Никуљане: село во Општина Старо Нагоричане

Никуљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Никуљане, во околината на градот Куманово.

Никуљане
Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Никуљане

Никуљане во рамките на Македонија
Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Никуљане
Местоположба на Никуљане во Македонија
Никуљане на карта
Координати 42°13′0″N 21°47′58″E / 42.21667° СГШ; 21.79944° ИГД / 42.21667; 21.79944
Регион Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Североисточен
Општина Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Старо Нагоричане
Област Никуљане
Население 116 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17066
Надм. вис. 500-590 м
Слава Спасовден
Никуљане на општинската карта
Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Никуљане во рамките на општината
Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Никуљане на Ризницата

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во западниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, во горното сливно подрачје на реката Пчиња. Селото е ридско, на надморска височина од 500 до 590 метри. Од градот Куманово селото е оддалечено 13 километри.

Куќите на ова село се наоѓаат во северниот дел на Кумановската област, на ридско земјиште. Околни села се: Челопек, Старо Нагоричане, Четирце и Сушево.

Атарот зафаќа површина од 14,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 643 хектари, на пасиштата отпаѓаат 624 хектари, а на шумите 141 хектар.

Никуљане е село од разбиен тип. Постојат следниве маала: Горно, Ивановско, Веселинско, Летеинско, Ѓогинско, Жабаровско, Шоповско, Ѓуринско, Терзинско и Грујинско Маало. Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.

До селото има асФалтен пат, а преку селото може да се стигне до познатата мото-крос патека Забел во Општина Старо Нагоричане.

Историја

Постојат многу малку податоци за основањето и минатото на селото. Веројатно постоело старо село на денешната положба, кое подоцна пропаднало. Во некогашното село имало стара црква, сместена во горниот дел на селото. Околу 1900 година на нејзините темели била изградена денешната црква „Св. Илија“.

Според преданијата на предците, мештаните на селото се доселени од околината на Гнилане, Косово. Прв доселеник бил извесен Павле кој по битката на Косово дошол во Никуљане од селото Жегра кај Гнилане. Павле со браќата побегнал од турските зулуми. Како православец си ја донел и домашната слава Свети Никола. Со жената и со машко дете се населил над црквата. Кога селаните од селото Расево што било нешто подолу, кога го истерале добитокот на пасење, наишле на него и потоа почнале да си прераскажуваат дека „нико“ нов човек. Од зборовите „нико човек, нику људи“ настанало името на селото. Павле во почетокот бил сиромашен и им чувал добиток на селаните од соседното село, а подоцна се збогатил и неговите потомци се денешните жители на Никуљане.

Со населувањето на Арбанаси во соседното Сушево, се зголемиле нападите на селото, особено во периодот 1850-1912. Околу 1900 година убиле 8 истакнати мажи. Во годините подоцна биле грабани и девојки. Пред крајот на турската власт, во селото се населиле две арбанашки домаќинства.

Стопанство

Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Стариот конак во Забелскиот манастир
Никуљане: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната манастирска црква во Забелскиот манастир

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948885—    
1953969+9.5%
1961919−5.2%
1971682−25.8%
1981509−25.4%
ГодинаНас.±%
1991295−42.0%
1994259−12.2%
2002210−18.9%
2021116−44.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Никуљане имало 560 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Никуљане имало 560 жители.

Селото било големо, но поради иселувањето на населението преминало во мало село. Така, во 1961 година во Никуљане имало 919 жители, од кои 905 биле Срби, a 14 жители Македонци, додека во 1994 година бројот се намалил на 259 жители, исклучително српско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Никуљане имало 210 жители, од кои 5 Македонци и 205 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 116 жители, од кои 11 Македонци, 96 Срби, 1 останат и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 560 885 969 919 682 509 295 259 210 116

Родови

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Бурнусовци (7 к.), Трајковци (6 к.), а нивни гранки се родовите Терзинци (19 к.), Летеинци (13 к.), Веселинци (10 к.) и Иванови (7 к.) сите наведени родови потекнуваат од споменатиот предок Павле кој се доселил од селото Жегра кај Гнилане во Косово. Секој род си имал свое посебно маало. Во родот Терзинци се знае следното родословие: Стојко (жив на 76 г. во 1972 година) Максим-Кузман-Станојко-Иван-Милко-Павле, кој се доселил во селото околу 1750 година. Имаат роднини во селото Отља наречени Грујинци; Самарџинци (10 к.) за потеклото на овој род ништо не се знае; Жабарци (4 к.) гранка се од родот Самарџинци; Ѓуринци (21 к.) и Ѓокинци (12 к.) потекнуваат од двајца браќа Ѓуре и Ѓоре. И потеклото на овие два рода е непознато; Грујинци (28 к.) потеклото на овој род е од селото Сушево. Го знаат следното родословие: Крсто (жив на 80 г. во 1972 година) Спасо-Алекса, од Сушево се доселил неговиот татко; Шоповци (8 к.) доселени се од Шоплук (веројатно од Кривопаланечко или Кратовско).

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Четирце, во која влегувале селата Горно Коњаре, Карабичане, Никуљане, Сушево и Четирце.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Старо Нагоричане, во која покрај селото Никуљане се наоѓале и селата Алгуња, Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Манастири
    Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Никуљане има две селски слави, Свети Илија и Спасовден. На овие два празника луѓето расеани на сите страни се им се враќаат макар на кратко на своите корени.

Иселеништво

Од Никуљане се иселени: Бојини (4 к.) во кумановското село Карабичане; Никуљчани (4 к.) во кумановското село Лопате; Никуљанци (2 к.) во соседното село Сушево.

Главните иселувања од селото настанале по Втората светска војна, главно во Куманово, Скопје, Пожаревац и Белград.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Никуљане Географија и местоположбаНикуљане ИсторијаНикуљане СтопанствоНикуљане НаселениеНикуљане Самоуправа и политикаНикуљане Културни и природни знаменитостиНикуљане Редовни настаниНикуљане ИселеништвоНикуљане НаводиНикуљане Надворешни врскиНикуљанеКумановоОпштина Старо Нагоричане

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Човечки скелетГраматички категории на именките во македонскиот јазикСписок на држави по населениеЛарингитисЈан Амос КоменскиХидроксидЛевица (политичка партија)Општина ЗелениковоОпштина КочаниКиро ГлигоровЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЦрвени крвни зрнцаКирхофови закони за струјното колоПодгорциЦрна ГораМорфологија на македонскиот јазикЦрни и жолтиИнтернетЛокални избори во Македонија (2021)Влада на МакедонијаДесница (политика)20000 милји под моретоГуливеровите патувањаСамоилово ЦарствоСоединети Американски ДржавиЕрусалимКамера опскураОмов законПланетаМесопотамијаСписок на културно наследство на МакедонијаАмазонСрпска кирилична азбукаМагнетна резонанцијаЧленконогиКинетичка енергијаМатичен млечЛехово (Леринско)SARS-CoV-2Тенко цревоОпштина БоговињеФолклорСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019Николај Римски-КорсаковЛимфен јазолВиенаХерпесФотосинтеза‘Рбетен столбСрцева слабостГодинаОпштина ОхридСпоменка (книга)Ристо СтефановскиМирко ПоповРимска уметностОлимписки боговиПроизвод (математика)ВардарИлузијаГлаголицаОптичка мамкаМакедонска граматикаМојсејМојот звукОтоманско ЦарствоЕлектрична енергијаБиблијаДојранско ЕзероСписок на архаични зборови во македонскиот јазикВелесБаза (хемија)Државни празници во МакедонијаМакедонски народен театарЛокални избори во Македонија (2017)Бакар🡆 More