Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Ова е страница која Ви покажува како да ја напишете Вашата прва статија, но не е местото каде што всушност ја пишувате статијата! Ако сакате да експериментирате, Ве молиме употребете го нашиот песок. |
Добре дојдовте на Википедија! Ова е водич за некои работи кои треба да ги знаете пред да ја создадете Вашата прва енциклопедиска статија. Ние ќе објасниме што е ОК, а што НЕ при пишувањето на една статија, а потоа ќе Ви покажеме како да ја создадете Вашата статија. Еве ви неколку попатни совети:
Википедија веќе има многу статии. Пред да создадете статија, проверете да не постои веќе статија на истата тема, но со малку различно име (овде можете да проверите), а запознајте се и со конвенциите за именување на Википедија. Ако постои статија на Вашата тема, но мислите дека луѓето полесно би ја наоѓале под различен наслов, научете како да додадете пренасочување со тоа име; додавањето на пренасочувања е добар начин да се помогне на Википедија.
Ако пребарувањето не даде резултати за Вашата статија, размислете за проширување на Вашето пребарување кон постоечки статии кои можат да ја содржат темата на Вашата статија. На пример, ако сакате да напишете статија за член на некоја музичка група, можете да пребарате за статијата на музичката група и тогаш да ги додадете информациите за Вашата тема кон таа поширока статија.
Собирајте извори за информациите во Вашата статија. За да биде една тема заслужна за сопствена енциклопедиска статија, таа треба да биде доволно значајна, а таа значајност мора да биде проверлива преку наводи до веродостојни извори.
Овие извори мора да бидат веродостојни, то ест, тие мора да бидат извори кои произлегуваат од под некаква форма на уредничка контрола. Печатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, иако и многу извори кои се само ограничени на семрежјето се исто така веродостојни. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.
Општо, извори БЕЗ контрола од уредници се општо неверодостојни. Овде се вклучуваат (но не се ограничени само на): блогови, мрежни форуми, обожавателски мрежни места, книги издадени од непроверени издаваштва и други слични извори. Општо, ако секој може да објави информација без никој друг да ја проверува и рецензира таа информација, тогаш тој извор е најверојатно неверодостоен.
Едноставно кажано, ако има веродостојни извори со доволно информации за да се пишува на одредена тема, тогаш таа тема е значајна и тие извори можат да ги верифицираат информациите во статијата на Википедија. Ако не можете да најдете веродостојни извори (весници, книги, журнали) кои овозможуваат информации за статија, тогаш темата не е значајна или проверлива и како таква со сигурност ќе биде избришана. Затоа Вашата прва работа е да пронајдете наводи.
Откако ќе пронајдете наводи за Вашата статија, можете да научите како да ги поставувате наводите во статиите преку читање на Википедија:Наведување на извори. Но, не грижете се премногу за нивното правилно форматирање. Би било супер доколку го направите тоа, но главната работа е да ставите наводи во статијата, дури и ако не се добро форматирани.
Само најавени корисници можат да создадат статија. Ако имате напишано статија, но немате корисничка сметка, можете да побарате Вашата статија да биде создадена на страницата за помош за нови корисници.
Во кутијата за пребарување подолу внесете го името на Вашата статија и стиснете „Оди“. Користете кирилица! Ако страница за пребарување Ви репортира дека „Не постои страница со таков наслов“, тогаш стиснете на црвената врска „Создадете ја страницата“ за да почнете да ја уредувате Вашата статија.
Првата работа што треба да ја напишете во Вашата статија е список на извори за Вашите информации. За сега, само внесете ги вака (и тие автоматски ќе бидат претворени во врски):
Подоцна ќе научите да ги форматирате за да се прикажуваат како фусноти.
Ако знаете дека ќе Ви требаа неколку уредувања за правилно да ги наведете наводите, ставете ја предлошката {{во изработка}}
на врвот од страницата за да знаат другите уредувачи дека работите на неа. Уште подобро е да ја создадете статијата во потстраница на Вашата корисничка страница, полека развијте ја во добра статија, а потоа само преместете ја во страницата под наслов за статијата во именскиот простор за статии. Можете да создадете своја сопствена страница за вежбање преку кликнување на оваа врска.
Откако го ќе го внесете текстот на статијата, стиснете „Прикажи преглед“ за да проверите дали имате грешки, а потоа стиснете „Зачувај страница“.
Дали е нова? Внесете го насловот, а потоа стиснете „Оди (пробај наслов)“ |
Сега откако ја создадовте страницата, сè уште постојат неколку работи кои можете да ги направите.
Википедија не е завршена. Општо, статијата не е ниту близу до завршена во моментот кога е создадена. Претстои долг пат пред неа. Всушност, ѝ требаат само неколку уредувања за да го почне тој пат.
Ако имате многу интерес во статијата која штотуку ја создадовте, можете да научите многу за неа во иднината, и со тоа, да имате повеќе да додадете. Ова може да биде додадено денес, утре или неколку месеци од сега. Во било кое време, само напред!
За да ја форматирате Вашата статија правилно (и да ја проширите, дури и да ја направите избрана!), видете ги следниве врски:
Другите можат слободно да придонесуваат кон статијата откако таа е зачувана. Создавачот нема специјални права за контролирање на претходната содржина. Откако ќе ја создадете статијата, не можете да кажете дека таа е ВАША СТАТИЈА. Напротив, таа, како и целата содржина на Википедија, е слободна и припаѓа секому. Затоа секој може да ја изменува. Немојте да бидете фрустрирани или навредени за начинот на кој останатите ги изменуваат или отстрануваат Вашите придонеси.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Википедија:Вашата прва статија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.