Елба (германски: Elbe, долногермански: Elv) или Лаба (чешки: Labe) — една од најголемите реки во Средна Европа.
Извира од планините Крконоши во северозападна Чешка, па потоа да пропатува низ регионот Чешка (Чешка Република), потоа Германија и да влее во Северното Море кај Куксхафен, 110 км северозападно од Хамбург. Нејзината вкупна должина е 1.094 км.
Елба | |
чешки: Labe, германски: Elbe, долногермански: Ilv | |
река | |
Елба (Лаба) во близина на Дечин, Чешка | |
Земји | Чешка, Германија |
---|---|
Региони | Краловохрадечки, Пардубички крај, Средночешки крај, Устечки, Саксонија, Саксонија-Анхалт, Бранденбург, Долна Саксонија, Мекленбург-Западна Померанија, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн |
Притоки | |
- леви | В’лтава, Охрже, Мулде, Зале, Оре, Илменау, Луе, Осте |
- десни | Јизера, Шварце Елстер, Хафел, Елде, Биле, Алстер |
Градови | Пардубице, Усти на Лаба, Дрезден, Мајсен, Витенберг, Десау, Магдебург, Хамбург, Штаде, Куксхафен |
Извор | Бела Лаба |
- место | Крконоши, Чешка |
- височина | 1.386 м |
- координати | 50°46′32.59″N 15°32′10.14″E / 50.7757194° СГШ; 15.5361500° ИГД |
Утока | Северно Море |
- височина | 0 м |
- координати | 53°55′20″N 8°43′20″E / 53.92222° СГШ; 8.72222° ИГД |
Должина | 1.091 км |
Слив | 148.268 км2 |
Истек | во речна делта |
- просечен | 711 м3/с |
- максимален | 1.232 м3/с |
- минимален | 493 м3/с |
Истек на др. места (просечен) | |
- Дечин | 303 м3/с |
Слив на Елба | |
Притоките на Елба и нивниот дотур |
Најголемите притоки на Елба се: В’лтава, Зале, Хафел, Мулде, Шварце Елстер и Оре.
Сливот на реката Елба се состои од Елба и нејзините притоки, има сливно подрачје од 1.482 км2, четврто најголемо во Европа. Сливот спојува четири држави, со нејзиниот најголем дел во Германија (65,5%) и Чешка (33,7%). Многу мали делови се протегаат во Австрија (0,6%) и Полска (0,2%). Сливот е населен од 24,5 милиони луѓе.
Елба извира на надморска височина од околу 1400 метри од Крконоши (исто така познати и како Огромни планини или на германски како Riesengebirge) на северозападната граница на Чешка. На бројните мали потоци, чии води ја создаваат детето река, најважниот е Бела Лаба, или Бела Елба. По паѓањето од 60 метри на Лабскиот водопад, подоцна потокот се обединува со поројната Мала Лаба за да продолжи обединето кон југ, поминува низ планинските долини и продолжува до Пардубице, каде што силно врти кон запад. Кај Колин некои 43 км понатаму, постепено се врти кон северозапад.
Кај селото Карани, малку над Брандис на Лаба ја собира Јизера.
Кај Мелник, нејзиниот двојно ќе се зголеми поради В’лтава, или Молдау, река која тече северно низ регионот Чешка. Иако, низводно од устието В’лтава е поголема, 434 км наспроти 294 км, има поголем истек и поголем слив, поради историски причини (на устието В’лтава се влева скоро под прав агол, па така изгледа како притока) реката продолжува како Елба.
Потоа, низводно кај Литомерице, водите на Елба се затемнети од црвеникавата Охрже (Егер). Така зголемени во широчина од околу 140 метри, Елба го длаби патот низ базалтната маса на Чешке Стредохори, влегувајќи во една длабока, тесна и карпеста клисура.
Веднаш по поминувањето на чешко-германската граница и минувајќи низ делови на Елпските Песочнички Планини, реката продолжува во северозападен правец, што го задржува сè до Северното Море.
Реката поминува низ Дрезден и конечно, по Мајсен, влегува на нејзиното долго патување низ Северногерманската Низина минувајќи покрај поранешната граница на Источна Германија, покрај Торгау, Витенберг, Десау, Магдебург, Витенберге и Хамбург на нејзиното течение и преземајќи ги водите на Мулде и Зале од запад и оние на Шварце Елстер, Хафел и Елде од исток. Во нејзиниот северен дел, обата брега на Елба се одликуваат со рамни, многу плодни блата (Блата на Елба), поранешни поплавени низини на Елба, сега има подигнато насипи.
Кај Магдебург постои вијадукт, воден мост Магдебург, кој пренесува канап и неговиот бродски сообраќај, над Елба и нејзините брегови, дозволувајќи му на сообраќајот под него да поминува непречено.
Наскоро Елба стигнува во Хамбург. Во рамките на градот-покраина, Елба има голем на придружни потоци, како што се Дофе Елба, Гозе Елба, Келбранд, Северна Елба, Рајхерштиг, Јужна Елба. Некои од нив се исклучени од главното течение со насипи. Во 1390, Гозе Елба (буквално: Плитка Елба) била издвоена од главното течение со поврзување на наспите на двата тогашни острови Кирхвердер и Нојенгаме. Дофе Елба (буквално: Глува Елба) била исклучена со насипи во 1438/38 кај Гамер Орт. Овие хидраулични техники биле направени за да се заштитат блатата од поплави и за подобрување на водоснабдувањето на пристаништето во Хамбург. По тешката поплава од Северното Море западниот дел на Јужна Елба била одделена станувајќи Стара Јужна Елба, додека водите на источна Јужна Елба биле споени кон Келбранд, која е премостена со Келбрандскиот мост, последниот мост над Елба пред Северното Море.
Северна Елба ја поминува филхармониската сала Елба и потоа поминува под стариот Елпски тунел, обете во градскиот центар во Хамбург. Низводно, Северна Елба и Келбранд повторно се обединуваат да ја формираат Долна Елба јужно од Алтона-Altstadt, место во Хамбург. Право на нејзиниот почеток на Долна Елба поминува под новиот Елпски тунел, последниот структурен пат кој ја поврзува реката пред Северното Море. Напуштајќи го градот-покраина, Долна Елба поминува помеѓу Холштајн и триаголникот Елба-Везер со Штаде додека не се влева во Северното Море кај Куксхафен. Во близина на устието го минува и влезот на Килскиот Канал кај Брунсбител, пред да го допре Северното Море.
Град | Население |
---|---|
Храдец Кралове | 94.255 |
Пардубице | 88.559 |
Колин | 30.823 |
Карани | 450 |
Брандис на Лаба-Стара Болеслав | 16.314 |
Мелник | 19.077 |
Литомерице | 25.517 |
Усти на Лаба | 120.373 |
Дрезден | 517.052 |
Мајсен | 27.693 |
Торгау | 19.894 |
Витенберг | 49.914 |
Десау | 77.394 |
Магдебург | 230.456 |
Витенберге | 18.710 |
Хамбург | 1.769.117 |
Штаде | 46.080 |
Куксхафен | 50.846 |
Елба е пловна за комерцијални бродови од 1842 и обезбедува важни трговски врски, дури и за градови длабоко во внатрешноста на Европа, како Прага. Реката е поврзана со каналите (Канал Странична Елба, Канал Елба-Хафел, Средногермански Канал) до индустриските области на германија и до Берлин. Каналот Елба-Либек ја поврзува Елба со Балтичкото Море, како и Килскиот Канал, чиј западен влез е во близина на устието на Елба. Каналот Елба-Везер ја поврзува Елба со Везер.
Со Версајскиот договор навигацијата на Елба станала предмет на Меѓународната комисија за Елба, со седиште во Дрезден. Статутот на Комисијата бил потпишан во Дрезден на 22 февруари 1922. Според членовите 363 и 364 од Версајскиот договор, Чехословачка имала право на закуп на свое пристаниште во сливот, Молдаухафен во Хамбург. Договорот за закуп со Германија, надгледуван од Велика Британија, бил потпишан на 14 февруари 1929 г. и ќе заврши во 2028 г, од 1993 година Чешка го има формалното право на Чехословачка.
Пред Германија да се обедини, водниот транспорт во Западна Германија бил спречен од фактот дека речниот транспорт до Хамбург морал да помине низ Германската Демократска Република. Каналот Странична Елба бил изграден помеѓу западниот дел од Средногерманскиот Канал и Долна Елба за да ја поврати врската. Кога двете нации се обединиле, работите почнале да се подобруваат и се обновиле првобитените врски: Водниот мост Магдебург сега дозволува големи бродови да ја поминуваат Елба без да влезат во реката. Честото ниско ниво на реката, повеќе не ја попречува навигацијата до Берлин.
Низ Елба поминуваат многу фериботи, како патнички, така и за автомоболи. Во низводен ред, тие се:
Најпрвин спомнато на латински како Albis, името Elbe означува „река“ или „река-кревет“ и не е ништо повеќе туку верзија од горногермански на зборот (albiz) најден насекаде кај Германите.
Елба била снимени од Птоломеј како Albis (германски за „река“) во Германиа Магна со нејзиниот извор на Asciburgis планините (Крконоши, Riesengebirge или огромни планини), каде што германските Вандали живееле.
Елба одамна е важна алка во европската географија. Римјаните ја знаеле реката како Albis; меѓутоа, тие само еднаш се обиделе да ја преселат источната граница на нивната империја од реката Рајна до Елба, но овој обид пропаднал во Битката во Тевтобуршката шума во 9 н.е., потоа тие никогаш сериозно не се обиделе повторно. Во средниот век ја формирала источната граница на Империјата на Карло Велики. Пловните делови на реката, исто така имале суштинско значење за успехот на Ханзата и многу од трговијата се одвивала по овие води.
Елба ги исцртува западните делови на Германија од источниот т.н. Источна Елбија, каде кметството било посилно и подолго траеле, отколку на западот на реката и каде феудалците држеле поголеми имоти отколку на Западот. Така, управителите со огромни земјишта се одликувале како источно елбиски Јункери. Областа во Северна Германија северно од Долна Елба се нарекувала Северна Албингија во средниот век. Кога четирите лутерански црковни тела се обединиле во 1977, тие го избрале името Северна елбиска евангелистичко-лутеранска црква. Други, административни единици именувани по реката Елба, како што се вестфалскиот Елба департман (1807–1813) и Долна Елба депарман (1810) и францускиот департман Буп-де-л'Елб (1811–1814).
Во 1945, како што се ближел крајот на Втората светска војна, Нацистичка Германија била фатена помеѓу армиите на западните сојузници на запад и армијата на Советскиот Сојуз, кај што напредувала на исток. На 25 април 1945, овие две сили се сретнале во близина на Торгау, на Елба. Овој настан е обележан како Ден на Елба. По војната, Елба била дел од границата помеѓу Источна Германија и Западна Германија.
Во текот на 1970-тите, Советскиот Сојуз изјавила дека пепелта на Адолф Хитлер била расфрлана во Елба по ексхумацијата од неговото гробно место.
„Елба“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Елба, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.