Симница: село во Општина Гостивар

Симница — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Симница
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Симница

Симница во рамките на Македонија
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Симница
Местоположба на Симница во Македонија
Симница на карта
Координати 41°43′12″N 20°52′53″E / 41.72000° СГШ; 20.88139° ИГД / 41.72000; 20.88139
Регион Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Полошки
Општина Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Гостивар
Област Горен Полог
Население 183 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1230
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07072
Симница на општинската карта
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Симница во рамките на општината
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Симница на Ризницата

Потекло и значење на името

Според македонското население од околните села, селото го добило своето име по познатиот симнички манастир, кој го носел името „Св. Симеон“.

Географија и местоположба

Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, недалеку од стариот пат Гостивар-Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуша. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 10 километри. Селото се наоѓа во подножјето на планината Бистра.

Селото се наоѓа во долината на Симничка Река. Водата за пиење во минатото се добивала од чешми, бунари и од реката. На атарот на селото извираат изворите Бела Вода, Пања, Ливада, Скурти, Гуре Дејанит (Дејанов Камен), Гуре Манастирит (Манастирски Камен) и Гуре Рекас.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Палатица, Краста Вогле, Колиба, Дервен, Голина, Страга, Ара Дулас, Шулан, Вори (Гробишта), Срт, Гури Отес, Стара Корија, Шаља, Ара Ајрулит, Пеља, Русино, Ќафа, Фтосина, Шулон, Мулајне, Фуше Дангут (Дангово Поле), Кошари, Река, Манастир, Грнчаре, Шпарла, Киша (Црква), Орница, Мелна, Рамниште, Лака и Ворба.

Симница е селска населба од разреден тип. Поделено е на седум маала, кои едно од друго се оддалечени по околу десет минути пеш. Маалата се наречени Кодра, Карај, Кетас, Османлар, Али Идре, Шере и Цеоне.

Историја

Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Нацрт на манастирот од 1930-тите години
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќа со амбар во селото
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Стопански објект во селото

По остатоците на старото село, името на селото, некои топоними и по традицијата може да се заклучи дека Симница порано било македонско село. Куќите на тоа село се наоѓале на местото на денешните албански маала, додека црквата и гробиштата биле во источниот дел на селото во непосредната близина на денешната железничка станица. Местото каде се наоѓала црквата се нарекува Киша. Околу 1930 година на црквиштето биле вршени ископувања и во таа прилика биле откопани остатоци од храмот, како и околу 40 надгробни плочи.

Кога селото било македонско, тогаш во него се наоѓал голем манастир посветен на Свети Симеон Столпник, сместен на околу еден километар југоисточно од селото. Како се говори во околните македонски села, симничкиот манастир бил богат: поседувал шуми на планината Буковиќ, ниви во долината на Симничка Река, како и манастирски пчеларници во Симница и во Орќуше. Освен тоа, манастирот имал и свој добиток, за кој се грижеле калуѓерите. Во народот се пренесува и за големиот манастирски собир, кој се организирал на 1 септември, каде доаѓале православни жители од Горен Полог, Мавровско Поле, Горна Река и Кичевијата. Околу манастирот се наоѓале помали капели, а една од нив се наоѓала на месноста Меризи, северно од Симница. До 1930 година, таму се наоѓале стари дабови, кои потоа биле отсечени од Албанците од Симница.

Стара Симница и манастирот потполно пропаднале во некоја војна во 1750-тите години, кога се случиле зулуми од страна на Турците и Албанците. За време на тие случувања, во Симница дошле три семејства од областа Мат, Северна Албанија. Тие ги викнале на помош Албанците од Падалиште и Србиново и заедно ја нападнале Симница и неговиот манастир. Само еден калуѓер останал жив, бидејќи не бил таму, додека другите биле убиени, а игуменот запален. Од селото се верува дека преживеале некои македонски родови, кои заминале во планинската област Порече, како и во други области.

Албанците кои го раселиле старото село и го уништиле манастирот останале во Симница. За да не бидат сами, тие во селото викале и други семејства од Албанија. Така, селото станало муслиманско албанско село.

Симничкиот манастир долго време се наоѓал во рушевини. Недалеку од рушевините останала една пештерска калуѓерска испосница, каде повремено доаѓале болни и жени што не можеле да родат. Во периодот 1935-1936, на иницијатива на вруточкиот свештеник Аркадиј Попоски бил изграден нов и голем манастир. При копањето на темелите, работниците пронашле два крста (еден сребрен и еден железен), темели, едно огниште, човечки коски и еден гроб од игумен. Новиот манастир одма започнал со организирање годишни собири. Имал еден калуѓер, послуга, шума и нешто малку добиток. Обновениот манастир полека се развивал, но неговиот развој бил прекинат во 1943 година, кога повторно бил нападнат од симничките Албанци. Калуѓерот и послугата биле заклани, храмот срушен, а градежниот материјал и стоката одземени. Во јули 1947 година од манастирот се познавале само ѕидови.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото е зафаќа простор од 13,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 775 хектари, на пасиштата отпаѓаат 291 хектар, а на обработливото земјиште 226 хектари.

Врз основа на составот на атарот селото Симница има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат услужни објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948701—    
1953746+6.4%
1961753+0.9%
1971932+23.8%
1981789−15.3%
ГодинаНас.±%
19911−99.9%
1994445+44400.0%
2002430−3.4%
2021183−57.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Симница живееле 500 жители, сите Албанци муслимани.

Селото е средно по големина, населено со албанско население. Така, во 1961 година селото имало 753 жители, додека во 1994 година 445 жители.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Симница, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 430 жители, од кои 424 Албанци и 6 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 183 жители, од кои 159 Албанци и 24 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 701 746 753 932 789 1 445 430 183

Родови

Симница е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Кодра Маало: Лубарда (7 к.), доселени се од селото Лумбарзи во Мирдита, северна Албанија; Џика (18 к.), доселени се од Матија во северна Албанија и Јонузолар (2 к.), доселени се од селото Долна Ѓоновица. Подалечно потекло од Љура во северна Албанија.
  • Карај Маало: Карај (16 к.), основач на родот е Оломан Карај, кој се доселил пред повеќе од 200 години од Булчица во северна Албанија. Се знае следниов родослов Рефик (жив, 60 години во 1947 година)-Весел-Бешир-Алија-Оломан Карај. Името го добиле по селото од каде се доселиле. Од овој род, пет семејства се одвоиле и сега живеат во Чегране и Строплар (3 к.), место на потекло и време на доселување како Карај.
  • Кетас Маало: Кетас (13 к.), основач на родот е Рам Кета пред околу 250 години. Се знае следниов родослов Мазем (жив, 50 години во 1947 година)-Меџит-Сали-Зенел-Синан-Саф Ќор-Рам Кета. Рам Кета бил еден од првите симнички доселеници. Доселени се од областа Матија во северна Албанија и Зеќир (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Балин Дол.
  • Османлар Маало: Османлар (8 к.), доселени се од Булчица во северна Албанија. Овде дошле по повик на родот Кетас. Името го добиле по предокот Осман.
  • Али Идре Маало: Али Идре (10 к.), доселени се од Булчица во северна Албанија, во исто време како родот Кетас.
  • Шере Маало: Шере (14 к.), доселени се од Булчица во северна Албанија. Овде живеат од пред околу 250 години. Основач на родот е Мифтар, а го знаат следниов родослов Аљуш (жив, 70 години во 1947 година)-Кадри-Мифтир-Љуман-Мифтар.
  • Цеоне Маало: Цеоне (10 к.), доселени се од некое место во северна Албанија и Биче (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Равен.

Во неколку селски маала живее родот Авмете (7 к.) измешани со другите. Тие се понови доселеници од северна Албанија.

Општествени установи

Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Подрачното основно училиште во селото
Симница: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Месната заедница

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Симница било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Долна Бањица.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Бањица, во која покрај Симница се наоѓале Беловиште, Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Бањица, Долна Ѓоновица, Лакавица, Митрои Крсти, Сретково, Сушица и Церово. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на тогашната општина Симница во која влегувале селата Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица, Митрој Крсти, Симница, Сретково и Трново.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0512 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Митрој Крсти.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 503 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 537 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Џамии
    Поранешни цркви и манастир
  • Симнички манастир — познат манастир во областа, уништен неколку пати, последен во 1943 година од Џемо Хаса.
  • Црква „Св. Симеон Столпник“ — поранешна манастирска црква
  • Уште една селска црква со гробишта.
    Споменици
    Реки
  • Симничка Река — мала река, поминува низ селото

Личности

    Родени во или по потекло од Симница

Галерија

Поврзано

Наводи

    Забелешки

Надворешни врски

Tags:

Симница Потекло и значење на иметоСимница Географија и местоположбаСимница ИсторијаСимница СтопанствоСимница НаселениеСимница Општествени установиСимница Самоуправа и политикаСимница Културни и природни знаменитостиСимница ЛичностиСимница ГалеријаСимница ПоврзаноСимница НаводиСимница Надворешни врскиСимницаГостиварОпштина ГостиварПолошка Котлина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЗлатоПиту ГулиКамера опскураСолунски атентатиЧума (појаснување)Денес над МакедонијаЖивотна срединаGmailГоце ДелчевТитаниОпштина КарпошОпштина ДебарХепатит ЦКомпасЗаздравување на ранаВитамин Б6РомбБактерииПрва светска војна27 мартРибиМакедонски јазикМакедонски парламентарни избори (2014)ГалијаБели мугриМакедонски претседателски избори (2024)Никола КаревПовикувачки броеви во МакедонијаСловенска писменостГамеланРимаИлија НајдоскиОпштина СтуденичаниОпштина ЛозовоМаричка биткаЛевица (политичка партија)Воен конфликт во Македонија (2001)ПолиграфДебело цревоБезовоСедум светски чуда на античкиот светИменки во македонскиот јазикСпоменка (книга)Општина ЧаирОпштина ПласницаРак на белите дробовиСидПридавки во македонскиот јазикГлицеролПодметАлександар III МакедонскиЈапонијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотДобовјаниАјдучка треваМустафа IПеш по светотЗемјотресБилјана ВанковскаФотосинтезаБошко СмаќоскиГетеборгСипанициКичевоСаат-кула (Битола)Национални паркови во МакедонијаОтоманско ЦарствоМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски народни носииМРП вакцинаБакарМакедонски ораКрушевоТоме АрсовскиАвстралијаНезависносложени реченици во македонскиот јазикКрушевска Република🡆 More