Долно Коњаре: село во Општина Куманово

Долно Коњаре — населба во Општина Куманово.

Долно Коњаре
Долно Коњаре во рамките на Македонија
Долно Коњаре: Географија и местоположба, Историја, Население
Долно Коњаре
Местоположба на Долно Коњаре во Македонија
Долно Коњаре на карта
Координати 42°10′11″N 21°42′5″E / 42.16972° СГШ; 21.70139° ИГД / 42.16972; 21.70139
Општина Куманово
Население 330 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО
Долно Коњаре на општинската карта
Долно Коњаре: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Долно Коњаре во рамките на општината
Долно Коњаре: Географија и местоположба, Историја, Население Долно Коњаре на Ризницата

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа на територијата на Општина Куманово, недалеку од градот, во северен правец, на оддалеченост од околу четири километри и веќе припаѓа на рурбална зона на централното место. Селото е рамничарско, на надморска височина од 340 метри. Лежи непосредно до патот Куманово - Белград. Атарот зафаќа простор од 10,7 км2. На него доминира обработливото земјиште на површина од 935,3 ха, на пасишта отпаѓаат 30,9 ха, а на шумите 32,1 ха. Селото има полјоделска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение, има продавници и угостителски објекти.

Историја

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948254—    
1953369+45.3%
1961552+49.6%
1971998+80.8%
19811.050+5.2%
ГодинаНас.±%
19911.116+6.3%
19941.159+3.9%
20021.286+11.0%
2021330−74.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Коњаре живееле 56 жители, сите Македонци. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Коњаре имало 120 Македонци, патријаршисти.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Според пописот од 2002 година во населбата живеат 1.286 жители од кои Македонци 669, Албанци 91, Срби 516, Роми 2 и 8 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 330 жители, од кои 214 Македонци, 1 Албанец, 28 Срби, 1 останат и 86 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 254
1953 227 141 ... 1 369
1961 412 ... ... 137 ... 3 552
1971 813 1 ... 180 ... 4 998
1981 568 90 369 ... 23 1.050
1991 628 3 450 35 1.116
1994 556 93 3 496 11 1.159
2002 669 91 2 516 8 1.286
2021 214 1 28 1 86 330

Родови

Долно Коњаре е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Родови од Србија

  • Николиќи (1 к.) доселени се од селото Калово во Горна Пчиња; Јовановиќи (4 к.), Јовановиќи (3 к.), Цветковиќи 1 (2 к.), Цветковиќи (2 к.), Вучковиќи (1 к.) и Петровиќи (1 к.) доселени се од селото Рудиње кај Пирот; Манчиќи (6 к.) и Стојановиќи (3 к.) доселени се од селото Присијани кај Пирот; Марковиќи (3 к.) доселени се од во 1924 година од селото Каменик кај Пирот; Лазаревиќи (3 к.) доселени се во 1935 година од селото Темска кај Пирот; Божо (1 к.) доселени се од селото Опаје. А таму малку порано од околината на Пирот.

Родови од Македонија

  • Јаќимовиќи (1 к.) доселени се во турско време од селото Думановце; Спасовски (4 к.) доселени се во 1926 година од селото Петралица кај Крива Паланка; Стеванови (2 к.) доселени се од исто место со Спасовски, но овие се доселени 4 години подоцна; Симоновски (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Гиновци кај Крива Паланка; Петковски (4 к.) доселени се во 1946 година од селото Радибуш кај Крива Паланка; Митровиќи (4 к.) и Накиќи (2 к.) доселени се од селото Рамно; Илија (1 к.) и Мара (1 к.) доселени се од селото Орах; Душан (1 к.) и Саво (1 к.) доселени се од селото Рамно; Добре (1 к.), Добре (1 к.) и Јордан (1 к.) доселени се од селото Малотино; Јаневи (1 к.), Љубе (1 к.) и Славко (1 к.) доселени се од селото Четирце; Стојанови (2 к.) доселени се од селото Рамно; Спасини (2 к.) доселени се од селото Пелинце; Боне (1 к.) доселени се од селото Облавце; Здравко (1 к.) доселени се од селото Никуљане; Петруш (1 к.) доселени се од селото Табановце; Петко (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Благоја (1 к.) доселени се од селото Жегљане.

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

    Цркви
  • „Вознесение Христово“ — главната селска црква. Камен темелник постевен на 29 мај 2014 година, а оветена веќе на 9 јуни 2016 година;

Извори

  • М. Панов (1998) - Енциклопедија на селата во Република Македонија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Долно Коњаре Географија и местоположбаДолно Коњаре ИсторијаДолно Коњаре НаселениеДолно Коњаре Општествени установиДолно Коњаре Културни и природни знаменитостиДолно Коњаре ИзвориДолно Коњаре НаводиДолно Коњаре Надворешни врскиДолно КоњареОпштина Куманово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Вила ВодноГордана Силјановска-ДавковаТито ПетковскиПајак (пејач)Вештачка интелигенцијаЃорче ПетровЖелкиОхридска пастрмкаАмди БајрамВаландовоДаниела ТемелковскаРелигијаГригор ПрличевКорозијаРистиќева палатаВтора светска војнаЈустинијан IНезависен политичарКалеш АнѓаСтале ПоповЈане СанданскиМочуриштеАртрозаБујар ОсманиМакедонски парламентарни избори (1998)Скорпија (хороскопски знак)Јордан Хаџи Константинов-ЏинотХипотироидизамМакедонски парламентарни избори (1994)АнтибиотикСилвио ПиколоминиЖолчкаАнтонијо МилошоскиОмепразолШахДемографија на МакедонијаЈосип Броз-ТитоКисел дождАзот (област)Уставен суд на МакедонијаКомунизамХристо УзуновЗаконодавна властПрилепЗлосторство и казнаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ЕндометриозаОпштина Старо НагоричанеВикипедијаПиринска МакедонијаСписок на политички партии во МакедонијаСојузници во Првата светска војнаДемократска унија за интеграцијаКарлес ПуџдемонИлинка МитреваФК Реал СосиедадБроеви во македонскиот јазикСписок на македонски народни и староградски песниЦистична фиброзаМакедонски претседателски избори, 2014Дојранско ЕзероПечалбариСписок на команданти на ОНАПрва влада на Бранко ЦрвенковскиПрва влада на Зоран ЗаевВилијам ШекспирРадишаниВлатко СтефановскиЗНАМТуризам во РусијаГрцијаНова социјалдемократска партијаСтругаВолфганг Амадеус МоцартОдбојкаКрушевски манифестЉубе БошкоскиСашо Мијалков🡆 More