаќин на Летните олимписки игри Претходно, градот бил домаќин во 1908 и 1948 година.

Игри на XXX Олимпијада
Летни Олимписки Игри 2012
Град-домаќин Лондон, Велика Британија
Гесло „Инспирирај ја генерацијата“
Земји-учеснички 204
Натпреварувачи 10.820
Свечено отворање 27 јули
Свечено затворање 12 август
Отворена од кралицата Елизабета II
Стадион Олимписки стадион

Лондон за домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година бил избран на 6 јули 2005 година, на 117 седница на МОК која се одржала во Сингапур, победувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз, по четири круга на гласање. Оваа вест била објавена од страна на поранешниот олимписки шампион Себастијан Коу.

Олимпијадата се одржа во Олимпискиот парк во реонот Стратфорд и на разни места во поширокото подрачје на градот.

Избор на град-домаќин

Летни Олимписки Игри 2012 
Постер во Лондон за ЛОИ 2012

Девет градови поднеле кандидатура за организација на игрите заклучно со 15 јули 2003, кој бил краен рок за доставување на кандидатурите. Градови кои поднеле кандидатура биле: Хавана, Истанбул, Лајпциг, Лондон, Мадрид, Москва, Њујорк, Париз и Рио де Жанеиро.

Градоначалникот на Лондон, Кен Ливингстон, изјавил дека главниот мотив за иницирање и лобирање за кандидатурата на градот е да се развие источниот дел на Лондон, кој бил заборавен во последните 30 години. На 18 јуни 2004 Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на седница го скратил списокот на потенцијални домаќини на пет града: Лондон, Мадрид, Москва, Њујорк и Париз.

До 19 ноември 2004 година, сите градови биле должни да ги дополнат своите кандидатури. Инспекцијата на МОК во периодот од февруари до март 2005 ги посетил сите градови кандидати. При инспекцијата во Париз, градот бил зафатен со голем број на демонстрации и обвиненија за корупција на еден од клучните членови на париската кандидатура, а воедно и член на МОК и се чинело дека тоа ќе биде голем минус за канидатурата на Париз. Меѓутоа во првиот извештај на МОК кој не содржел никакви рангирања објавен на 6 јуни 2005, Париз добил убедливо најдобри оценки, пред Лондон. Њујорк и Мадрид исто така добиле позитивни оценки.

Во текот на процесот, Париз се сметал за еден од главните фаворити за добивање на организација, особено поради тоа што ова било третпат градот да биде кандидат во поновата историја. Првично Лондон заостанувал зад Париз, но работите почнале да се подобруваат со именувањето на Себастијан Коу за нов шеф и прв човек на лондонскиот тим на 19 мај 2004. Кон крајот на август 2004, извештаите предвидувале тесна борба помеѓу Париз и Лондон.

Летни Олимписки Игри 2012 
Себастијан Коу, првиот човек на Лондонскиот тим

Одлуката за град домаќин била донесена на 6 јули 2005 година, на 117-та седница на МОК. Поддршка за кандидатурата на Лондон на лице место дал и тогашниот премиер на Обединетото Кралство - Тони Блер. Во првиот круг на гласање била елиминирана Москва, а потоа и Њујорк и Мадрид. Во финалното гласање, како што и се очекувало останале Париз и Лондон. На крајот на четвртата рунда на гласање, Лондон ја однел победата со само 4 бода повеќе од Париз.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на ЛОИ 2012
Град НОК 1 Рунда 2 Рунда 3 рунда 4 Рунда
Лондон Летни Олимписки Игри 2012  Обединето Кралство 22 27 39 54
Париз Летни Олимписки Игри 2012  Франција 21 25 33 50
Мадрид Летни Олимписки Игри 2012  Шпанија 20 32 31
Њујорк Летни Олимписки Игри 2012  САД 19 16
Москва Летни Олимписки Игри 2012  Русија 15

Подготовки

Спортски собиралишта

Летни Олимписки Игри 2012 
Стадионот Вембли

За Олимписките и Параолимписките Игри 2012 се користат мешавина од нови, постоечки и историски објекти, како и привремени објекти. Поголемиот дел од објектите се поделени во три зони во рамките на општината Голем Лондон, и тоа олимписка зона, речна зона и централна зона. Покрај овие, се користат и други места кои поради неопходноста се наоѓаат надвор од границите на општината. Такви се националниот едриличарски центар Вејмут и Портланд на островот Портланд, како и стадионите кои се користени за фудбалскиот турнир кои се наоѓаат низ целото Обединето Кралство.

Олимписка зона

Летни Олимписки Игри 2012 
Олимписки Стадион
Летни Олимписки Игри 2012 
Кошаркарска олимписка арена
Летни Олимписки Игри 2012 
Лондонски велопарк
Летни Олимписки Игри 2012 
Вимблдон - Тенис

Речна зона

  • Ексел Центар – бокс, мечување, џудо, пинг понг, теквондо, кревање тегови, борење
  • Гринички парк – коњички спортови, модерен петобој (трчање, пукање)
  • O2 арена – кошарка (финале), гимнастика
  • Кралска артилериска касарна – стрелаштво

Централна зона

  • Сеанглиски клуб за тенис на треба и крикет - тенис
  • Ерл Корт Центар - одбојка
  • Плоштад на коњичката гарда - одбојка на плажа
  • Хајд Парк - пливање (маратон), триатлон
  • Лордов терен за крикет - стреличарство
  • Маратонска патека - атлетика (маратон)
  • Реџентс Парк - велосипедизам (пат)
  • Вембли арена - бадминтон, ритмичка гимнастика
  • Стадион Вембли - фудбал (финале)

Надвор од Лондон

  • Езеро Дорни - кану (спринт), кајак, веслање
  • Хадли Фарм - планински велосипедизам
  • Воден Центар "Ли Вели" - кану (слалом)
  • Национален едриличарски центр Вејмут и Портланд - едрење

Фудбалски стадиони

Турнирот во фудбал се одржа на следниве стадиони:

Панорама на Олимпискиот парк во април 2012

Краток преглед

  • Во првиот круг од женскиот турнир во фудбал, организаторите направиле превид кога за време на натпреварот меѓу Колумбија и Северна Кореја на семафорот било погрешно истакнато знамето на Јужна Кореја наместо она на Северна Кореја. Фудбалерките на Северна Кореја во знак на протест го напуштиле игралиштето, а натпреварот започнал со доцнење од повеќе од еден час откако грешката била исправена. По завршувањето на натпреварот, членовите на организацискиот комитет на игрите испратиле официјално извинување до Олимпискиот комитет на Северна Кореја.
  • Игрите биле свечено отворени од страна на кралицата Елизабета II која станала првата личност којашто прогласила за отворени Олимписки игри во две различни држави.
  • Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали, и со вкупно 22 освоени медали на Олимписките игри станал најуспешниот олимпиец по бројот на освоени медали, соборувајќи го дотогашниот рекорд на советската гимнастичарка Лариса Латинина со 18 освоени медали. Со неговата победа во трката на 200 м мешано, тој станал првиот пливач кој успеал да освои златен медал во една иста дисциплина на три Олимписки игри.
  • Американката Миси Френклин победила во пливачките трки на 100 и 200 м грбно, а освоила уште два златни и еден бронзен медал во штафетните трки, со што била најуспешна натпреварувачка на игрите.
  • Кинеската пливачка Је Шевен освоила две златни медали во трките на 200 и 400 м мешано со само 16 години, поставувајќи нов светски рекорд во подолгата трка.
  • По одигрувањето на два натпревара на турнирот во бадминтон во женска конкуренција бил извршен нивен детален преглед, откако се појавиле гласини дека и обете двојки, кои веќе имале обезбедено учество во понатамошните натпревари, се обиделе „намерно“ да ги загубат своите последни натпревари во групната фаза, со цел да бидат вкрстени со „полесни“ противници. Грешките од страна на овие двојки биле забележливи и преку негативните реакции од страна на присутните.
  • Во стрелаштво, Кимберли Роуд од САД победила во дисциплината стрелање глинени гулаби и го освоила својот трет златен и вкупно петти медал на Олимписките игри. Со тоа, таа станала првата жена која освоила три златни медали во стрелаштво и трет натпреварувач воопшто, по Ралф Шуман од Германија и Џин Џонг-ох од Јужна Кореја.
  • Тениските натпревари на терените на Вимблдон ги одбележала Американката Серена Влијамс, која освоила два златни медали, поединечно и во двојки. На тој начин, таа станала првата тенисерка по Штефи Граф, којашто успеала да освои „Златен Гренд Слем“, т.е. победи на сите Гренд Слем турнири и златен медал на Олимписките игри. Машкиот дел од турнирот бил одбележан со најдолгите два натпревара во Олимписката историја; златниот медал го освоил Енди Мареј со победата против Роџер Федерер во финалето.
  • Љубителите на атлетиката биле сведоци на четири нови светски рекорди, меѓу кои и рекордот во женската штафетна трка на 4 х 100 м. Имено, штафетата на САД ја завршила трката во време од 40,82 s, што било за 55 стотинки подобро остварување од дотогашниот рекорд на штафетата на Источна Германија, стар 27 години.
  • Јусејн Болт победил во трките на 100 и 200 м, како и во штафетната трка на 4 х 100 м, со што станал првиот атлетичар којшто успеал да ги одбрани титулите во овие трки освоени на претходните Олимписки игри.
  • Во атлеткската трка на 400 м, златниот медал го освоил 19-годишниот Кирани Џејмс од Гренада, кој на својата земја ѝ го донел првиот медал од Олимписките игри.
  • За време на една од квалификациските трки на 800 m, алжирскиот атлетичар Тауфик Махлуфи престанал да трча и го напуштил тартанот само по претрчани 200 m. Според пројавените гласини, Махлуфи „намерно“ ја напуштил трката, со цел да може подобро да се подготви за трката на 1500 м. Веднаш потоа, тој бил отстранет од игрите од страна на Меѓународната атлетска федерација, која го обвинила за недавање на искрен напор, нарушувајќи го олимпискиот идеал. Сепак, по поднесената жалба од страна на алжирските службени лица дека всушност станувало збор за мала повреда на коленото, му било дозволено учество во трката на 1500 м, во којашто Махлуфи го освоил златниот медал.
  • Во натпреварите во фудбал, репрезентативките на САД го освоиле третиот златен медал на Олимписките игри едноподруго. Машкиот турнри завршил со победа на репрезентативците на Мексико, коишто го освоиле првото олимписко злато во фудбал за својата земја, откако во финалето ја победиле фаворизираната репрезентација на Бразил со 2-1.
  • На одбојкарскиот турнир, репрезентацијата на Русија го освоила златниот медал со победата од 3-2 над Бразил во финалето откако бразилските одбојкари не успеале да искористат две меч-топки при водство од 2-0 во третиот сет. Сепак, женската репрезентација на Бразил го одбранила златниот медал од игрите во Пекинг, совладувајќи ја репрезентацијата на САД со 3-1 во финалниот натпревар.

Спортови

Во програмата на Летните олимписки игри 2012 се вклучени вкупно 26 спортови и 38 дисциплини. На почетокот биле планирани 28 спортови, како и на претходните игри, но неподредно по изборот на Лондон за домаќин на игрите, безболот и софтболот биле отстранети од програмата на олимписките игри. Како потенцијални замени фигурирале каратето и сквошот, но ниеден од двата спорта не добил доволен број на гласови на гласањето на ченовите на МОК (било потребно двотретинско мнозинство). На седница на МОК на 13 август 2009 година, било одлучено на програмата на игрите да се вклучи бокс во женска конкуренција.

Распоред на натпреварувања

Ова е распоредот на настаните на Летните олимписки игри 2012 од 15 октомври 2010 г. Официјалниот финален распоред на настаните беше соопштен на 15 февруари 2011 година.

ЦО Церемонија на отворање Натпревари 1 Финални натпревари ЦЗ Церемонија на затворање
јули / август 25
сре
26
чет
27
пет
28
саб
29
нед
30
пон
31
вто
1
сре
2
чет
3
пет
4
саб
5
нед
6
пон
7
вто
8
сре
9
чет
10
пет
11
саб
12
нед
Настани
Летни Олимписки Игри 2012  Церемонии ЦО ЦЗ
Летни Олимписки Игри 2012  Стреличарство 1 1 1 1 4
Летни Олимписки Игри 2012  Атлетика 2 6 6 5 4 4 5 6 8 1 47
Летни Олимписки Игри 2012  Бадминтон 1 2 2 5
Летни Олимписки Игри 2012  Кошарка 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Бокс 3 5 5 13
Летни Олимписки Игри 2012  Кајак и кану 1 1 2 4 4 4 16
Летни Олимписки Игри 2012  Велосипедизам 1 1 2 2 2 1 1 1 3 2 1 1 18
Летни Олимписки Игри 2012  Скокови во вода 1 1 1 1 1 1 1 1 8
Летни Олимписки Игри 2012  Коњички спорт 2 1 1 2 6
Летни Олимписки Игри 2012  Мечување 1 1 1 1 2 1 1 1 1 10
Летни Олимписки Игри 2012  Хокеј на трева 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Фудбал 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Гимнастика 1 1 1 1 1 1 3 3 4 1 1 18
Летни Олимписки Игри 2012  Ракомет 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Џудо 2 2 2 2 2 2 2 14
Летни Олимписки Игри 2012  Современ петобој 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Веслање 3 3 4 4 14
Летни Олимписки Игри 2012  Едрење 2 2 2 1 1 1 1 10
Летни Олимписки Игри 2012  Стрелаштво 2 2 1 1 1 1 2 2 1 2 15
Летни Олимписки Игри 2012  Пливање 4 4 4 4 4 4 4 4 1 1 34
Летни Олимписки Игри 2012  Синхронизирано пливање 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Пинг-понг 1 1 1 1 4
Летни Олимписки Игри 2012  Теквондо 2 2 2 2 8
Летни Олимписки Игри 2012  Тенис 2 3 5
Летни Олимписки Игри 2012  Триатлон 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Одбојка 1 1 1 1 4
Летни Олимписки Игри 2012  Ватерполо 1 1 2
Летни Олимписки Игри 2012  Кревање тегови 1 2 2 2 2 2 1 1 1 1 15
Летни Олимписки Игри 2012  Борење 2 3 2 2 2 2 3 2 18
Вкупно настани 12 14 12 15 20 18 22 25 23 18 21 17 22 16 32 15 302
Збирно 12 26 38 53 73 91 113 138 161 179 200 217 239 255 287 302
јули / август 25
сре
26
чет
27
пет
28
саб
29
нед
30
пон
31
вто
1
сре
2
чет
3
пет
4
саб
5
нед
6
пон
7
вто
8
сре
9
чет
10
пет
11
саб
12
нед
Настани

Земји-учеснички

Летни Олимписки Игри 2012 
Број на учесници по држава

На игрите учествуваат околу 10.500 спортисти од 204 национални комитети, што ги прави овие игри најголем спортски настан некогаш одржан во Обединетото Кралство.

На националниот олимписки комитет на Холандските Антили му било одбиено барањето самостојно да учествува на игрите по распадот на Холандските Антили, од страна на извршниот одбор на МОК во јуни 2011 година. Сепак спортистите од Холандските Антили на игрите учествуваа самостојно под олимпиското знаме.

Иако имало почетна загриженост, за неиспраќањето на женски спортистки од страна на Саудиска Арабија, Брунеј и Катар, сепак на крајот Саудскискиот тим решил да испрати две спортистки.

Освојувачи на медали

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Летни Олимписки Игри 2012  САД (USA) 46 29 29 104
2 Летни Олимписки Игри 2012  Кина (CHN) 38 27 23 88
3 Летни Олимписки Игри 2012  Велика Британија (GBR) 29 17 19 65
4 Летни Олимписки Игри 2012  Русија (RUS) 24 26 32 82
5 Летни Олимписки Игри 2012  Јужна Кореја (KOR) 13 8 7 28
6 Летни Олимписки Игри 2012  Германија (GER) 11 19 14 44
7 Летни Олимписки Игри 2012  Франција (FRA) 11 11 12 34
8 Летни Олимписки Игри 2012  Италија (ITA) 8 9 11 28
9 Летни Олимписки Игри 2012  Унгарија (HUN) 8 4 6 18
10 Летни Олимписки Игри 2012  Австралија (AUS) 7 16 12 35

Наводи

Надворешни врски

Претходник
Пекинг 2008
Летни олимписки игри
Лондон

Игри на XXX Олимпијада (2012)
Наследник
Рио де Жанеиро

Tags:

Летни Олимписки Игри 2012 Избор на град-домаќинЛетни Олимписки Игри 2012 ПодготовкиЛетни Олимписки Игри 2012 Краток прегледЛетни Олимписки Игри 2012 СпортовиЛетни Олимписки Игри 2012 Земји-учесничкиЛетни Олимписки Игри 2012 Освојувачи на медалиЛетни Олимписки Игри 2012 НаводиЛетни Олимписки Игри 2012 Надворешни врскиЛетни Олимписки Игри 201212 август201227 јулиВелика БританијаЛетни олимписки игриЛондон

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2016)Список на реки во МакедонијаСамка ИбраимовскиСреден клеточен волуменКрвРастенијаЖичени инструментиСојузници во Првата светска војнаЈаглехидратБобан ТрајковскиЛимфомГаличникПрва влада на Зоран ЗаевЛокални избори во Македонија (1996)Данела АрсовскаПрва балканска војнаМитко ЧавковВелики петокКрпен животДемократијаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанАнемијаПростатаМакедонски парламентарни избори, 2016Илче СтојановскиПартија за демократски просперитетПанко БрашнаровЃорге ИвановЛокални избори во Македонија (2013)Гоце ДелчевСојуз на Ромите од МакедонијаКиро ГлигоровФудбалПсихологија на личностаЛокални избори во Македонија (2005)ХипертензијаБиблијаЗајакШтипЧернобилИзет МеџитиМакедонски претседателски избори, 2009ИндијаКавадарциМакедонска азбукаДојранско ЕзероМинато определено свршено време во македонскиот јазикАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2009)TrackBackСлезинаСЦ „Јане Сандански“ - СкопјеРепублика МакедонијаПрва влада на Никола ГруевскиИнфрацрвена спектроскопијаМакедонски парламентарни избори (2002)Панде ПетровскиТрајко Вељаноски‘Рбетен столбРамиз МеркоОдбојкаТодор АлександровИлинденско востаниеКантарионСловачкаЗборник на МиладиновциЉубе БошкоскиИшијасАвстралијаБорис ТрајковскиСоцијалистичка партија на МакедонијаКанадаРепродуктивен системСкопјеРоберт ПетковскиГлаголСписок на градови во Македонија🡆 More