Млечен Пат

Млечен Пат (народен назив: Кумова Слама) — спирална галаксија која припаѓа на месната група на галаксии во нашата вселена.

Иако Млечниот Пат е само една од милијардата галаксии кои постојат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото ако матична на нашиот Сончев Систем.

Млечен Пат
Кумова Слама / Попова Слама
Млечен Пат
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата Млечен Пат
Податоци од набљудување
ТипSb, Sbc или SB(rs)bc (пречкеста спирална галаксија)
Пречник150–200 исг (46–61 кпс)
Дебелина на ѕвезд. диск≈ 2 исг (0,6 кпс)
Број на ѕвезди100–400 милијарди [(1–4)×1011]
Маса0,8–1,5×1012 M
Момент на импулсот1⋅1067 J s
Оддал. на Сонцето од галактичкото Средиште26,4 ± 1,0 исг
Галактичка обиколка на Сонцето240 мг
Свртување на спиралата220–360 мг
Свртување на пречката100–120 мг
Брзина во однос на мирувачката рамка на КПЗ631 ± 20 км/с
Ослобод. брзина во Сончевата положба550 км/с
Густина на темната материја во Сончевата положба0,0088+0,0024 −0,0018 Mpc−3 или 0.35+0,08−0,07 GeV cm−3
Млечен Пат
Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора

Поимот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над Земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездиетоСтрелец, кон Галактичкото Средиште.

Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во пречник, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди. Во средината на „Млечниот Пат“ има супермасивна црна дупка која што се вика „Стрелец А*“.

Старост

Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашата вселена. Овие бројки се засноваат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.

Местото на нашето Сонце

Сонцето, а со тоа и Земјата и Сончевиот Систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионов Крак, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од Галактичкото Средиште. Далечината меѓу Орионовиот и Персеевиот Крак која е следна изнесува 6.500 светлосни години.

На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на сончевиот Систем е околу 217 км2.

Иднината на Млечниот Пат

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.

Народни верувања во Македонија

Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.

Како тема во уметноста и во популарната култура

  • „На Млечниот Пат“ — филм на режисерот Емир Кустурица.
  • „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — песна на американската група Бордомс (Boredoms) од 1990 година.
  • „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.
  • „Под Млечниот Пат“ (англиски: Under the Milky Way) — песна на австралиската рок-група The Church од 1988 година.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Млечен Пат СтаростМлечен Пат Местото на нашето СонцеМлечен Пат Иднината на Млечниот ПатМлечен Пат Народни верувања во МакедонијаМлечен Пат Како тема во уметноста и во популарната култураМлечен Пат ПоврзаноМлечен Пат НаводиМлечен Пат Надворешни врскиМлечен ПатСончев СистемСпирална галаксија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПрилепБитка на НожотХипотироидизамРодина МакедонијаКолос од РодосСистемски лупус еритематозусМеѓународни празнициСкендербегГликемијаЃорче ПетровДемократска партија на Србите во МакедонијаИнтеграТриаголникПланетаМакедонски парламентарни избори (2008)ЕстонијаАнархизамПролетАлбанијаК-15Стојанче АнгеловПремиер на МакедонијаАјфелова кулаЕтанолАлијанса за АлбанцитеБојан ЈовановскиИзборна единица 7Скопско КалеЦрнила (драма)Охридско ЕзероЃорѓија СајкоскиПресметување на датумот на ВелигденТумор на мозокСмрдлива ВодаРизница (Викимедија)РоманијаГодинаАртан ГрубиИсус ХристосСаша БогдановиќГастритисВртоглавицаТалат ЏафериСписок на градови во Македонија по населениеБетаметазонОпштина АеродромДебарОпштина ВелесСкорпијаМарихуанаИлузијаМакедонциЦар СамоилЛиберално-демократска партијаФудбалМенингитисГаличицаБујар ОсманиАвтоимуна болестКуранСтефан БогоевСтево ПендаровскиСтар векЈосип Броз-ТитоКорозијаАмди БајрамПајак (пејач)ТунисЛајмска болестИзборна единица 1Општина ЧаирХоландијаБлаже КонескиПроцент🡆 More