Вашингтон: главен град на САД

Вашингтон (анг: Washington, D.C.) — главен град на Соединетите Американски Држави.

Името го добил по првиот Претседател на Соединетите Американски Држави. Се наоѓа во Федералниот округ Колумбија (District of Columbia односно „D.C.“), специјална област која не е сојузна држава. Градот и округот се наоѓаат на бреговите на реката Потомак и граничат со државите Вирџинија (на југозапад) и Мериленд (на север, исток и југ). Градот е испланиран и изграден кон крајот на XVIII век за да служи како главен град на државата, а федералниот округ е основан за да го одвојува главниот град од државите. Од 1800 година, Вашингтон e дом на сите три гранки на Владата на САД: Конгресот, Претседателот и Врховниот Суд. Градот исто така е дом и на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Организацијата на американските држави. Бидејќи е дом на Претседателот и е значаен за политиката на САД, во градот многу групи одржуваат демонстрации и протести, најчесто во националниот парк, голем парк со многу споменици и музеи. Многуте споменици го прават Вашингтон популарно туристичко место.

Вашингтон
Washington, D.C.
Вашингтон: главен град на САД
Официјално знаме на Вашингтон
Официјално знаме на Вашингтон

Знаме
Официјален грб на Вашингтон
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Вашингтон
Mестоположбата на Вашингтон
Местоположба на Вашингтон, во однос на државите Мериленд и Вирџинија
Координати

Вашингтон: главен град на САД 38°53′42.4″N, 77°02′12.0″W

Општи податоци
Име
- изворно
Вашингтон
  Washington, D.C.
Прекар DC, The District
Мото
- изворно
Правда за сите
  Justitia Omnibus (Justice for All)
Основан 16 јули 1790
Повикувачки број 202
Портал www.dc.gov
Управа
Земја САД САД
Федерален округ Колумбија
Градоначалник Адријан Фенти (Д)
Географија
Површина
- копно
- вода
177 km²
159
18
Надморска височина 0–125 m
Население
Население 581 530 (2006)
Густина 3 481 ж./km²

Градот го добил името по Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.

Белешки

Надворешни врски

Tags:

1800XVIII векЈугЈугозападАнглиски јазикВирџинијаГлавен градГрадИстокКонгрес на Соединетите Американски ДржавиМерилендМеѓународен монетарен фондНационален паркОрганизација на американските државиПретседател на Соединетите Американски ДржавиРекаСветска банкаСеверСоединети Американски ДржавиСојузни држави во САДТуризам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бисера Костадиновска-СтојчевскаВодаТристан и ИзолдаСписок на езера во МакедонијаРепублика МакедонијаРак на усна празнинаЈазовецЕлизабета ЃоргиевскаНационални паркови во МакедонијаГолем ГрадАмонијакНАТОЗмијаГраматички категории на именките во македонскиот јазикПајак (пејач)Пустина (роман)Блаже КонескиБакарПатен сообраќајМагнетна резонанцијаСараевоТри сестриЛанец на исхранаИзборна единица 2Јани МакрадулиТанец (ансамбл)Перде (заболување)ПсоријазаВидови аглиПертусисОУ „Димитар Миладинов“ - ЦентарРимаНационален парк ПелистерКавадарциПридавки во македонскиот јазикАлбуминДебело цревоНикола ТеслаАлбанијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСистемски лупус еритематозусТунисБајрамИзборна единица 1Министер за здравство на МакедонијаЛегендиПневмонијаМекотелиДесет Божји заповедиЈагулаГемиџииПремиер на МакедонијаОпштина Шуто ОризариПивоВардарПолжавиЈордан МитевЕврејски календарРеферендум во Македонија (2018)ВласиМачкаАвантурите на ПинокиоСабина Ајрула-ТозијаСипанициКрстоносни војниВитамин ЕМакедонска радио-телевизијаГолеми и мали (роман)СРЦ Билјанини ИзвориКронова болестГрадски стадион КавадарциБудимпештаКоле НеделковскиКисел дожд🡆 More