Руда

Руда — вид на камен што содржи минерали со вредни елементи како метали се вади од земјата со рударење.

Ископаниот материјал потоа се рафинира за да се добијат саканите елементи.

Руда
Железна руда (слоевита)
Руда
Златна руда
Руда
Олово-цинкова руда
Руда
Наоѓалишта на метални и градежносуровински руди во светот

Класата или концентрацијата на рудниот минерал или метал и обликот во кој се јавува истата го одредува трошокот на вадење на рудата. Исплатливоста на експлоатацијата зависи од вредноста на металот во рудата и степенот на негова застапеност. Металните руди може да се соединенија како оксиди, сулфиди, силикати или „самородни“ метали (како што е самородниот бакар) што се јавуваат концентрирани во Земјината кора. Покрај нив, постојат и „благородни“ метали како златото што се среќаваат во самостоен неврзан облик. Рудата потоа се обработува за да се добијат саканите метали, раздвојувајќи ги од камењата и другите непотребни минерал. Рудните лежишта се создаваат по пат на различни геолошки процеси. Тие процеси се основа за поделба на рудите, според кои тие се групираат.

Ископување

Рудните наоѓалишта се експлоатираат по следниве постапки:

  1. Истражување и извидување за утврдување на местоположбата, големината и вредноста на лежиштата
  2. Проценка на ресурсите со математички пресметки за количината и класата
  3. Изготвување на претпроектна студија со цел да се утврди теоретската економска корист одрудникот. Со ова се одредува дали треба да се вложува во понатамошни истражувања и се востановуваат главните ризици што би произлегле од тоа.
  4. Изготвување на проектна студија за финансиската исплатливост, техничката изводливост и финанскиските и техничките ризици. Во овој момент се решева дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти. Тука спаѓа планирање на рудникот со моделирање на искористливиот дел, металуршките процеси, пазарната побарувачка и вредност на рудата, трошоците на инженерските и техничките работи и инфраструктурата, финансиските услови и анализа на животниот век на рудникот.
  5. Проценка на влијанието врз животната средина
  6. Градежни работи, постаување на инфраструктура и вградување на опрема
  7. Работа со рудникот (експлоатација)
  8. Рехабилитација на земјиштето за негова поинаква употреба во иднина

Поважни рудни минерали

Руда 
Јагленокопот „Каи Поинт“ во Отаго, Нов Зеланд
  • аргентит: Ag2S за добивање на сребро
  • барит: BaSO4
  • берил: Be3Al2(SiO3)6
  • боксит Al(OH)3 и AlOOH, се суши до Al2O3 за добивање на алуминиум
  • борнит: Cu5FeS4
  • волфрамит: (Fe, Mn)WO4
  • галенит: PbS
  • злато: Au, обично се среќава со кварц или како шлих
  • илменит: FeTiO3
  • каситерит: SnO2
  • кобалтит: (Co, Fe)AsS
  • колумбит-танталит или колтан: (Fe, Mn)(Nb, Ta)2O6
  • магнетит: Fe3O4
  • малахит: Cu2CO3(OH)2
  • молибденит: MoS2
  • пентландит:(Fe, Ni)9S8
  • пиролузит:MnO2
  • сфалерит: ZnS
  • уранинит (пехбленда): UO2за добивање на металичен ураниум
  • халкозин: Cu2S за добивање на бакар
  • халкопирит: CuFeS2
  • хематит: Fe2O3
  • хромит: (Fe, Mg)Cr2O4 за добивање на хром
  • цинабарит: HgS за добивање на жива
  • шелит: CaWO4

Галерија на руди од Македонија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Руда ИскопувањеРуда Поважни рудни минералиРуда Галерија на руди од МакедонијаРуда ПоврзаноРуда НаводиРуда Надворешни врскиРудаКарпаМеталМинералРударство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Пере ТошевМакедонски јазикРомски јазикНина Атанасова-ШкрињариќМакедонски ораХороскопски знациМијациЦрн дробАнте ПоповскиИзбори во МакедонијаГерманијаКрешник БектешиДрамаСветлинаАли АхметиГраѓанска опција за МакедонијаБигорски манастирВлада на Димитар КовачевскиТумор на мозокАдаптација (биологија)Демократска алтернативаПопис на населението во Македонија (2021)МРП вакцинаИнфективна мононуклеозаОпштина ВрапчиштеБалкански рисПолитичка партијаРомантизамПрометејГенералот на мртвата војскаСоветски СојузГолемата вода (роман)Национални паркови во МакедонијаПиринска МакедонијаЧорбаџи ТеодосСрпска напредна странка во МакедонијаЦирозаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаОикофобијаОпштина КарбинциТрапезСиндром на стекнат имунолошки дефицитХипотироидизамВлада на Талат ЏафериБлагој ДавковВлада на МакедонијаИсусово воскресениеУнгаријаКоле ЧашулеМакедонски месециДомашно говедоМакедонски парламентарни избори, 1998Болести и аномалии на очитеРак на грло на маткаЗа наша МакедонијаИндијаРастенијаСамоилово ЦарствоЛевица (политичка партија)ТетанусХепатит ЦМакедонски парламентарни избори (2011)Историја на македонскиот народОпштествено уредувањеСипанициКичевоСтево ПендаровскиМултипла склерозаМонокотиледониМитозаБедија БеговскаАтинаВесна БендевскаЛатвијаБекир ХалимиДаниел ДефоИлијадаХипертензијаСоцијалдемократски сојуз на Македонија🡆 More