Африканска Унија

Африканската Унија е меѓународна организација во која членуваат 55 африкански држави.

Основана е на 9 јули 2002 година и е создадена од Африканската економска заедница и Организација на африканско единство. Седиштето е во Адис Абеба во Етиопија.

Африканска Унија
Африканска Унија
Знаме
Химна"Let Us All Unite and Celebrate Together"
Темнозелена: земји-членки
Темнозелена: земји-членки
Темнозелена: земји-членки
Административен центарАдис Абеба, Етиопија
Работни јазици арапски
англиски
шпански
француски
португалски
свахили
Членство 55 африкански земји
Лидери
 •  Претседател Џакаја Киквете
 •  Претседател на комисија Жан Пинг
Основана
 •  како Организација на африканско единство 25 мај 1963 
 •  како Африканска Унија 9 јули 2002 
Површина
 •  Вкупна 29.922.059 км2 (1 ва1)
Население
 •  проценка за 2020 г. 1 321 000 000 
БДП (ПКМ) проценка за 2020 г.
 •  Вкупен $7,573 трилиони 
 •  По жител $5733 
БДП (номинален) проценка за 2020 г.
 •  Вкупно $2,587 трилиони 
 •  По жител $1958 
ИЧР (2019)0.548
низок
Часовен појас -1 до +4
НДД .africa
Страница
au.int
1: Ако се смета за една држава.

Африканската Унија се стреми да има една валута - афро валута. Исто така се стреми за обединување на воените сили, но и сите други институции на членките. Целта на унијата е да и помогне на демократијата на африканските држави, човековите права и економијата на африканските држави особено преку прекинување на внатрешните конфликти во Африка и создавање на единствен пазар.

Членство

Проблеми на Унијата

Африканската унија се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето како што е на пример маларијата и сидата. Исто така се соочува и со политички проблеми како на пример судар со недемократските општества и режими и многу граѓански војни, економските проблеми како што се проблеми со зголемување на стандардот на живеење, сиромаштијата, неписменоста, еколошки проблеми и проблеми со меѓународни законски акти, а особено деколонизацијата на Западна Сахара.

Економија

Комбинацијата на африканските држави во унијата претставува 17 светска економија со БДП од 500 милијарди американски долари, и е веднаш зад Холандија. Со споредна на БДП со ППП, економијата на Африканската Унија брои 1.515 трилиони американски долари и ја рангира Унијата на 11 место веднаш зад Бразил. Во исто време, Унијата има долг од 200 милијарди американски долари.

Целите на Африканската Унија вклучуваат и создавање на единствена трговска зона, потрошувачка унија, единствен пазар, централна банка и монетарен сојуз а особено единствена валута. Плановите за валутата се да се направи единствена валута до крајот на 2023 година..

Јазици на Африканската Унија

Во согласност со уставниот акт на Африканската Унија, работни јазици во рамките на Унијата се арапски јазик, англиски јазик, француски јазик и португалски јазик како и африкански јазици ако е можно користење на истите. Со протокол на уставен акт на Унијата прифатен во 2003 (кој сѐ уште не на сила) се додадени шпански јазик, свахили и секој друг африкански јазик и работните шест јазици се именувани како службени јазици. Во праксата, преводот на документите на Африканската Унија на било кој од службените јазици создава значителен застој и потешкотии за развој на бизнисот. Во 2001 година е создадена Африканска академија на јазици за да промовира африкански јазици помеѓу африканското население.

Географија

Членките на Африканската Унија ја покриваат речиси сета територија на Африка и неколку острови покрај бреговите на Африка. Географијата на Африка е многу разновидна, меѓу кои и најголемата пустина Сахара, големи и пространи џунгли и савани и најголемата река во светот Нил.

Африканската Унија има површина од 29,922,059 км2 со 24,165 км2 брег. Поголем дел од оваа површина се наоѓа во континентална Африка, а додека сосем мал дел отпаѓа на острови како што се Мадагаскар и некои околни острови и заедно се околу 2% од вкупната површина.

Симболи

Грбот на Африканската Унија се состои од златна лента закачен со црвени прстени и палмови листови од околу и формираат круг во кој е претставена Африка со златна боја. Црвените прстени ја претставуваат африканската солидарност и пролиената крв за слобода на Африка од колонизаторите. Палмовите листови го претставуваат мирот во Африка. Златната боја и мотиви го претставуваат богатството на Африка а додека зелената боја ги претставуваат надежта и аспирациите на африканските нации. Африка е претставена без граници како симбол на единството на државите.

Знамето на Африканската Унија е претставено со зелени хоризонтални ленти и тенки златни линии а додека во центарот се наоѓа грбот на Африканската Унија. Исто така и во знамето зелената боја ги претставува надежта и аспирациите на африканските нации а златната боја го претставува богатството на Африка. Боите ги претставуваат панафриканските бои и колорит.

Африканската Унија прифатила нова химна која се вика Let Us All Unite and Celebrate Together или „Ајде сите да се обединиме и прославуваме заедно“.

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Африканска Унија ЧленствоАфриканска Унија Проблеми на УнијатаАфриканска Унија ЕкономијаАфриканска Унија Јазици на Африканската УнијаАфриканска Унија ГеографијаАфриканска Унија СимболиАфриканска Унија Надворешни врскиАфриканска Унија НаводиАфриканска Унија20029 јулиАдис АбебаЕтиопија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ШирденВтора светска војнаЗијадин СелаСолунски атентатиАдам и ЕваФранцијаДржавни празници во Македонија2 мајПенис (човек)Елизабета ЃоргиевскаХороскопски знациЛимфомЖолта бојаПрагаДишен системДесет Божји заповедиСузана СпасовскаАлцхајмерова болестТреска (состојба)Горан МинчевНова социјалдемократска партијаИзборна единица 4Старословенски јазикТрајче ПоповМакедонски парламентарни избори, 2008Северна МакедонијаЉуботен (Скопско)640ЈудаизамДемократска обнова на МакедонијаМарокоСписок на градови во МакедонијаЕнциклопедијаЈугославијаСвети ИлијаФлебитисСликата на Доријан ГрејПоникваСкопјеСписок на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиФК ГалатасарајОпштина НовациИсторија на христијанствотоТетовоБосна и ХерцеговинаБекир ХалимиДванаесет АпостолиЕрусалимПробиштипМакедонски парламентарни избори (2006)Слободан МилошевиќЗлата МегленскаМендух ТачиИзборна единица 3Болести и аномалии на очитеОхридски чинарИндонезијаСрцева слабостСкопски земјотрес (1963)Млеко во правТромбоцитопенијаДунавВакцина против тетанусСителВанчо МихајловПенетрацијаЗузана ТополињскаЃорге ИвановСписок на македонски филмовиФК ВардарМочуриштеЛевица (политичка партија)Мустафа Кемал АтатуркСписок на команданти на ОНА🡆 More