Карпа: куп природно наталожени минерали

Карпите се составни делови на литосферата составени од збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат составени само од еден минерал.

Иако се создале на различни начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата Земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак, што се занимава со настанокот, составот, особините и начинот на пројавување на карпите во Земјината кора се нарекува петрологија (грчки: petros-карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се делат на три основни групи: магматски, седиментни и метаморфни.

Карпа: Магматски карпи, Седиментни карпи, Метаморфни карпи
Карпа од различни минерали

Магматски карпи

Карпа: Магматски карпи, Седиментни карпи, Метаморфни карпи 
Базалт, вид на магматска карпа

Магматските карпи настануваат со ладењето или стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат голема примена во градежништвото. Тие немаат слоеви и не содржат фосилни остатоци. Магматските карпи се класифицираат на најразлични начини. Ако се поделат според начинот на настанувањето, има:

  • Плутонски, кои кристализираат внатре во кората и создаваат големи маси на правилни кристали
  • Насложени, кои се стврднуваат преку пукнатините низ кои магмата си отвора пат и создаваат големи и мали кристали
  • Вулкански, чијшто начин на стврднување е надвор по вулканските ерупции и создаваат само некои кристали. Се класифицираат според процентот на силициум што го содржат:
    • Кисели, се состојат од над 66% силициум (како гранитот, на пример)
    • Средни, имаат меѓу 52 и 66% силициум (како андеситот)
    • Базични, се состојат од 45 до 52% силициум (на пример, базалт)

Седиментни карпи

Карпа: Магматски карпи, Седиментни карпи, Метаморфни карпи 
Песочник, вид на седиментна карпа. Се забележуваат напластувањата.

Седиментните карпи настануваат со седиментација (напластување или таложење) на ситен материјал во морињата, езерата, реките и на копното. Овие карпи најчесто се напластени во хоризонтална положба и се состојат од слоеви со различна дебелина. Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни. Според потеклото и видот на материјалот што се напластува, се разликуваат карпи со:

  • Механичко потекло, настануваат со напластување на механички иситнет или раздробен материјал во водите или на копното. Напластениот материјал се слепува, се цементира и се преобразува во цврста карпа. Карпи од ваков вид се конгломератите, глинестите карпи, лесот итн.
  • Хемиско потекло, се создаваат со таложење на материјал кој води потекло од растворите на минералите во водата. Примери за вакви карпи се гипсот, бигорот и слично.
  • Органогено потекло, настануваат со седиментација на остатоци од фосилни организми, и тоа најчесто планктонски. Органогени карпи се кредата, дијатомитот, нумулитниот варовник и слично.
Карпа: Магматски карпи, Седиментни карпи, Метаморфни карпи 
Седиментна карпа на Водно

Метаморфни карпи

Карпа: Магматски карпи, Седиментни карпи, Метаморфни карпи 
Мермер. Во Македонија наоѓалиште на мермер има во Прилеп (Мермерен комбинат)

Метаморфните (видоизменети) карпи имаат променлив состав и потекнуваат од метаморфозата (видоизменувањето) на физичко-хемиски особини на кој било друг вид на карпи (магматски, седиментни). Метаморфозата најчесто се врши во подлабоките слоеви на Земјината кора. Главни фактори за видоизменувањето се високиот притисок и високите температури, кои придонесуваат кристалографската структура на карпата да се измени (процес познат како прекристализација), а резултатот е создавање нови минерали. Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот, шкрилците, кварцитот, амфиболитот и слично.

Карпите како тема во уметноста и во популарната култура

Карпите се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

  • „Трета прошетка по карпите“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.
  • „Сивата карпа“ (The Grey Rock) - поема на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.
  • „Додворување на карпите“ (Удварање стенама) - песна на српскиот поет Васко Попа од 1975 година.
  • „Карпа“ (The Rock) - циклус песни на британскиот поет Т.С. Елиот.
  • „Помош, јас сум карпа (Свита во три става)“ (Help, I'm A Rock (Suite In Three Movements)) - композиција на американската рок-група „Мадерс оф инвеншн“ (The Mothers Of Invention) од 1966 година.

Наводи

Tags:

Карпа Магматски карпиКарпа Седиментни карпиКарпа Метаморфни карпиКарпа Карпите како тема во уметноста и во популарната култураКарпа НаводиКарпаГрчки јазикЗемјина кораЛитосфераМагматска карпаМетаморфна карпаМинералНаукаПетрологијаСедиментна карпа

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак (болест)Химна на ВМРОВенко ФилипчеСтево ЦрвенковскиПролетМатка (кањон)ПопулизамРевматоиден артритисСписок на македонски народни и староградски песниЗлосторство и казнаМакедонски денарМиле ЗечевиќЧернобилска несреќаМакедонски претседателски избори (2014)МакедонциОпштина Кисела ВодаДемократски сојузЕвропска УнијаСашо ОрдановскиПапратПсоријазаЉубе БошкоскиЗоран ЗаевАвантурите на ПинокиоНафтен танкерЛокални избори во Македонија (2009)Изборна единица 6Македонска обновителна реформска опција - Работничка партијаМитко ЧавковБожествена комедијаДостоинство (политичка партија)КомуњарМитБегалкаПанкреасРисКандидПневмонијаОикофобијаФашизамПартија за движење на Турците во МакедонијаМакедонски претседателски избори (1994)Гордана СилјановскаМакедонски претседателски избори, 2019Левица (политика)Ѓокица ЛукаревскиОпштина КарпошОпштина Демир ХисарЦер (село)Велигденски јајцаИскра ГешоскаМакедонски парламентарни избори (1990)Список на Влади на МакедонијаНародна Република КинаКанцониеротПржински договорПере ТошевДекамеронДемократска обнова на МакедонијаОпштина ДојранМакедонско востаниеСиндром на стекнат имунолошки дефицитНова социјалдемократска партијаДоксициклинИсус ХристосЦрн дробАлжирРеферендум во Македонија (2018)ХепатитАнте ПоповскиПрва влада на Бранко ЦрвенковскиЈужна ЕвропаМесечинаЗа наша МакедонијаКаролина Ристова - АстерудМакедонски парламентарни избори (1994)ОдбојкаЛозје (книга)🡆 More