Адреналин

Адреналинот (или епинефрин) е хормон и невротрансмитер кој учествува во регулирањето на висцералните функции (на пр.

респирација). Тој спаѓа во групата на катехоламини. Тој има повеќе улоги во организмот:

Адреналин
Адреналин
Систематско (IUPAC)
(R)-4-(1-Хидрокси-2-(метиламино)етил)бензен-1,2-диол
Клинички податоци
Бременосна
категорија
  • AU: A
  • US: C (Ризикот не е отфрлен)
Начин на издавање
  • AU: S4 (само на рецепта)
  • UK: POM (само на рецепт)
  • US: само на рецепт
Начин на
примена
интравенозно, интрамускуларно, интракардио
Фармакокинетички податоци
БиорасположливостNil (орално)
Полувреме на елиминација2 минути
Екскрецијаурина
Назнака
CAS-број51-43-4
ATC кодA01AD01 B02BC09 C01CA24 R01AA14 R03AA01 S01EA01
DrugBankAPRD00450
ChemSpider5611
Хемиски податоци
ФормулаC9H13NO3
Моларна маса183,204 g/mol
  (провери)

Механизам на дејство

Како хормон, адреналинот делува на скоро сите телесни ткива врзувајќи се со адренергичните рецептори. Неговите ефекти врз различни ткива зависат од видот на ткивото и експресијата на специфични форми на адренергичен рецептор. На пример, високи нивоа на адреналин предизвикуваат релаксација на мазните мускули во дишните патишта, но предизвикуваат контракција на мазните мускули во ѕидот на артериолите.

Адреналинот е неселективен агонист на сите адренергични рецептори, вклучувајќи ги главните поттипови α1, α2, β1, β2, и β3. Врзувањето на адреналинот за овие рецептори предизвикува низа метаболички промени. Врзувањето за α-адренергичните рецептори ја инхибира секрецијата на инсулин од панкреасот, ја стимулира гликогенолизата во црниот дроб и мускулите, и ја стимулира гликолизата и инхибира инсулин-посредуваната гликогенеза во мускулите. Врзувањето за β адренергичните рецептори ги стимулира секрецијата на гликагон од панкреасот, секрецијата на адренокортикотропен хормон (ACTH) од питуитарната жлезда, и липолизата во масното ткиво. Заедно, овие ефекти доведуваат до зголемено ниво на гликоза и масни киселини во крвта, со што се обезбедуваат супстрати за создавање на енергија во организмот.

Биосинтеза

Адреналин 
Биосинтезата на адреналинот вклучува серија на ензимски реакции.

Во хемиски поглед, адреналинот спаѓа во група на моноамини, наречени катехоламини. Тој се синтетизира во хромафинските клетки во срцевината на надбубрежната жлезда и во мал број на неврони во продолжениот мозок по метаболички пат во кој аминокиселините фенилаланин и тирозин преку серија на интермедиери, крајно се претвораат до адреналин. Прво, тирозинот се оксидира до L-DOPA со помош на ензимот тирозин хидроксилаза. Тој последователно се декарбоксилира од ензимот DOPA декарбоксилаза (ароматична L-аминокиселинска декарбоксилаза) при што се добива допамин. Допаминот се претвора во норадреналин под дејство на ензимот допамин бета-хидроксилаза. Крајниот чекор во биосинтезата на адреналинот е метилирање на примарната аминогрупа на норадреналинот. Оваа реакција е катализирана од ензимот фенилетаноламин N-метилтрансфераза (PNMT). Иако PNMT воглавно се наоѓа во цитозолот на ендокрините клетки во адреналната медула (познати како хромафински клетки), мали нивоа се детектирани и во срцето и мозокот.


Биосинтеза на катехоламините и амините во траги во човечкиот мозок
Адреналин 
L-DOPA
Адреналин
Фенетиламин
p-Тирамин
N-Метилфенетиламин
N-Метилтирамин
p-Октопамин
Синефрин
3-Метокситирамин
AADC
AADC
AADC
доминантна
реакција
PNMT
PNMT
PNMT
PNMT
AAAH
AAAH
мозок
CYP2D6
споредна
реакција
COMT
DBH
DBH
Адреналин 
Адреналинот се синтетизира од страна на мала група на неврони во човечкиот мозок (конкретно во продолжениот мозок) преку метаболичкиот пат прикажан погоре.

Хемиска синтеза

Адреналин може да се синтетизира од реакцијата на катехол со хлороацетил хлорид, по што следи реакција со метиламин за да се добие кетон, кои се редуцира до саканото хидрокси соединение. Рацемската смеса која се добива може да се одвои со тартаратна киселина.

Адреналин 

Адреналинот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Adrenaline“ - песна на македонската група „ПМГ Колектив“ од 2010 година.

Литература

Tags:

Адреналин Механизам на дејствоАдреналин БиосинтезаАдреналин Хемиска синтезаАдреналин от како тема во уметноста и во популарната култураАдреналин ЛитератураАдреналинКатехоламиниОрганизамХормон

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бубрежна инфекцијаСписок на езера во МакедонијаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаЛибанВодноВодаШенка КолозоваОпштина ОхридКуниНежилово (Велешко)Јужна АмерикаСончев СистемРевматоиден артритисКошаркаРак на белите дробовиБиполарно растројствоМовРаштакМенопаузаПопис на населението во Македонија (2021)Козјак (езеро)Апостол ПавлеМатка (кањон)Срцево заболувањеМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Список со македонски музичариПланинарски дом „Караџица“Денес над МакедонијаГеографија на МакедонијаСредоземно МореГоце ДелчевКамени КуклиМарихуанаДивљеКрива ПаланкаБроеви во македонскиот јазикКоле КанинскиМарс (планета)КирилицаПеперугиЖелкиДуфски ВодопадАна СтојановскаВласинско езероГевгелијаАдолф ХитлерКолосеумБорис СарафовМилан ЗавковМоскваЈошка МиленковскиАнгиографијаХипертензијаЗабЈегермајстерМечкин КаменМакедонска граматикаОпштина ГостиварМарија ШерифовиќБлагоја ПетровГрад СкопјеФК Брајтон енд Хоув АлбионПрва македонска фудбалска лигаДојранЛеукемијаПолжавиГустав ШвабПремиер лига на АнглијаОче нашКрвДаут ХарадинајХоландијаСлепо цревоМакедонска азбукаБастион (музичка група)АнглијаФК ТетексЃорѓија Пулевски🡆 More