Петрологија: наука за карпите

Петрологија (од старогрчки: πέτρος „карпа“ и -λογία „наука“) — гранка на геологијата која ги изучува карпите и условите во кои тие се образуваат.

Поделена е на три полиња: магматска, метаморфна и седиментна. Магматската и метаморфната петрологија се изучуваат заедно бидејќи обете во голема мера вклучуваат примена на хемија, хемиски методи и фазни дијаграми. Седиментната петрологија, од друга страна, често се изучува заедно со стратиграфијата бидејќи се занимаваат со таложните процеси кои образуваат седиментна карпа.

Петрологија: Методологија, Гранки, Поврзано
A volcanic sand grain seen under the microscope, with plane-polarized light in the upper picture, and cross-polarized light in the lower picture. Scale box is 0.25 mm.

Литологијата порано била синоминма на петрографијата, но денес литологијата се задржува на опишување на поголеми парчиња или цели изданоци, а петрографијата се занимава со микроскопските поединости.

Во нафтената индустрија, литологија и длабинските испитувања се вршат дупчење на извадоци за да се добие графичка слика за геолошките образби. Кога исечоците се вадат со сврдла од дупнатината, се земаат примероци, истите се испитуваат (обично под 10× микроскоп) и по потреба хемиски се третираат.

Методологија

Петрологијата се служи со минералогијата, петрографијата, оптичката минералогија и хемиска анализа за да го опише составот и текстурата на карпите. Петролозите ги вклучуваат и начелата на геохемијата и геофизиката во изучувањето на геохемиските трендови и циклуси, како и термодинамички податоци и опити за да добијат увид во потеклото на карпите.

Гранки

Постојат три гранки на петрологијата за секој од трите вида карпи: магматски, метаморфни и седиментни. Има и четврта гранка која се занимава со опитни техники:

  • Магматска петрологја се задржува на составот и текстурата на магматски карпи (како гранитот или базалтот кои се кристализирале од стопени карпи или магма). Во магматските карпи спаѓаат вулканските и плутонски.
  • Седиментната петрологија се задржува на составот и текстурата на седументни карпи (како што се песочникот, шркилецот и варовникот кои се состојат од парчиња или парченца добиени од други карпи или од биолошки или хемиски наслаги, и обично се сврзани во матрица или пофин материјал).
  • Метаморфната петрологија се задржува на составот и текстурата на метаморфни карпи (како аргилошистот, мермерот, гнајсот или шкрилците кои почнале како седиментни или магматски карпи, но претрпеле хемиски, минералошки или текстурни промени под дејство на крајно големи притисоци, температура или обете)
  • Опитната петрологија корисити апаратура со висок притисок и висока температура за да ги истражи геохемијата и фазните односи на природните или вештачките материјали при зголемини притисоци и температури. Опитите се особено корисни за истражување на карпи во долната кора и горниот плашт кои ретко опстануваат на патот до површината во недопрена состојба. Тие се меѓу главните извори на информации за целосно недостапни карпи како оние водолниот плашт на Земјата и плаштовите на други земјовидни планети и Месечината. Со оваа работа, опитните петролози ја имаат поставено основата врз која е изградено современото на магматските и метаморфните процеси.

Поврзано

Наводи

Извори

Надворешни врски

Tags:

Петрологија МетодологијаПетрологија ГранкиПетрологија ПоврзаноПетрологија НаводиПетрологија Надворешни врскиПетрологијаГеологијаКарпаСедиментна карпаСтарогрчки јазикСтратиграфијаХемија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Глаголи во македонскиот јазикГлаголДимитар АпасиевРак на белите дробовиАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаОхридско ЕзероМавровоРепублика БугаријаПустина (роман)Општини во МакедонијаПрилепЛемносМарина МијаковскаПарагвајЕвропаТурцијаАбас ЦаноскиКелтски јазициМилиноПираваСвето Римско ЦарствоГеографска картаИлијадаЖивотниШведскаСамоилово ЦарствоКандидСписок на држави и територии во ЕвропаБолестИзборна единица 2ПролетСлуз-цедење во грлотоХрватски месециМалтаАлександар III МакедонскиСтара скопска чаршијаСветско првенство во фудбал 2022АДХДИзборна единица 6ГрадОбединети Арапски ЕмиратиМухамедДрагана МирковиќТопографска картаИндонезијаКамен мост (Скопје)Дишен системНикол КидманОксидБели дробовиЦрно семе (филм)Македонски ораТехеранМултипла склерозаЦистична фиброзаОптички кабелЕгипетИлинденско востаниеСедум светски чуда на античкиот светВторична структура на нуклеинските киселиниЛимфен системАјдахоДискус хернијаВојдан ЧернодринскиВикипедија на македонски јазикАеродром Париз-БовеКошаркаАнгелСписок на македонски филмовиСтевчо ЈакимовскиБогородицаБитка за КурскШтрковиТриаголникЕстрогенПингвин🡆 More