Долна Ѓоновица: село во Општина Гостивар

Долна Ѓоновица (дијалектно: Долна Ѓоноица) — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Долна Ѓоновица
Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Долна Ѓоновица

Долна Ѓоновица во рамките на Македонија
Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Долна Ѓоновица
Местоположба на Долна Ѓоновица во Македонија
Долна Ѓоновица на карта
Координати 41°43′0″N 20°54′14″E / 41.71667° СГШ; 20.90389° ИГД / 41.71667; 20.90389
Регион Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Полошки
Општина Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Гостивар
Област Горен Полог
Население 35 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1230
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07022
Надм. вис. 650 м
Долна Ѓоновица на општинската карта
Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Долна Ѓоновица во рамките на општината
Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Долна Ѓоновица на Ризницата

Потекло и значење на името

Селото го добило своето име од својот основач Ѓоне. Подоцна го добила името Долна за да се разликува од соседното Горна Ѓоновица, кое се наоѓа на 1,5 километри југоисточно.

Дијалектно е познато и под името Долна Ѓоноица.

Географија и местоположба

Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, од левата страна на реката Лакавица, а на северните огранки на планината Буковиќ, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 650 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 12 километри. Се наоѓа непосредно до стариот пат за Кичево.

Селото се наоѓа во долината на Симничка Река, во непосредна близина на стариот пат Гостивар-Кичево. Јужно од селото се протега планината Буковиќ. Водата за пиење во минатото се добивала од чешми, бунари и од реката.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Грнчаре, Кошара, Ливада Стојкут (Стојкова Ливада), Фуша Дангут (Дангово Поле), Киша (Црква), Ограда и Шпијате Ветри (Стари Куќи).

Долна Ѓоновица е типична селска населба од збиен тип. Поделено е на две маала наречени Горно и Долно Маало (Маала Епр и Поштр).

Историја

На местото каде се наоѓаат двете села Горна и Долна Ѓоновица постоело старо македонско село, кое имало околу 350 домови. Тоа старо село било уништено, а старата црква и гробишта се наоѓале на местото на денешните гробишта во муслиманско-албанското село Долна Ѓоновица. Старото село било раселено во некоја војна, која се случила околу 1700-тите години, што се поистоветува со уништувањето и другите околни македонски села и познатиот Симнички манастир во денешното муслиманско-албанско село Симница. Од старите мештани останала само една жена (Крајоица) со две машки деца (Ѓоне и Доне), која заминала кај своите кумови во Закамен, раселено село во струшка Малесија.

На селиштето на старото село се познаваат остатоци од куќи, кои може да се сретнат на месностите Стари Куќи, Орниче (двете во Горна Ѓоновица), Фуша Дангут (Дангово Поле), како и на местото каде денес се наоѓа селото Горна Ѓоновица.

По уништувањето на старото село, земјиштето некое време останало ненаселено. Подоцна се проширила вест по околните области дека преживеаните македонски жители од ова село, но и од другите соседни села, можат да се вратат во своите стари села. Жената која заминала во Малесија се вратила со своите возрасни синови во старото напуштено село. На селиштето нашле само еден ан, кој припаѓал на новодоселениот Македонец Тане. Анот се наоѓал на местото на денешна Горна Ѓоновица, додека мајката со своите синови подигнала куќа на местото каде денес се наоѓа Долна Ѓоновица. На тој начин, старото село започнало да се обновува. Но, набрзо во селото се случила чума, од која сите умреле освен синот наречен Ѓоне.

Кога првпат било обновено селото, еден Албанец од Албанија побегнал во Полог и се сместил во еден ан кај денешното село Долна Бањица. Ѓоне го повикал овој Албанец во неговото село, за да не седи сам, но набрзо потоа во Ѓоновица завладеале пљачка и несигурност. Ѓоне ја напуштил својата куќа и имот во Долна Ѓоновица и се населил во денешното Горна Ѓоновица. Овој Албанец и неговиот род изумреле, па така околу 1800-тите години во денешното село дошле браќата Шабан и Осман, кои дошле од Љума во Албанија.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото е заеднички со атарот на соседното село Горна Ѓоновица и зафаќа простор од 14,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 835,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 462,4 хектари, а на обработливото земјиште 110,7 хектари.

Врз основа на составот на атарот селото Долна Ѓоновица има мешовита земјоделска функција. Во селото работи продавница.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948299—    
1953531+77.6%
1961308−42.0%
1971403+30.8%
1981379−6.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994234—    
2002242+3.4%
202135−85.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓоновица (Горна и Долна) живееле 330 жители, од кои 140 жители Македонци христијани и 190 Албанци муслимани. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ѓоновица (Горна и Долна) имало 200 Македонци под врховенството на патријаршијата.

Долна Ѓоновица во 1961 година броела 308 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 234 жители, албанско население.

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Долна Ѓоновица, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 242 жители, од кои 239 Албанци и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 5 Македонци, 22 Албанци и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 200 299 531 308 403 379 0 234 242 35

Родови

Долна Ѓоновица е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Горно маало: Изеровци (4 к.), Камеровци (11 к.), Сејдиновци (4 к.) и Демировци (4 к.); и
  • Долно маало: Незировци (3 к.) и Муслиовци (21 к.).

Сите родови во Долна Ѓоновица водат потекло од двајца браќа Шабан и Осман. Тие се доселиле од Љума во северна Албанија.

Иселеништво

Дел од родот Алиовци, кој изумрел со време, се иселиле во Цариград и во Америка, а едно семејство на Муслиовци подигнала куќа и воденица 3 километри југоисточно од селото.

Општествени установи

Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Долна Ѓоновица било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Долна Бањица.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Бањица, во која покрај Долна Ѓоновица се наоѓале Беловиште, Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Бањица, Лакавица, Митрои Крсти, Симница, Сретково, Сушица и Церово. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Симница во која влегувале селата Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица, Митрој Крсти, Симница, Сретково и Трново.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 513 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горна Ѓоновица.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 256 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 254 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Долна Ѓоновица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска џамија
    Археолошки наоѓалишта
  • Џамија — средновековна некропола.
    Џамии
    Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — поранешна селска црква, која се наоѓала на местото на денешната џамија

Поврзано

Наводи

    Забелешки

Надворешни врски

Tags:

Долна Ѓоновица Потекло и значење на иметоДолна Ѓоновица Географија и местоположбаДолна Ѓоновица ИсторијаДолна Ѓоновица СтопанствоДолна Ѓоновица НаселениеДолна Ѓоновица Општествени установиДолна Ѓоновица Самоуправа и политикаДолна Ѓоновица Културни и природни знаменитостиДолна Ѓоновица ПоврзаноДолна Ѓоновица НаводиДолна Ѓоновица Надворешни врскиДолна ЃоновицаГостиварГостиварски дијалектОпштина ГостиварПолошка Котлина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2011)КактусиПочваХромозомСтрујно колоИсторија на македонскиот народГуливеровите патувањаТоплинаКлинесто писмоМакедонска радио-телевизијаМесопотамијаИстанбулЕнергијаСвети Климент ОхридскиСтрумицаОпштина КавадарциПравоаголникЧовекови праваПодметМагнетГлигор ПоповскиОпштина ПробиштипИндонезијаЕгипетГитараЛалеОпштина КичевоОпштина КончеПетре М. АндреевскиКалиштаШеќерна приказнаСкопски земјотрес (1963)БезовоАтинаПолиграфЕпикаАнте ПоповскиМагнетна резонанцијаОпштина СопиштеЏек ЛондонКиро ГлигоровИзбори во МакедонијаАлександар Сергеевич ПушкинНародна Република КинаВојдан ЧернодринскиШвајцаријаРисто СтефановскиЛожаниКирилицаНаталитетЕрусалимОпштина КочаниЧума (појаснување)МекотелиЕндометриозаГолемата вода (роман)Општина ПехчевоПаралелограмОпштина КумановоХидроксидРасејувањеКамилаИсторија на БугаријаЊутнови закониОпштина КарпошПипи Долгиот ЧорапРимска кујнаОпштина КривогаштаниЕвропаДемократијаЗевсДемир ХисарТартифМајка ТерезаОрхан (книга)Донтов методПретседател на Македонија🡆 More