Камењарче

Камењарчето (науч. Arenaria interpres) е мала крајбрежна птица, една од двата вида на родот Arenaria.

Камењарче
Камењарче
Возрасен со перје во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Arenaria
Вид: Камењарче
Научен назив
Arenaria interpres
(Linnaeus, 1758)

Сега е класифицирана во семејството на мочварките (Scolopacidae), но порано понекогаш беше сместувана во семејството на блатарките (Charadriidae). Таа е целосно птица преселница која се размножува во северните делови на Евроазија и Северна Америка и лета на југ за да зимува на крајбрежјата речиси во целиот свет. Ја има и во Македонија.

Опис

Камењарче 
Вон сезона на парење

Камењарчето е мала набиена птица со должина од 22 до 24 см, распон на крилјата од 50 до 57 см и тежина од 85 до 150 грама. Темниот, клинест клун е долг 2-2.5 см и благо свиен нагоре. Нозете се кратки, 3.5 см, светлопортокалови. Во сите сезони, пердувите шарени во кафеави нијанси со црно и бело. Во сезона на парење, грбот им е црвеникаво-кафеав со црни шарки. Главата е претежно бела со црни линии на круната и црни дамки на лицето. Градите се претежно црни со бело од страните. Остатокот од долниот дел е бел. При лет, се гледа бело под крилјата, со дамка во близина на основата и белиот долен грб, под опашката и опашката со темни краеви. Женките се малку посветли од мажјаците со покафеава глава и повеќе линии. Вон сезоната на парење птиците се посветли и имаат сивокафеави горни делови прошарани со црно и темна глава со малку бело.

Птиците од подвидот morinella се помали со потемни горни делови и помалку линии на круната.

Камењарчето има продолжителен, растреперен повик, и во сезоната на парење разговорливо-тревожен повик.

Распространетост

Камењарче 
На Галапагос

Камењарчето се размножува во арктичките предели, близу до крајбрежјата, не повеќе од неколку километри од морето. Подвидот A. i. morinella живее во северна Алјаска и арктичка Канада. A. i. interpres се размножува во западна Алјаска, Гренланд, Норвешка, Данска, Шведска, Финска, Естонија и северна Русија.

Во Америка, овој вид зимува на крајбрежјата од Вашингтон и Масачусетс и до најјужниот дел на Јужна Америка. Во Европа зимува во западните региони на Исланд, и на југот од Норвешка и Данска. Во мал број се среќаваат на крајбрежјата во Средоземјето. Во Африка е вообичаена сè до најјужните делови и во поголем дел од островите. Во Азија, пак, зимува на југ, во Кина, Јапонија, како и во Тасманија, Нов Зеланд и на многу тихоокеански острови.

Поведение

Исхрана

Камењарчињата обично се хранат со инсекти во текот на летото, иако нивната исхрана е проширена со други безрбетници како што се: ракови, мекотели, црви во другите сезони.

Исто така, забележано е дека ловат јајца од други птици, како галеби, патки, и поретко од други камењарчиња. Тие одат во незаштитеното гнездо и со клунот го дупнуваат јајцето и му ја јадат содржината.

При исхраната, оваа птица е забележано дека користи различни начини на поведение за да дојде до својот плен. Тие може да се сместат во 6 основни категории::

  • разгонување - со клунот ги превртува, копка и боцка купчињата морска трева од кои ги разбркува малите животинки како што се ракчињата или некои мекотели што се кријат под неа;
  • превртување камења - оттука е и името на птицата, таа ги превртува камењата со клунот и ги открива скриените полжавчиња и амфиподи;
  • копање - со мали копкања со клунот, птицата прави дупки во земјата супстрат (обично песок или кал), а потоа го клука изложениот плен - песочни скакулци и алгови мушички;
  • сондирање - камењарчето го пика својот клун повеќе од четвртина во земја и го бара својот плен;
  • чекан-сондирање - го отвора пленот (школките) со својот клун, како со чекан, а потоа ја јаде содржината;
  • површинско хранење — со кратко, плитко копкање го пронаоѓа пленот на или веднаш под површината на земјата.

Постојат докази дека начините на исхрана се разликуваат врз основа на поединечните способности, полот, па дури и социјалниот статус во однос на другите птици. Во една проучувана група, доминантните поединци се хранеле со „разгонување“ и ги спречувале подредените да ловат на ист начин. Кога овие доминантни птици биле привремено отстранети, некои од подредените започнале со техниката „разгонување“, а кај другите немало промена во начинот на хранење.

Агресија и одбрана на територијата

Кога се харнат, камењарчињата усвојуваат различни пози кои се показател на нивната доминација. Спуштената опашка и подгрбавениот став се поврзуваат со агресивност, односно со доминантна единка.

Декорациите на пердувите на камењарчето имаат голем број и необични комбинации во однос на другите крајбрежни птици. Тие ги користат овие единствени декорации за препознавање и дискриминирање на натрапниците од други територии. Кога е поставен лажен модел на птица на територијата на камењарчиња, помала веројатност за агресивен напад има ако таа е обоена со боите на камењарче од соседството.

Живеалиште и поведение

Камењарче 
Јато камењарчиња во различен стадиум на митарење меѓу камчиња и алги

Камењарчето може да преживее во различни живеалишта и климатски услови, од арктичка до тропска. Типично живеалиште за размножување е отворената тундра со вода во близина. Вон сезоната на парење, живее долж крајбрежјата, особено на карпести или камени брегови. Тоа често се наоѓа на вештачки структури како што се браните, а понекогаш и на отворените тревни површини близу крајбрежјата. Помал број се среќаваат во континенталните водни живеалишта, особено за време на пролетните и есенските миграции.

Во врска со зимувалиштата, камењарчињата се особено верни на определената локација. Во труд објавен 2009 година кој ги истражувал зимувалиштата на овие птици е утврдено дека дури 95% од птиците се вратиле на истото место следната есен. Истата студија, потврдува дека овој вид е најдолговечен од сите крајбрежни птици, со стапка на смртност под 15% (на возрасните птици). Просечниот животен век е 9 години, а највозрасната регистирана птица била стара 19 години и 2 месеца.

Камењарчињата имаат разновидна исхрана во која се вклучени и мрши, јајца, растенија, но претежно се хранат со инсекти и други безрбетници. Кога се хранат, обично се во јато.

Размножување

Камењарче 
Arenaria interpres - Јајце
Камењарче 
Врз гнездо, возрасен со перје во сезона на парење

Овие птици се моногамни и парот може да живее заедно повеќе од една сезона. Гнездото е плитко („гребнатинка“), често поставено со малку лисје. Тоа е околу 11 см долго и 3 длабоко. Може да биде изградено меѓу вегетација или на голи каменливи или карпести места.

Имаат само едно легло од 2-5 (најчесто 4) јајца. Тие се мазни, малку сјајни и варираат во боите, но претежно се светлозеленокафеави со темнокафеави дамки. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 22-24 дена. Претежно женката ги лежи, но и мажјакот помага, особено при крајот.

Малечките го напуштаат гнездото брзо по испилувањето, можат сами да се хранат, но се заштитувани од мажјакот. Со перје се здобиваат по 19-21 ден.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Камењарче ОписКамењарче РаспространетостКамењарче ПоведениеКамењарче НаводиКамењарче Надворешни врскиКамењарчеБиномна номенклатураВидЕвроазијаМакедонијаПтица преселницаРодСеверна АмерикаСемејство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (2009)Ајфелова кулаХари КостовДостоинство (политичка партија)Велко НеделковскиМакедонски парламентарни избори, 1990Партија за демократски просперитетОпштина БрвеницаДржавна изборна комисијаСписок на змии во МакедонијаПрирокБожествена комедијаМакедонциМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаСојуз на Ромите од МакедонијаЦрна ГораХосе МухикаВтора светска војнаБалкански рисОпштина НовациАлбанијаПоделба на гласовите во македонскиот јазикХераклеја ЛинкестисАрбен ТаравариДен на сесловенските просветителиБујар ОсманиОпштина СтуденичаниТрговијаИсторија на македонскиот народСобрание на МакедонијаКрушевоТрифун КостовскиМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаРепублика МакедонијаМакедонски претседателски избори, 201924 априлГолеми и мали (роман)Влада на МакедонијаГаличица20000 милји под моретоКралство ЈугославијаКожлеЈулијански календарДемохристијанствоСителОбединето КралствоВасил ИљоскиХристо ТатарчевПроизвод (математика)АфионИнтеграВакцина против тетанусНародна Република КинаОВКЗаздравување на ранаМакедонски парламентарни избори (2024)Движење БесаКрпен животВласите во ГрцијаКумановоХристо УзуновЕвроТалат ЏафериАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаИзборна единица 5Атентат врз Киро ГлигоровСрцева слабостТито ПетковскиБосна и ХерцеговинаБорислав КрмовОпштина Гази БабаВаско НаумовскиЛатвијаМакедонска крвава свадбаАрбен ЏафериМакедонски АлбанциЕндометриоза🡆 More